Дали покажуваш дека си благодарен?
Дали покажуваш дека си благодарен?
Во еден мисионерски дом во Западна Африка еднаш живееше едно куче по име Теди. Кога некој ќе му фрлеше парче месо, Теди веднаш го голташе, без да ужива во него, без да го изџвака. Бревтајќи под тропското сонце, тој чекаше да му биде дофрлен следниот залак. кога ќе го изедеше месото, се свртуваше и си заминуваше.
Теди никогаш не изрази ни најмала благодарност за она што го добиваше. Никој не го ни очекуваше тоа од него. На крајот на краиштата, тој беше само куче.
ШТО се однесува до благодарноста, ние честопати очекуваме повеќе од луѓето отколку од животните. Но, обично сме разочарани. Многу луѓе грабаат сѐ што можат од животот и бараат уште. И тоа не е за изненадување. Библијата претскажала дека луѓето во последните денови ќе бидат неблагодарни (2. Тимотеј 3:1, 2).
Меѓутоа, Божјите слуги имаат поинаков дух. Тие го земаат при срце советот на апостол Павле кој соверниците ги советувал: „Покажете дека сте благодарни!“ (Колосјаните 3:15, NW).
Јехова покажува дека е благодарен
Јехова Бог дава совршен пример во покажувањето ценење. Разгледај како гледа на своите верни слуги. Под инспирација, на еврејските христијани Павле им напишал: „Бог не е неправеден, та да го заборави делото ваше и трудот на љубовта, што ги покажавте во Негово име, откако им послуживте и им служите на светиите“ (Евреите 6:10).
Постојат изобилство примери за ценењето кое го покажувал Јехова кон своите верни слуги. Тој го благословил Авраам 1. Мојсеева 22:17). Во знак на ценење на Јововата верност под испит, Јехова не само што го обновил големото богатство на Јов туку му дал и „двојно“ повеќе (Јов 42:10). Јеховините постапки со луѓето во текот на милениумите ја докажале вистинитоста на изјавата: „Зашто очите Господови ја гледаат целата земја, за да им помагаат на оние, чие што срце наполно Му е предадено Нему“ (2. Летописи 16:9).
со тоа што му го умножил дословното потомство, така што тоа станало „како ѕвездите на небото и како песокта на морскиот брег!“ (Ценењето и склоноста да ги награди оние кои настојуваат да ја вршат неговата волја, се главни обележја на Божјата личност. Признавањето на ова е темелна работа во христијанската вера. Павле напишал: „Без вера не е можно да Му се угоди на Бога; бидејќи оние, кои доаѓаат при Бога, треба да веруваат . . . дека ги наградува оние, што Го бараат“ (Евреите 11:6).
Ако наместо тоа Јехова покажувал груб, критизерски дух, тогаш сите ние ќе бевме осудени. Псалмистот уште одамна ја истакнал таа поента: „Господи, ако гледаш на беззаконијата, — тогаш кој ќе се одржи, Господи?“ (Псалм 129:3). Јехова не е таков кој нема ценење ниту, пак, е критизерски настроен. Тој длабоко ги цени оние кои му служат. Тој покажува дека е благодарен.
Исус — личност со длабоко ценење
Совршено одразувајќи ги особините на својот небесен Татко, Исус Христос покажал дека е благодарен за работите што другите ги правеле со вера. Размисли за она што еднаш се случило во храмот во Ерусалим: „Кога [Исус] ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаа своите прилози во црковната каса; виде исто така и една бедна вдовица, која пушти таму две лепти, па рече: ‚Вистина ви велам, оваа бедна вдовица од сите повеќе пушти; сите овие дадоа прилози на Бога од својот вишок; таа, пак, пушти — сѐ што имаше за својот живот‘“ (Лука 21:1—4).
Од парична гледна точка, прилогот бил мал, особено кога би се споредил со прилозите на богатите луѓе. Повеќето од присутните едвај би ја забележале. Сепак, Исус ја видел таа вдовица. Ги проникнал нејзините околности. Ја видел и покажал ценење за неа.
Во еден друг настан била вклучена една богата жена, Марија. Додека Исус бил навален за време на еден оброк, таа му истурила врз нозете и врз главата едно многу скапо парфимирано масло. Некои ја искритикувале нејзината постапка, расудувајќи дека маслото можело да се продаде и парите да се употребат за да им се помогне на сиромашните. Како реагирал Исус? Тој рекол: „Оставете ја неа; зошто ја буните? Таа направи добро дело за Мене. Вистина ви велам: каде и да се проповеда ова Евангелие, по целиот свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа, што го направи таа“ (Марко 14:3—6, 9; Јован 12:3).
Исус не жалел со критизерски став што скапоценото масло не се употребило за нешто друго. Тој го ценел великодушниот израз на љубов и вера на Марија. Тој настан е запишан во Библијата како сеќавање на нејзиното добро дело. Овие и други извештаи покажуваат дека Исус бил човек со длабоко ценење.
Доколку си Божји слуга, можеш да бидеш сигурен дека и Јехова Бог и Исус Христос длабоко ги ценат твоите напори да го унапредуваш чистото обожавање. Таквото спознание нѐ привлекува кон нив и нѐ мотивира да ги имитираме докажувајќи дека и ние сме благодарни.
Критизерскиот дух на Сатана
Сега, да разгледаме еден пример за некој кој не покажал дека е благодарен — Сатана Ѓаволот. Неговиот недостиг на ценење придонел да предводи во една катастрофална побуна против Бог.
Потхранувајќи во себе еден критизерски дух на незадоволство, Сатана почнал да го сее истиот и кај другите. Разгледај ги настаните во едемската градина. Јехова ги создал првиот маж и првата жена, ги ставил во рајска градина и им рекол: ‚Од секое дрво во градината можете да јадете‘. Имало само едно ограничување. Бог рекол: „Освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш“ (Меѓутоа, наскоро Сатана ја предизвикал Јеховината веродостојност. Делумно, сакал да ја натера Ева да му биде толку неблагодарна на Јехова што би била наведена да се побуни против него, токму како што се побунил и самиот Сатана. „Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно [секое, NW] дрво во рајот?“ — прашал Сатана (1. Мојсеева 3:1). Со ова индиректно рекол дека Бог ѝ ускратува на Ева нешто драгоцено, нешто што би ѝ ги отворило очите и би ја направило како самиот Бог. Наместо да покаже дека е благодарна за многуте благослови кои ги излеал Јехова врз неа, таа почнала да копнее по она што било забрането (1. Мојсеева 3:5, 6).
Катастрофалните последици се добро познати. Иако ѝ било дадено името Ева ‚бидејќи таа станала мајка на сите живи‘, во една друга смисла таа станала мајка на сите што умираат. Од Адам сите луѓе го наследиле гревот кој донесува смрт (1. Мојсеева 3:20; Римјаните 5:12).
Имитирај ги Бог и Христос
Размисли за контрастот меѓу Сатана и Исус. Сатана е опишан како „клеветникот [тужителот, NW] на браќата наши, кој ги клеветеше [оптужуваше, NW] пред нашиот Бог дење и ноќе“ (Откровение 12:10). Исус „може и за вечно да ги спаси оние, што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив“ (Евреите 7:25).
Сатана ги оптужува Божјите слуги. Исус ги цени и се моли во нивна корист. Како имитатори на Христос, христијаните треба да настојуваат да го бараат доброто едни кај други, длабоко ценејќи се и почитувајќи се меѓу себе. Притоа, покажуваат дека му се благодарни на оној кој го дава најголемиот пример на ценење, Јехова Бог (1. Коринтјаните 11:1).
[Слика на страница 17]
Исус изразил ценење за доброто дело на Марија