Зошто Савле ги прогонувал христијаните?
Зошто Савле ги прогонувал христијаните?
‚НАВИСТИНА, ЈАС МИСЛЕВ ДЕКА ТРЕБА да извршам многу работи против името на Исуса Назареецот; така и направив во Ерусалим. Откако добив власт од првосвештениците, многу светии затворив. Кога ги убиваа, и јас одобрував. Често ги мачев по сите синагоги и ги принудував да хулат на Исуса. Разјарен, без мерка ги гонев нив дури и до туѓите градови‘ (Дела 26:9—11).
ТАКА рекол Савле од Тарс, познат и како апостол Павле. Секако, до времето кога го рекол тоа, тој веќе бил нов човек. Сега повеќе не бил противник на христијанството, туку еден од оние кои најполетно го унапредувале. Но, што било тоа што претходно го мотивирало Савле да ги прогонува христијаните? Зошто мислел дека ‚треба да извршува‘ такви дела? И дали од неговата приказна може да се извлече некаква поука?
Каменувањето на Стефан
Савле влегува во библискиот извештај како еден од оние кои го убиваат Стефан. „Кога го изведоа [Стефан] надвор од градот, почнаа на него да фрлаат камења: а сведоците ги оставија алиштата свои пред нозете на едно момче, по име Савле.“ „Савле, пак, го одобруваше убиството негово“ (Дела 7:58; 8:1). Што довело до тој напад? Евреите, вклучувајќи и некои од Киликија, се расправале со Стефан, но не можеле да се одржат против него. Дали меѓу нив бил и Савле, кој исто така бил Киликиец, не е наведено. Како и да е, тие употребиле лажни сведоци за да го обвинат Стефан за хулење и го одвлечкале пред Синедрионот (Дела 6:9—14). Овој собир, на кој претседавал првосвештеникот, дејствувал како еврејски виш суд. Исто така, како врвен религиозен авторитет, неговите членови го чувале она што го сметале за чистота на доктрината. Според нив, Стефан заслужил смрт. Тој се осмелил да ги обвини дека не го држат Законот, зарем не? (Дела 7:53). Сега тие ќе му покажат како треба да се држи!
Савловото одобрување на тоа мислење било логична последица на неговите уверувања. Тој бил фарисеј. Оваа моќна секта барала строго придржување кон законот и кон традицијата. Христијанството било сметано за спротивност на тие начела бидејќи учело за нов начин на спасение преку Исус. Евреите од првиот век очекувале Месијата да биде славен Цар кој ќе ги ослободи од омразениот јарем на римската доминација. Според тоа, тврдењето дека Месија би можел да биде оној кој бил осуден од Големиот Синедрион под обвинение за хулење и
кој после тоа бил прикован на маченички столб како проклет криминалец, било сосема туѓо, неприфатливо и одвратно за нивниот менталитет.Во законот стоело дека човек кој висел на столб е „проклет од Бог“ (5. Мојсеева 21:22, 23; Галатјаните 3:13). Од гледна точка на Савле, „овие зборови јасно можеле да се применат на Исус“, коментира Фредерик Ф. Брус. „Тој умрел под Божја клетва и затоа било незамисливо дека би можел да биде Месијата, над кого, речиси и по правило, почивал Божјиот благослов во единствена мера. Според тоа, да се тврди дека Исус бил Месијата било хулење; оние кои го изнесувале тоа апсурдно тврдење заслужувале да страдаат како хулители.“ Како што и Савле лично подоцна признал, самата идеја за ‚Христа распнатиот за Јудејците била соблазан‘ (1. Коринтјаните 1:23).
Савловата реакција на таквото учење била противење со најголема можна одлучност. Требало да се употреби дури и брутална сила во обид да се задуши истото. Тој бил сигурен дека тоа е она што Бог го бара. Опишувајќи го духот што го негувал, Савле рекол: „По ревност — [бев] гонител на Божјата црква, според правдата на Законот — непорочен“. „Прекумерно ја гонев Божјата црква, и ја разорував; и дека во јудејството напредував многу повеќе од мнозина мои врсници, бидејќи бев голем ревнител за татковските преданија“ (Филипјаните 3:6; Галатјаните 1:13, 14).
Главен јунак во прогонството
После смртта на Стефан, Савле веќе не фигурира само како помошник, туку како негов главен поборник. Како таков, сигурно станал озлогласен, бидејќи дури и после неговото преобраќање, кога вложувал напори да им се придружи на учениците, ‚сите се плашеле од него, бидејќи не верувале дека тој е ученик‘. Кога станало јасно дека тој навистина е христијанин, неговото преобраќање станало причина за радост и благодарење меѓу учениците, кои не само што чуле дека некој поранешен противник направил промена во срцето, туку и дека „оној, кој некогаш нив ги гонел, сега ја проповеда верата, која што порано ја разорувал“ (Дела 9:26; Галатјаните 1:23, 24).
Дамаск лежи на околу 220 километри од Ерусалим — седум или осумдневно пешачење. Сепак, „дишејќи уште со застрашувања и убиства против учениците“, Савле отишол кај првосвештеникот и го замолил да однесе писма во синагогите во Дамаск. Зошто? За да може да ги донесе врзани во Ерусалим сите за кои ќе откриел дека припаѓаат на ‚патот‘. Со службено одобрување, тој ѝ ‚пакостел на Црквата, оти одел по куќите и извлекувал луѓе и жени, па ги предавал во затвор‘. Другите ги ‚биел по синагогите‘ и ‚го дал својот глас‘ (NW) (дословно, своето „гласачко камче“) во прилог на нивното погубување (Дела 8:3; 9:1, 2, 14; 22:5, 19; 26:10, NW, фуснота).
Земајќи го предвид школувањето што Савле го добил кај Гамалиил и моќта што сега ја имал, некои изучувачи веруваат дека тој напредувал — од степен кога бил само проучувач на Законот, до степен на применување извесна мера авторитет во јудаизмот. На пример, еден автор претпоставувал дека можеби Савле станал учител во една ерусалимска синагога. Меѓутоа, што се мислело со тоа дека тој ‚го дал својот глас‘ — дали како член на суд или како некој кој ја изразувал својата морална поддршка во погубувањето на христијаните — не можеме да бидеме сигурни. a
Бидејќи во почетокот сите христијани биле Евреи или еврејски прозелити, очигледно Савле го сфатил христијанството како отпадничко движење во рамките на јудаизмот Дела 26:11). Една од методите кои му стоеле на располагање била да ги става в затвор. Друга била камшикувањето во синагогите, вообичаено средство за стега кое можело да се спроведе како строга казна за непослушност спрема рабинскиот авторитет во кој и да било локален суд составен од тројца судии.
и сметал дека официјалниот јудаизам е тој кој треба да ги исправа своите приврзаници. „Не постои веројатност“, вели изучувачот Арланд Џ. Хултгрен, „дека прогонителот Павле би се противел на христијанството поради тоа што гледал на него како на религија која е вон јудаизмот, како на соперник. Тој и другите го сметале христијанското движење за нешто што сѐ уште било подложно на авторитетот на Евреите.“ Затоа, неговата намера била да ги присили самоволните Евреи да се одречат и да се вратат на ортодоксноста, користејќи ги сите средства кои му биле достапни (Секако, Исусовото појавување на Савле на патот за Дамаск го запрело сето тоа. Од свиреп непријател на христијанството, одеднаш Савле станал негов полетен застапник и тоа набргу било доволно за Евреите од Дамаск да ја бараат неговата смрт (Дела 9:1—23). Парадоксално е тоа што како христијанин, Савле требало да претрпи многу работи кои и самиот ги правел како прогонител, така што во подоцнежните години можел да каже: „Од Јудејците примив петпати по четириесет без еден удар“ (2. Коринтјаните 11:24).
Ревноста може да биде насочена во погрешен правец
„Порано бев хулител, гонител и мачител [дрзок човек, NW]“, напишал Савле после своето преобраќање, кога станал подобро познат како Павле. „Но ме помилува, бидејќи тоа го вршев, без да знам, во неверие“ (1. Тимотеј 1:13). Значи, тоа што некој е искрен и активен во религијата, не е гаранција дека има Божје одобрување. Савле бил ревносен и постапувал според совеста, но тоа не направило да биде во право. Неговата огнена ревност била насочена во погрешен правец. (Спореди Римјаните 10:2, 3.) Тоа би требало да нѐ наведе да размислиме.
Многумина денес се цврсто убедени дека доброто однесување е сѐ што бара Бог од нив. Но, дали тоа е сѐ? Би било добро секој да го послуша Павловото силно поттикнување: „Уверете се во сите работи; држете се цврсто за она што е извонредно“ (1. Солунјаните 5:21, NW). Тоа значи да се одвои време за да се стекне точно спознание за Божјата реч на вистината и потоа да се живее во целосен склад со неа. Ако од испитувањето на Библијата сфатиме дека треба да правиме промени, тогаш со сите средства треба да ги правиме без одложување. Можеби малкумина од нас некогаш биле хулители, прогонители или дрски луѓе до онаа мера до која бил Савле. Сепак, само ако постапуваме во склад со верата и со точното спознание ќе можеме, исто како него, да ја добиеме Божјата наклоност (Јован 17:3, 17).
[Фуснота]
a Според книгата The History of the Jewish People in the Age of Jesus Christ (175 B.C.-A.D. 135) — Историјата на еврејскиот народ во времето на Исус Христос (175 пр. н. е. — 135 А. Д.), од Емил Шорер, иако во Мишната нема извештај за постапките на Големиот Синедрион, или Синедрионот од седумдесет и еден член, оние од помалите Синедриони со 23 члена се изложени во најситни детали. Проучувачите на Законот можеле да присуствуваат на судски случаи казниви со смрт кои биле судени од пониските Синедриони, каде што им било дозволено да зборуваат само во прилог на обвинетите, а не против нив. Во случаите во кои не бил вклучен престап кој бил казнив со смрт, можеле да го прават и едното и другото.