Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Исусовото проповедање ,на духовите в затвор‘

Исусовото проповедање ,на духовите в затвор‘

Исусовото проповедање ,на духовите в затвор‘

Во 1. Петрово 3:19, 20, откако го опишал Исусовото воскресние во духовен живот, апостолот вели: „Откако слезе, им проповеда [проповедаше, NW] и на духовите, кои беа во темнина [затвор, NW], и кои некогаш не се покорија, кога Божјата долготрпеливост ги очекуваше, во деновите на Ноја, при правењето на ковчегот“. Коментирајќи за овој текст, Vine’s Expository Dictionary of Old and New Testament Words вели: „Во 1. Петрово 3:19 веројатно се укажува, не на некои радосни вести (бидејќи нема реален доказ дека Ное проповедал за такви вести ниту, пак, постои доказ дека духовите на претпотопните луѓе всушност се ,в затвор‘), туку на делото на Христос после Неговото воскресение кога ја објавил Својата победа над паднатите ангелски духови“ (1981, том 3, стр. 201). Изразот „проповедаше“ (на грчки ke·rysʹso) укажува на објава која може да е не само за нешто добро туку и за нешто лошо, како кога Јона го објавил претстојното уништување на Ниневија. Единствените затворени духови на кои се укажува во Писмото се оние ангели од времето на Ное кои биле ,турнати во веригите на мракот‘ (2. Петрово 2:4, 5) и ,ставени во вечни окови, во мрак за суд на великиот ден“ (Јуда 6). Според тоа, проповедањето од страна на воскреснатиот Исус на таквите неправедни ангели би можело да биде само проповедање на осуда. Може да се забележи дека книгата Откровение која Христос Исус во визија му ја пренел на Јован при крајот на првиот век н. е. содржи многу работи за Сатана Ѓаволот и за неговите демони, како и за нивното конечно уништување, а со тоа и проповедање осуда (Откровение 12—20). Тоа што Петар користи минато време покажува дека тоа проповедање се случило пред да го напише своето прво писмо.