Како да ја препознаеме и совладаме секоја духовна слабост
Како да ја препознаеме и совладаме секоја духовна слабост
СПОРЕД ГРЧКАТА МИТОЛОГИЈА, АХИЛ БИЛ НАЈСМЕЛ ГРЧКИ ВОИН во Тројанската војна, поход против градот Троја. Легендата вели дека кога Ахил бил бебе, мајка му го спуштила во водите на реката Стикс, и на тој начин направила тој да не биде ранлив никаде освен на местото каде што таа го држела — пословичната Ахилова петица. Токму таму го погодила и го убила смртоносната стрела која ја пуштил Парис, синот на Пријам од Троја.
Христијаните се војници на Христос кои учествуваат во една духовна војна (2. Тимотеј 2:3). „Нашата борба“, објаснува апостол Павле, „не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата“ (Ефесјаните 6:12). Да, наш непријател не е никој друг туку Сатана Ѓаволот и демоните (Ефесјаните 6:12).
Очигледно, оваа борба би била еднострана ако не добиваме помош од Јехова Бог кој бил опишан како ‚мажествен воин‘ (2. Мојсеева 15:3, NW). За да се заштитиме од нашите злобни непријатели, нам ни е дадена духовна воена опрема. Затоа апостолот поттикнал: „Облечете се во сето оружје [воена опрема, NW] Божјо, за да се одржите против ѓаволското лукавство“ (Ефесјаните 6:11).
Воената опрема која ја обезбедува Јехова Бог, несомнено, е со најдобар квалитет и може да одолее на секаков вид духовен напад. Погледни го само списокот кој го дал Павле: појас на вистината, граден оклоп на правдата, обувки на добрата вест, голем штит на верата, шлем на спасението и речта на духот. На каква подобра опрема би можел некој да се надева? Со таква воена опрема на себе, христијанскиот војник ја има секоја можност да победи, и покрај навидум слабите изгледи (Ефесјаните 6:13—17).
Иако духовната воена опрема од Јехова е со најдобар квалитет и е наш извор на безбедност, не смееме да ги земаме работите здраво за готово. Имајќи го на ум наводно непобедливиот Ахил, дали можеби и ние имаме некоја слаба точка, духовна Ахилова петица? Тоа би можело да се покаже смртоносно ако бидеме фатени одненадеж.
Испитај ја својата духовна воена опрема
Еден лизгач на мраз кој бил двократен добитник на олимписки златен медал и кој изгледал дека е во одлична физичка кондиција, ненадејно се онесвестил и умрел за време на еден тренинг. Кратко после тоа, во The New York Times беше објавена една отрезнувачка вест: „Половина од оние 600.000 Американци кои добиваат срцев напад секоја година, немаат никакви симптоми пред тоа“. Јасно, состојбата на нашето здравје не може да се одреди едноставно врз основа на тоа како се чувствуваме.
Исто е и кога станува збор за нашата духовна благосостојба. Библискиот совет е: „Кој мисли дека стои, нека гледа да не падне“ (1. Коринтјаните 10:12). Иако нашата духовна опрема е најдобрата достапна опрема, сепак може да се развие слабост. Тоа е така бидејќи сме родени во грев, и нашата грешна и несовршена природа може лесно да ја совлада нашата решеност да ја вршиме Божјата волја (Псалм 50:5). И покрај добрите намери, нашето предавничко срце може да нѐ измами преку измислување привидни резонирања или изговори, така што лесно ќе ја превидиме нашата слабост и ќе се измамиме да мислиме дека сѐ е во ред (Јеремија 17:9; Римјаните 7:21—23).
Освен тоа, живееме во свет во кој чувството за исправно и погрешно честопати е измешано и искривено. Дали нешто е исправно или погрешно може да се одреди преку тоа како се чувствува некое лице. Ваквото размислување се унапредува во рекламите, популарната забава и медиумите. Очигледно, ако не сме внимателни, можеме да бидеме улулкани да размислуваме на таков начин и нашата духовна воена опрема може да почне да ослабува.
Наместо да западнеме во една таква опасна ситуација, треба да внимаваме на библискиот совет: „[Постојано, NW] испитувајте се сами себе дали сте во верата! Сами испитувајте се!“ (2. Коринтјаните 13:5). Ако го правиме тоа, ќе можеме да ја уочиме секоја слабост што можеби се развила и да ги преземеме потребните чекори за да ја поправиме уште пред нашите непријатели да ја уочат и да започнат со напад. Но, како почнуваме да правиме такво испитување? Кои се некои симптоми кои треба да ги бараме при ова самоиспитување?
Препознавање на симптомите
Еден општ симптом кој може да покаже духовна слабост е попуштање во нашите навики за лично проучување. Некои мислат дека треба повеќе да проучуваат, но едноставно не можат да најдат време за тоа. Денес, кога животот е толку исполнет со активности, лесно е да се западне во една таква лоша ситуација. Меѓутоа, она што е уште полошо е тоа што луѓето честопати се оправдуваат дека со нив не е толку лошо, со оглед на тоа што ги читаат библиските публикации секогаш кога можат и што се во состојба да одат на некои христијански состаноци.
Таквото резонирање е облик на самозалажување. Тоа е исто како кога човек мисли дека е премногу зафатен за да седне и да јаде еден нормален оброк, па само чат-пат каснува по некој залак додека трча од една работа на друга. Иако можеби тој не страда од изгладнетост, сепак, порано или подоцна, може да се јават здравствени проблеми. Слично на тоа, без еден постојан дотек на
хранлива духовна храна, наскоро во нашата духовна опрема можат да се развијат слаби точки. Со тоа што сме постојано бомбардирани од световна пропаганда и ставови, можеме лесно да подлегнеме на сатанските смртоносни напади.Друг симптом на духовната слабост е губење на чувството за итност во нашата духовна војна. Во време на мир, војникот не го чувствува притисокот и опасноста на битката. Можеби затоа не чувствува итност да биде спремен. Ако одеднаш е повикан во акција, веројатно нема да биде подготвен. Истото е случај и во духовен поглед. Ако дозволиме нашето чувство на итност да се намали, може да станеме неподготвени да ги избегнеме нападите кои можеби ќе нѐ снајдат.
Но, како можеме да знаеме дека сме западнале во таква ситуација? Би можеле да си поставиме некои прашања кои можат да ја откријат вистинската состојба на работите: Дали сум толку желен да учествувам во службата како што сум да одам на излет? Дали сум толку спремен да поминувам време во подготовка за состаноците колку што сум да одам на купување или да гледам ТВ? Дали почнувам да се сомневам во врска со стремежите или можностите од кои сум се откажал кога сум станал христијанин? Дали завидувам на таканаречениот добар живот што го водат другите? Тоа се прашања кои поттикнуваат на размислување, но кои се корисни за да ја уочиме секоја слабост во нашата духовна воена опрема.
Со оглед на тоа што заштитната опрема која ја имаме е духовна, неопходно е Божјиот дух слободно да протекува во нашиот живот. Тоа е одразено во степенот до кој плодовите на Божјиот дух се покажуваат во сите наши активности. Дали лесно се разлутуваш, па дури и се вознемируваш кога другите прават или кажуваат нешто што не ти се допаѓа? Дали ти е тешко да прифатиш совет или, пак, сметаш дека другите секогаш те земаат на заб? Дали си многу завидлив на благословите или достигнувањата на другите? Дали ти е тешко да се сложиш со другите, особено со врсниците? Галатјаните 5:22—26; Ефесјаните 4:22—27).
Една чесна самопроценка ќе ни помогне да увидиме дали нашиот живот е исполнет со плодовите на Божјиот дух или, пак, постепено и подмолно се појавуваат делата на телото (Позитивни чекори за да се надмине духовната слабост
Да ги препознаеш симптомите на духовната слабост е едно, а да се соочиш со нив и да преземеш чекори за да ги исправиш работите е нешто сосема друго. За жал, многумина се склони да се изговараат, да наоѓаат оправдување, да го минимизираат проблемот или да порекнуваат дека тој воопшто постои. Колку само е опасно тоа — исто како да се оди во битка носејќи воена опрема на која ѝ недостасуваат некои делови! Таквиот начин на постапување би нѐ направил ранливи на сатанскиот напад. Затоа, наместо тоа, треба да преземеме позитивни чекори брзо да го исправиме кој и да било дефект што можеби ќе го забележиме. Што можеме да сториме? (Римјаните 8:13; Јаков 1:22—25).
Со оглед на тоа што учествуваме во духовна војна — битка која вклучува христијанинот да има контрола над умот и срцето — мораме да направиме сѐ што можеме за да ги заштитиме нашите способности. Сети се дека во деловите на нашата духовна опрема спаѓаат „оклопот на правдата“, кој го заштитува нашето срце, и „шлемот на спасението“, кој го штити нашиот ум. Учењето делотворно да се користат овие подготовки може да значи победа или пораз (Ефесјаните 6:14—17; Изреки 4:23; Римјаните 12:2).
Правилното носење на „оклопот на правдата“ бара постојано да се испитуваме во однос на љубовта кон правдата и омразата кон беззаконието (Псалм 44:7; 96:10; Амос 5:15). Дали нашите мерила се спуштиле на ниво на светските? Дали сега ни се забавни работи кои некогаш можеби нѐ шокирале или навредувале, без разлика дали е тоа од реалниот живот или од она што се прикажува на ТВ и филмските екрани, во книгите и списанијата? Љубовта кон праведноста ќе ни помогне да увидиме дека она што се велича во светот како слобода или белосветска мудрост, може навистина да биде маскиран промискуитет и вообразеност (Римјаните 13:13, 14; Тит 2:12).
Ставањето на „шлемот на спасение“ вклучува јасно да ги држиме на ум извонредните благослови кои стојат пред нас и да не дозволиме да застраниме поради блесокот и убавината на светот (Евреите 12:2, 3; 1. Јованово 2:16). Овој изглед ќе ни помогне да ги ставиме духовните интереси пред материјалната добивка или личната корист (Матеј 6:33). Според тоа, за да бидеме сигурни дека го имаме овој дел од опремата на исправно место, мораме чесно да се запрашаме: ‚По што тежнеам во животот? Дали имам конкретни духовни цели? Што правам за да ги достигнам?‘ Без разлика дали сме од преостанатите помазани христијани или од многубројното „големо мноштво“, треба да го имитираме Павле, кој рекол: „Јас не мислам дека сум го достигнал тоа; но едно правам: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене, трчам кон целта“ (Откровение 7:9; Филипјаните 3:13, 14).
Павловиот опис на нашата духовна воена опрема завршува со оваа опомена: „Со секаква молитва и просба молете се со Ефесјаните 6:18). Ова покажува два позитивни чекора кои можеме да ги преземеме за да ја надминеме или спречиме секоја духовна слабост: Развивај добар однос со Бог и гради тесна врска со сохристијаните.
духот во секое време и грижете се за тоа со постојанство и молба за сите светии“ (Штом имаме навика да му се обраќаме на Јехова во „секакви“ молитви (признавање на нашите гревови, молба за простување, барање водство, благодарење за благословите, фалби од срце) и „во секое време“ (јавно, насамо, лично, спонтано), стекнуваме присност со Јехова. Тоа е најголемата заштита што можеме да ја имаме (Римјаните 8:31; Јаков 4:7, 8).
Од друга страна, пак, силно сме опоменати да се молиме „за сите светии“, т. е. за нашите сохристијани. Во нашите молитви можеме да се сетиме на нашите духовни браќа од далечните земји кои трпат прогонство или други тешкотии. Но, што е со христијаните со кои работиме и се дружиме од ден во ден? Исправно е да се молиме и за нив, токму како што Исус се молел за своите ученици (Јован 17:9; Јаков 5:16). Таквите молитви уште повеќе меѓусебно нѐ приближуваат и нѐ зајакнуваат да одолееме на нападите на „злобниот“ (2. Солунјаните 3:1—3, NW).
На крај, цврсто задржи ја на ум следнава опомена на апостол Петар која е полна со љубов: „Но близу е крајот на сѐ. Па бидете мудри и бодри во молитвите. А пред сѐ, имајте постојана љубов меѓу себе; оти ‚љубовта покрива многу гревови‘“ (1. Петрово 4:7, 8). Многу е лесно да дозволиме човечките несовршености — оние на другите луѓе и нашите — да ни се вовлечат во срцата и умовите и да станат препреки, камења за спрепнување. Сатана добро ја знае оваа човечка слабост. ‚Подели па владеј‘ е една од неговите препредени тактики. Затоа, ние мораме брзо да ги покриеме таквите гревови со силната меѓусебна љубов и да не му ‚даваме место на ѓаволот‘ (Ефесјаните 4:25—27).
Остани духовно јак сега
Што правиш кога забележуваш дека косата ти е разбушавена или дека вратоврската ти е искривена? Веројатно ќе ги средиш веднаш штом ќе можеш. Малку се тие што едноставно би ги оставиле, мислејќи дека не се важни таквите физички аномалии. Нека исто така брзо реагираме кога станува збор за нашите духовни слабости. Физичките маани може да предизвикаат неодобрувачки погледи од луѓето, но духовните дефекти кои остануваат непоправени можат да имаат за последица неодобрување од Јехова (1. Царства 16:7).
Јехова со љубов ни дал сѐ што ни е потребно за да ни помогне да ја искорениме секоја духовна слабост и да останеме духовно јаки. Преку христијанските состаноци, библиските публикации и преку зрелите и грижливи сохристијани, тој обезбедува постојани потсетници и предлози во врска со тоа што мора да правиме. Од нас зависи дали ќе ги прифатиме и примениме. Тоа бара напор и самодисциплина. Но, сети се што рекол чесно апостол Павле: „Јас, пак, сѐ така трчам, но не на несигурно; се борам не како оној што удира по ветер; туку го истоштувам и го поробувам телото, да не би ненамерно, проповедајќи им на другите и сам да станам негоден“ (1. Коринтјаните 9:26, 27).
Биди буден, и никогаш не дозволувај да развиеш духовна Ахилова петица. Наместо тоа, понизно и храбро да го правиме она што е потребно сега за да ја препознаеме и совладаме секоја духовна слабост што ја имаме.
[Истакната мисла на страница 19]
„[ПОСТОЈАНО, NW] ИСПИТУВАЈТЕ СЕ САМИ СЕБЕ ДАЛИ СТЕ ВО ВЕРАТА! САМИ ИСПИТУВАЈТЕ СЕ!“ (2. Коринтјаните 13:5).
[Истакната мисла на страница 21]
„БИДЕТЕ БУДНИ ВО ПОГЛЕД НА МОЛИТВИТЕ (NW). А ПРЕД СЀ, ИМАЈТЕ ПОСТОЈАНА [СИЛНА, NW] ЉУБОВ МЕЃУ СЕБЕ; ОТИ ‚ЉУБОВТА ПОКРИВА МНОГУ ГРЕВОВИ‘“ (1. Петрово 4:7, 8).
[Рамка/слика на страница 20]
ЗАПРАШАЈ СЕ . . .
◆ Дали сум толку желен да поминувам време во подготовка за состаноците колку што сум да одам на купување или да гледам ТВ?
◆ Дали завидувам на таканаречениот добар живот што го водат другите?
◆ Дали лесно се разлутувам кога другите прават или кажуваат нешто што мене не ми се допаѓа?
◆ Дали ми е тешко да прифатам совет или, пак, сметам дека другите секогаш ме земаат на заб?
◆ Дали ми е тешко да се сложам со другите?
◆ Дали моите мерила се спуштиле на ниво на светските?
◆ Дали имам конкретни духовни цели?
◆ Што правам за да ги постигнам моите духовни цели?
[Извори на слики на страница 18]
Ахил: Од книгата Great Men and Famous Women; Римски војници и страница 21: Historic Costume in Pictures/Dover Publications, Inc., Њујорк