Се сеќаваш ли?
Се сеќаваш ли?
Дали уживаше во читањето на неодамнешните изданија на Стражарска кула? Па, види дали ќе можеш да одговориш на следниве прашања:
◻ Зошто Павловиот израз „амбасадори место Христа“ е толку соодветен за помазаните христијани? (2. Коринтјаните 5:20, NW).
Во древни времиња, амбасадорите биле испраќани главно во периоди на непријателство за да видат дали може да се спречи војна (Лука 14:31, 32). Бидејќи грешниот свет на човештвото е отуѓен од Бог, тој ги испраќа своите помазани амбасадори да ги информираат луѓето за неговите услови на измирување, поттикнувајќи ги да бараат мир со Бог (15.12., страница 18).
◻ Кои четири работи ја зајакнале Авраамовата вера?
Прво, тој ја покажал својата вера во Јехова со тоа што внимавал кога Бог зборувал (Евреите 11:8); второ, неговата вера била тесно поврзана со неговата надеж (Римјаните 4:18); трето, Авраам честопати зборувал со Јехова; и четврто, Јехова му давал поддршка на Авраам кога тој го следел божественото водство. Истите работи можат да ја зајакнат и нашата вера денес (1.1., страници 17, 18).
◻ Што се мисли со изразот „не нѐ воведуј во искушение“? (Матеј 6:13).
Ние бараме Бог да не дозволи да изневериме кога сме искушани да му бидеме непослушни. Јехова може да нѐ води за да не подлегнеме и да не бидеме надитрени од Сатана, „лукавиот“ (1. Коринтјаните 10:13; 15.1., страница 14).
◻ Што мора да се прави за да се добие Божје простување за злоделото?
Исповедањето на Бог мора да се спои со каење и со „плодови достојни за покајание“ (Лука 3:8). Исто така, покајничкиот дух и желбата да го исправиме погрешното ќе нѐ наведат да побараме духовна помош од христијанските старешини (Јаков 5:13—15; 15.1., страница 19).
◻ Зошто треба да настојуваме да бидеме понизни?
Понизното лице е стрпливо и долготрпеливо, и нема превисоко мислење за себе. Понизноста ги привлекува вистинските пријатели кои те љубат. И повеќе од тоа, таа донесува Јеховин благослов (Изреки 22:4; 1.2., страница 7).
◻ Која пресудна разлика постои меѓу смртта на Исус и смртта на Адам?
Адамовата смрт била заслужена, зашто тој намерно не го послушал својот Творец (1. Мојсеева 2:16, 17). За разлика од тоа, Исусовата смрт била потполно незаслужена, зашто ‚Он не направил грев‘ (1. Петрово 2:22). Затоа, кога умрел, Исус имал нешто со огромна вредност што грешникот Адам не го поседувал при својата смрт — правото на совршен човечки живот. На тој начин, Исусовата смрт имала жртвена вредност во откупувањето на човештвото (15.2., страници 15, 16).
◻ Што претставува градот во пророчката визија на Језекиил?
Бидејќи градот лежи среде нечиста (несвета) земја, тој мора да биде нешто земно. Според тоа, изгледа дека тој ја претставува земната администрација која им користи на сите кои ќе го сочинуваат праведното земно општество (1.3., страница 18).
◻ Зошто Исус им ги измил нозете на своите ученици кога ја прославувале Пасхата во 33 н. е.?
Исус не воспоставил ритуал на миење нозе. Напротив, им помогнал на своите апостоли да усвојат еден нов умствен став — став на понизност и спремност да ги извршуваат најниските задачи во корист на своите браќа (1.3., страница 30).
◻ Што е поважно од природните способности кога ги поучуваме другите?
Тоа се особините кои ги поседуваме и духовните навики кои сме ги негувале, а кои студентите можат да ги имитираат (Лука 6:40; 2. Петрово 3:11; 15.3., страници 11, 12).
◻ Како можат јавните говорници да го подобрат своето читање на Писмото?
Со вежбање. Да, така што ќе читаат на глас секогаш одново сѐ додека да можат течно да го прават тоа. Ако има на располагање аудиокасети на Библијата, би било мудро да го слушаат смисловното нагласување и модулацијата на читачот и да забележат како ги изговара имињата и необичните зборови (15.3., страница 20).
◻ Како ‚духот се враќа кај Бог‘ кога умира некое лице? (Проповедник 12:7).
Бидејќи духот е животната сила, таа ‚се враќа кај Бог‘ во таа смисла што секоја надеж за иден живот на тоа лице сега потполно зависи од Бог. Само Бог може да го обнови духот, односно животната сила, предизвикувајќи лицето да се врати во живот (Псалм 103:30; 1.4., страница 17).