Радувајте се во Јехова и бидете весели
Радувајте се во Јехова и бидете весели
УСПЕШНОТО довршување на кој и да било вреден проект секогаш е време за радост. Свечената промоција што се одржа на 13 март 1999 во Образовниот центар на Watchtower во Патерсон (Њујорк), сигурно беше една таква прилика за 48-те студенти од 106-от клас на Библиската школа Гилеад на Watchtower.
Уводните забелешки на Теодор Џерес, член на Водечкото тело, дипломец на седмиот клас на Гилеад и претседавач на програмата за промоција, ги истакна зборовите од Псалм 32:11 (NW): „Радувајте се во Јехова и бидете весели, праведници“. Објаснувајќи зошто е пригодно сите да се радуваат во оваа прилика, тој рече: „Во вакви прилики се радуваме поради она што Јехова го постигнува со оние кои се чесни во срцето, вклучувајќи ги и нашите студенти на Гилеад“. Иако студентите биле тие кои правеле планови да дојдат на школата Гилеад и марливо се напрегале да се квалификуваат за мисионерска служба, Јехова е тој кој овозможил сѐ да има успешна завршница (Изреки 21:5, NW; 27:1). Тоа, нагласи брат Џерес, е причина за ‚радување во Јехова‘.
Меѓу присутните во аудиториумот во Патерсон имаше и членови на семејствата и гости на студентите кои дојдоа од 12 земји за да бидат сведоци на овој радосен настан. Додека присутните 5.198 лица — вклучувајќи и членови на бетелската фамилија во Бруклин, Патерсон и Волкил кои беа поврзани со звучен и телевизиски пренос — беа во исчекување на програмата што требаше да следи, беше очигледно дека преовладува радосен дух.
Силно поттикнати да задржат радосен дух
Кога брат Џерес ги заврши своите уводни забелешки, тој го најави првиот од петте говорници кои имаа подготвено охрабрувачки библиски совет не само за дипломците на Гилеад туку и за сите присутни.
Прв зборуваше Вилијам Маленфонт, дипломец на 34-от клас на Гилеад кој сега служи како помошник во Одборот за поучување во Водечкото тело. Во врска со неговата тема „Не е ‚сѐ‘ суета!“ темелена на Проповедник 1:2, тој го постави прашањето: „Дали Соломон всушност мислел дека сѐ е суета во апсолутна смисла на зборот?“ Одговорот е: „Не. Тој укажувал дека човечките потфати кои ја игнорираат божествената волја, стремежите кои не се во склад со божествената волја — сите тие работи се суета“. За разлика од тоа, обожавањето на вистинскиот Бог, Јехова, не е суета; ниту, пак, е суета проучувањето на Божјата реч, Библијата, и поучувањето на другите. Бог не го заборава таквиот труд на своите слуги (Евреите 6:10). Всушност, доколку и ги снајде несреќа оние кои нашле наклоност кај Бог, тие ќе ‚бидат сврзани со јазелот на животот кај Господа‘ (1. Царства 25:29). Каква мисла која го радува срцето! Сеќавањето на овие точки може да им помогне на сите Јеховини обожаватели да задржат радосен дух!
Џон Бар, член на Водечкото тело, го охрабри класот кој дипломираше со својот говор „Најди радост на својата мисионерска доделба“. Тој покажа дека мисионерската служба е нешто што отсекогаш било многу блиско до срцето на Јехова Изреки 8:30, 31). Брат Бар ги поттикна дипломците да се држат за своите доделби, не само како работа на истрајност, туку затоа што уживаат да го прават тоа. „Ослонете се на Јехова; тој нема да дозволи да паднете“, сесрдно го молеше тој класот (Псалм 55:22, NW).
Бог. „Тоа е нешто што е внатрешно сврзано со Јеховиниот израз на љубов кон светот. Тој го испратил својот единороден Син на земјата. Исус бил најголемиот мисионер, врвниот мисионер.“ Додека дипломците можат да размислуваат за промените што Исус морал да ги направи за да биде успешен на својата доделба на земјата, користите од неговата мисионерска служба сѐ уште им се достапни на сите кои ќе ги искористат. Тоа е така бидејќи, како што истакна брат Бар, Исус уживал во вршењето на Божјето дело, и исто така тој ги сакал синовите на човештвото („Да одиме во името на Јехова засекогаш“, беше темата која ја избра следниот Михеј 4:5). Сигурно, примерот на поранешните мисионери е силна мотивација за сите Божји слуги да продолжат да одат во Јеховиното име и верно да му служат.
говорник, Лојд Бери, еден друг член на Водечкото тело. Бидејќи по завршувањето на 11. клас на Гилеад, повеќе од 25 години служел како мисионер во Јапонија, брат Бери раскажа некои од искуствата на првите мисионери и ги опиша предизвиците со кои тие морале да се соочат. Каков практичен совет имаше тој за класот што дипломира? „Пред сѐ, задржете ја својата духовност. Исто така, научете го јазикот и културата. Задржете ја смислата за хумор. И држете се за работата; немојте да се изморите ниту да попуштите.“ Брат Бери им кажа на дипломците дека на нивните странски доделби ќе запознаат многу луѓе кои одат во името на различни богови и божества, и ги потсети на зборовите на Михеј: „Зашто сите народи одат, секој во името на својот бог, а ние ќе одиме во името на Господа [Јехова, NW], нашиот Бог, секогаш и довека“ (Следен на програмата беше инструкторот на Гилеад Лоренс Боуен. Темата што ја изнесе тој го покрена прашањето: „Како каков ќе се докажеш?“ Тој покажа дека успехот во Божјата служба зависи од верата и од довербата во Јехова. Целосното ослонување на Јехова му донело на царот Аса гласна победа над непријателската војска која броела еден милион луѓе. Сепак, од пророкот Азарија бил потсетен на потребата и понатаму да се ослонува на Бог: „Господ е со вас, кога [сѐ додека, NW] сте вие со Него“ (2. Летописи 14:9—12; 15:1, 2). Со оглед на тоа што Божјето име, Јехова, ја пренесува мислата дека тој се покажува како што и да било што е потребно за да ја исполни својата намера — било тоа да значи да биде Обезбедувач, Заштитник, или дури Погубител — мисионерите кои се ослонуваат на Јехова и кои работат во склад со неговата намера ќе се покажат успешни на нивните доделби (2. Мојсеева 3:14, NW). „Немојте никогаш да заборавите“, заклучи брат Боуен, „дека сѐ додека Јеховината намера е ваша намера, тој ќе предизвика да станете сѐ што е потребно за да ја исполните својата доделба.“
Последен говорник во овој дел од програмата беше Валас Ливеранс, поранешен мисионер, а сега архивар на школата. Неговото предавање со наслов „Нека Божјата реч и понатаму биде жива и нека дејствува во вас“, го сврте вниманието кон Божјата непогрешлива порака, т. е. ветување, кое секогаш се движи кон своето исполнување (Евреите 4:12). Таа влијае врз животот на оние кои го дозволуваат тоа (1. Солунјаните 2:13). Како може таа реч да се задржи жива и да дејствува во нашиот живот? Преку марлива библиска студија. Брат Ливеранс ги потсети дипломците на методите за проучување на Библијата кои ги научија во Гилеад, а кои вклучуваа читање и објаснување на смислата, како и примена на Божјата реч. Тој ги цитираше зборовите на Алберт Шродер, член на Водечкото тело кој служеше како претседавач во одборот кој ја основа Гилеад школата пред повеќе од 50 години: „Користејќи го контекстот, може да се добие целосната, точната, духовната сила која ја дал Бог на располагање во својата Реч“. Овој пристап кон библиската студија ја одржува Божјата реч жива и да дејствува.
Радосни искуства и интервјуа
После предавањата, присутните беа почестени со некои радосни искуства од студентите. Под водство на Марк Нојмар, поранешен мисионер и моментално инструктор на Гилеад, група студенти раскажа и покажа како настојувале да дадат сведоштво во различни ситуации. Некои можеле да започнат и да водат библиски студии со луѓето на подрачјето така што ги набљудувале нивните околности и искажувања и покажале личен интерес. На тој начин студентите ‚обрнувале постојано внимание на себе и на своето поучување‘ (NW) и биле вистински заинтересирани да им помогнат на другите да добијат спасение (1. Тимотеј 4:16).
Беа дадени многу практични предлози, а радоста од мисионерската служба се виде и од неколку искусни браќа кои добија обука во школата за членови на одборите на подружниците која се одржа во Образовниот центар на Watchtower. Браќата Семјуел Херд и Роберт Џонсон од персоналот на главното седиште водеа живи интервјуа со претставници од канцелариите на подружниците на Заедницата од Боливија, Зимбабве, Никарагва, Централноафриканска Република, Доминиканска Република, Папуа Нова Гвинеја и Камерун.
После искуствата и интервјуата, последниот говор го одржа Герит Лош, дипломец на 41. клас на Гилеад, а сега член на Водечкото тело, на тема која поттикна на размислување — „Дали ти си ‚пожелна личност‘?“ Брат Лош најпрвин ги потсети дипломците дека Исус, совршениот Божји Син, не бил сметан за пожелен, туку бил „презрен и понизен [избегнуван, NW] меѓу луѓето“ (Исаија 53:3). Затоа, не изненадува тоа што денес во многу делови од светот, на мисионерите се гледа како на персона нон грата, лично неприфатливи или недобредојдени. Од друга страна, пак, во текот на долгите години служба поминати во Вавилон, преку еден ангел Творецот трипати го нарекол Даниил „многу пожелен“ (Даниил 9:23; 10:11, 19, сите NW). Што го направило Даниил таков? Тој никогаш не ги компромитирал библиските начела кога се приспособувал кон културата на Вавилон; бил чесен во секој поглед, никогаш не ја користел својата положба за лична корист и ревно ја проучувал Божјата реч (Даниил 1:8, 9; 6:4; 9:2). Исто така, тој редовно му се молел на Јехова и бил спремен славата за своите постигнувања да му ја припише на Бог (Даниил 2:20). Следејќи го примерот на Даниил, Божјите слуги можат да покажат дека се пожелни, не безусловно за светот, туку за Јехова Бог.
Во заклучокот на духовно изградувачката програма, претседавачот прочита неколку телеграми и пораки кои дојдоа од целиот свет. Потоа, сите 24 пара добија дипломи и беше објавена земјата во која се доделени. На крај, еден претставник на класот прочита писмо упатено до Водечкото тело и до бетелската фамилија, во кое беше изразено ценењето на класот за обуката и подготовката што ја добија во изминатите пет месеци.
Со завршувањето на програмата, меѓу мноштвото кое си заминуваше, можеше да се чуе „радување, дури со благодарење“ (Неемија 12:27, NW).
[Рамка на страница 27]
Податоци за класот
Број на застапени земји: 10
Број на земји во кои се доделени: 19
Број на студенти: 48
Број на брачни двојки: 24
Просечна старост: 33
Просек на години во вистината: 16
Просек на години во полновремена служба: 13
[Слика на страница 25]
106-от клас кој дипломираше на Библиската школа Гилеад на Watchtower
На долнава листа, редовите се нумерирани однапред наназад, а имињата се наведени одлево надесно во секој ред:
1) Дикен Д.; Пуополо М.; Лагуна М.; Даволт Ш.; Домингез Е.; Бурк Џ. 2) Готе С.; Васкез В.; Сибрук А.; Моска А.; Хели Л.; Брувард Л. 3) Брендон Т.; Оливарес Н.; Колмен Д.; Скот В.; Петерсен Л.; Меклауд К. 4) Меклауд Џ.; Томпсон Џ.; Луберис Ф.; Спета Б.; Лејтимеки М.; Лагуна Х. 5) Готе У.; Домингез Р.; Хели Ф.; Смит М.; Баер Д.; Моска А. 6) Скот К.; Сибрук В.; Спета Р.; Колмен Р.; Брувард Л.; Даволт В. 7) Смит Д.; Лејтимеки Т.; Петерсен П.; Томпсон Г.; Васкез Р.; Баер А. 8) Луберис М.; Дикен К.; Брендон Д.; Пуополо Д.; Оливарес О.; Бурк Ш.