Христијанското собрание — извор на зајакнувачка помош
Христијанското собрание — извор на зајакнувачка помош
ПАПИ, жена во своите рани 20-ти години, била фрустрирана поради една болна ситуација во семејството која вклучувала недостиг на отворена комуникација со нејзините родители. a Откако го излеала своето срце на еден христијански старешина и на неговата сопруга, таа им напишала: „Многу ви благодарам што одвоивте време да поразговарате со мене. Вие не знаете колку ми значи тоа што се грижите за мене. Му благодарам на Јехова што ми дава луѓе во кои можам да имам доверба и со кои можам да разговарам“.
Тула, една жена која од неодамна е вдовица и има две деца на тинејџерска возраст, се нашла во калта на вознемирувачки емоционални и финансиски тешкотии. Таа и нејзините деца редовно имале зајакнувачки посети од еден христијански брачен пар од собранието. Откако успешно излегла на крај со својата ситуација, им испратила картичка во која пишувало: „Секогаш ве спомнувам во моите молитви. Се сеќавам како безброј пати бевте покрај мене и ме поддржувавте“.
Дали понекогаш чувствуваш дека си ‚обременет‘ од сѐ поголемите притисоци на овој свет? (Матеј 11:28). Дали „времето и непредвидениот настан“ (NW) ти го загорчиле животот со болни искуства? (Проповедник 9:11). Тогаш, не си сам. Туку, исто како илјадници ожалостени поединци, и ти можеш да најдеш смисловна помош во христијанското собрание на Јеховините сведоци. Во првиот век н. е. апостол Павле открил дека извесни соверници му биле од особено „зајакнувачка помош“ (Колосјаните 4:10, 11, NW). И ти можеш да доживееш слично нешто.
Поддршка и помош
Во Христијанските грчки списи зборот „собрание“ е преведен од грчкиот термин еклесиа што значи група луѓе собрани заедно. Во тој збор нераздвоиви се идеите за солидарност и взаемна поддршка.
Христијанското собрание ја поддржува вистината од Божјата реч и ја објавува добрата вест за неговото Царство (1. Тимотеј 3:15; 1. Петрово 2:9). Меѓутоа, собранието обезбедува и духовна поддршка и помош за оние кои се поврзани со него. Во него може да се најдат мноштво грижливи пријатели кои се полни со љубов и се спремни и волни да им помогнат на другите и да ги утешат во време на стрес (2. Коринтјаните 7:5—7).
Обожавателите на Јехова секогаш наоѓаат сигурност и безбедност во неговото собрание. Псалмистот покажал дека тој доживувал радост и чувство на безбедност меѓу Божјиот насобран народ (Псалм 26:4, 5; 54:14; 121:1). Слично и денес, христијанското собрание е здружение на соверници кои се изградуваат и храбрат меѓу себе (Изреки 13:21; Римјаните 1:11, 12).
Членовите на собранието се поучени да ‚им прават добро на сите, а најмногу на своите по вера‘ (Галатјаните 6:10). Библиски темеленото образование што го добиваат ги поттикнува да покажуваат братска љубов и нежна наклоност еден кон друг (Римјаните 12:10; 1. Петрово 3:8). Духовните браќа и сестри во собранието се поттикнати да бидат љубезни, мирољубиви и да имаат нежно сожалување (Ефесјаните 4:3). Наместо да бидат само формални обожаватели, тие покажуваат грижа за другите која е полна со љубов (Јаков 1:27).
Марко 12:29, 30). Нив ги зајакнува чувството дека припаѓаат на тесно поврзана група која е полна со љубов (Псалм 132:1—3). Преку собранието, „верниот и разборит роб“ обезбедува хранлива духовна „храна во право време“ (Матеј 24:45, NW).
Затоа, оние кои се притиснати, во собранието наоѓаат топла атмосфера која е слична на семејство (Помош од надгледници полни со љубов
Членовите на христијанското собрание можат да очекуваат да најдат во него квалификувани пастири кои се полни со љубов и разбирање и кои даваат духовна поддршка и охрабрување. Пастирите со такви особини се како „заштита од ветар и засолниште за лошо време“ (Исаија 32:1, 2). Старешините, т. е. надгледниците наименувани со дух, се грижат за Божјиот народ сличен на овци, ги охрабруваат болните и депримираните и настојуваат да ги вратат оние кои згрешиле (Псалм 99:3; 1. Петрово 5:2, 3).
Се разбира, собраниското старешинско тело не е колегиум на професионални терапевти или лекари кои се способни да ги излечат физичките или менталните здравствени проблеми со кои се соочуваат соверниците. Во овој систем на ствари, болните сѐ уште имаат „потреба од лекар“ (Лука 5:31). Сепак, тие пастири можат да им помогнат на оние кои имаат потреба во духовен поглед (Јаков 5:14, 15). Секогаш кога е можно, старешините прават подготовки и за друг вид помош (Јаков 2:15, 16).
Кој стои зад таквата подготовка полна со љубов? Самиот Јехова Бог! Пророкот Језекиил го прикажува Јехова кој изјавил: „Јас сам ќе ги побарам овците Мои и ќе ги прегледам . . . ќе ги ослободам од сите места, каде што биле прснати . . . Моите овци Јас ќе ги пасам и ќе ги одморам“. Исто така, Бог е загрижен за малаксаните и за слабите овци (Вистинска помош во право време
Дали во христијанското собрание е достапна вистинска помош? Да, и следните примери илустрираат различни околности во кои собранието се покажува како помош.
◆ Загуба на некој што го сакаш. Сопругот на Ана умрел после една хронична болест. „Оттогаш добивам срдечна љубов од христијанското братство“, вели таа. „Постојаните љубезни зборови на поддршка и охрабрување од моите соверници, вклучувајќи ги и нивните срдечни прегратки, го одржуваат моето срце да чука наместо сосема да се скрши, и му благодарам на Јехова за тоа. Нивната љубов направи да се чувствувам во голема мера поддржана, крајно духовно окрепната, нежно згрижена.“ Можеби и ти си доживеал таква траума — смрт на некој што го сакаш. Во такви времиња, членовите на собранието можат да ја обезбедат утехата и емоционалната поддршка кои се многу потребни.
◆ Болест. Артур, патувачки надгледник од Полска, редовно ги посетувал собранијата во Централна Азија за да ги зајакнува духовно. За време на една од тие посети, многу се разболел и при закрепнувањето имал сериозни компликации. „Сакам да ви кажам како браќата и сестрите од [еден град во Казахстан] се грижеа за мене“, се сеќава Артур со длабоко ценење. „Браќата и сестрите, од кои многу и не ги познавам — па дури и интересенти — ми носеа пари, храна и лекови . . . И тоа го правеа со голема радост.
Замислете само како се чувствував кога добив еден плик во кој имаше пари и се наоѓаше следново писмо: ‚Драги брате, прими ги моите топли поздрави. Мама ми даде пари за сладолед, но јас решив да ти ги дадам за лекови. Те молам, брзо да оздравиш. На Јехова сме му потребни за подолго време. Ти посакувам сѐ најубаво. И да ни кажуваш уште многу добри, поучни приказни. Вова‘.“ Да, исто како што е покажано во овој случај, младите и старите во собранието можат да укажат зајакнувачка помош во време на болест (Филипјаните 2:25—29).
◆ Депресија. Тери имала искрена желба да служи како пионер, т. е. полновремен објавител на Царството. Но, поради некои тешкотии морала да прекине со пионерењето. „Чувствував огромна вина заради тоа што се обидов да служам во ова својство и не успеав ни една цела година“, вели таа. Погрешно верувала дека Јеховиното одобрување зависи само од износот на нејзината служба кон него. (Спореди Марко 12:41—44.) Прилично депримирана, се изолирала. Но, потоа од собранието дошла освежувачка помош.
Тери се сеќава: „Една постара сестра пионерка спремно ми притече на помош и ме сослуша додека ѝ ги излевав моите чувства. Кога си заминав од нејзиниот дом, имав чувство како од мене да се симна некоја тежина. Оттогаш па наваму, оваа сестра пионерка и нејзиниот сопруг, старешина во собранието, ми пружаа драгоцена помош. Секојдневно ми се јавуваа и ме прашуваа како ми е . . . Понекогаш ме покануваа да присуствувам на нивната семејна студија, што ми ја всади важноста на тоа семејствата да останат тесно поврзани“.
Не е необично тоа што многумина — па дури и предадени христијани — стануваат депримирани, обесхрабрени и осамени. Колку само можеме да бидеме благодарни што во Божјето собрание ни е достапна несебична помош која е полна со љубов (1. Солунјаните 5:14).
◆ Катастрофи и несреќни случаи. Стави се во кожата на едно четиричлено семејство кое изгубило сѐ што имало кога им изгорела куќата. Наскоро го доживеале она што тие го нарекле „охрабрувачко искуство кое засекогаш ќе нѐ трогнува и кое нѐ увери во вистинската љубов што ја има меѓу
Јеховиниот народ“. Тие објаснуваат: „Речиси веднаш бевме преплавени со искрени повици на поддршка и сочувство од нашите духовни браќа и сестри. Телефонот постојано ѕвонеше. Вистинската грижа и љубов од сите беше толку трогателна што леевме солзи од благодарност“.Набргу, старешините од собранието организирале една голема група браќа и за неколку дена изградиле нова куќа за ова семејство. Една сосетка извикала: „Треба само да се види тоа! Таму работат секакви луѓе — мажи, жени, црнци, Шпанци!“ Тоа беше јасен доказ за братската љубов (Јован 13:35).
Исто така, сохристијаните му дале на семејството облека, храна и пари. Таткото коментира: „Тоа беше за време на Божиќната сезона кога сите даваат подароци, но ние можеме искрено да кажеме дека никој друг не доживеа таква вистинска, огромна великодушност како ние“. И додале: „Спомените за пожарот полека избледуваат и се заменети со драгите спомени за љубезните постапки и за добрите пријатели. Ние му благодариме на нашиот небесен Татко Јехова кој е полн со љубов што на земјата имаме такво прекрасно, обединето семејство од браќа и многу сме благодарни што сме дел од него!“
Се разбира, таква интервенција не е можна — ниту, пак, се очекува — во секоја трагедија. Но, секако дека овој пример ја илустрира поддршката што може да ја даде собранието.
Мудрост одозгора
Многумина нашле еден друг извор на помош и сила во христијанското собрание. Кој е тој? Публикациите кои ги подготвува „верниот и разборит роб“ (NW). Меѓу нив се истакнуваат журналите Стражарска кула и Разбудете се! За да дадат прониклив совет и практични упатства, овие публикации се потпираат првенствено на божествената мудрост која се наоѓа во Библијата (Псалм 118:105). Библиските информации се надополнети со одговорно и авторитативно истражување на теми како што се душевна депресија, опоравување од злоупотреба, различни социјални и економски проблеми, предизвици со кои се соочуваат младите луѓе и тешкотии кои се својствени за земјите во развој. Пред сѐ, овие публикации го поддржуваат Божјиот пат како најдобар пат на живот (Исаија 30:20, 21).
Секоја година Watch Tower Society добива илјадници писма на благодарност. На пример, во врска со една статија од Разбудете се! за самоубиството, еден млад човек од Русија напишал: „Поради мојата склоност кон депресија . . . многупати размислував за самоубиство. Оваа статија го зајакна моето уверување дека Бог ќе ми помогне да излезам на крај со моите проблеми. Тој сака да живеам. Му благодарам за поддршката што ми ја даде преку оваа статија“.
Ако се чини дека некоја непопустлива неволја од овој свет е премногу тешка за да излезеш на крај со неа, можеш да бидеш сигурен дека во христијанското собрание постои едно сигурно пристаниште. Навистина, ако спржената пустина на овој систем кој е без љубов ти ја исцедува силата, можеш да најдеш освежувачка оаза во Јеховината организација. Откако ќе ја доживееш таа поддршка, можеби и ти ќе се чувствуваш како една христијанка која успешно се справила со сериозната болест на нејзиниот сопруг, и напишала: „Поради љубовта и грижата што ни беа покажани, имам чувство како Јехова да нѐ пренесуваше на својата дланка низ оваа криза. Колку сум само благодарна што сум дел од Јеховината величествена организација!“
[Фуснота]
a Имињата се изменети.
[Слики на страница 26]
Можеме да им дадеме зајакнувачка помош на болните, ужалените и на другите