Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„За Бога сѐ е можно“

„За Бога сѐ е можно“

Објавителите на Царството известуваат

„За Бога сѐ е можно“

ГОРНИВЕ зборови, кои се наоѓаат во Матеј 19:26, се покажале вистинити за една млада жена од Венецуела. Откако научила да полага целосна доверба во Јехова, можела да совлада еден сериозен проблем. Таа раскажува:

„Баба ми беше многу љубезна и полна со љубов. Но, за жал, умре кога имав само 16 години. Нејзината смрт беше ужасен удар за мене. Станав неурамнотежена до тој степен што дури не сакав да излегувам од дома во дворот. Дојдов во ситуација да бидам речиси сосема одвоена од светот.

Не одев на училиште ниту, пак, имав работа. Само седев во мојата соба. Осамена и без никакви пријатели, страдав од тешка депресија. Се чувствував потполно безвредна и сакав да умрам и на тој начин да ставам крај на сѐ. Постојано се прашував: ‚Зошто живеам?‘

Мајка ми ги добиваше списанијата Стражарска кула и Разбудете се! од една млада жена Сведок по име Гизела. Еден ден мајка ми ја здогледала Гизела која поминувала покрај нашиот дом и ја замолила ако може да ми помогне. Гизела се сложила дека ќе се обиде, но јас одбив да се видам со неа. Тоа не ја одврати Гизела. Ми напиша писмо во кое ми кажа дека сака да ми биде пријател и дека пријател сака да ми биде и некој кој е многу поважен од неа. Таа личност, ми напиша, е Јехова Бог.

Тоа ме погоди, и јас ѝ одговорив на писмото. Се допишувавме три месеци. Дури после долго убедување и поттикнување од нејзина страна, конечно собрав храброст да се сретнам со неа. На нашата прва средба, Гизела почна да ја проучува со мене Библијата, користејќи ја книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. После студијата, ме покани да присуствувам на еден состанок во локалната Сала на Царството. Бев вчудовидена. Немав излезено од дома четири години и помислата да бидам на улица за мене беше ужасна.

Гизела беше многу стрплива со мене. Ме уверуваше дека нема од што да се плашам и дека ќе ме придружува до состанокот. Конечно се согласив. Кога пристигнавме во Салата на Царството, почнав да се тресам и да се потам. Не можев со никого да се поздравам. Сепак, се сложив и понатаму да присуствувам на состаноците, а Гизела верно ме викаше секоја седмица.

За да ми помогне да ја совладам нервозата, Гизела ме носеше на состаноците многу рано. Стоевме до вратата и го поздравувавме секого што ќе пристигнеше. На тој начин се соочував само со еден или со двајца луѓе истовремено, наместо со цела група наеднаш. Кога мислев дека повеќе нема да можам да издржам, Гизела ми го цитираше Матеј 19:26: ‚За луѓето тоа не е можно, но за Бога сѐ е можно‘.

Иако не беше лесно, на крај можев да присуствувам на еден уште поголем собир на луѓе — на покраински собир. Колкав само огромен чекор беше тоа за мене! Во септември 1995 собрав храброст да разговарам со старешините за да учествувам во службата од врата до врата. После шест месеци, во април 1996, го симболизирав моето предание на Јехова со крштавање во вода.

Кога некој неодамна ме праша како собрав храброст да го сторам тоа, му одговорив: ‚Мојата желба да му угодам на Јехова е поголема од мојот страв‘. Иако сѐ уште имам повремени напади на депресија, мојата радост се зголеми со тоа што служам како општ пионер. Осврнувајќи се наназад, морам да се сложам со Гизела. Сега имам Пријател кој е заинтересиран за мене и кој ‚ми дава моќ‘“ (Филипјаните 4:13NW).

[Слики на страница 8]

„Мојата желба да му угодам на Јехова е поголема од мојот страв“