Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Денешната чума на нееднаквост

Денешната чума на нееднаквост

Денешната чума на нееднаквост

„Овие вистини ги сметаме за очигледни, дека сите луѓе се создадени еднакви, дека нивниот Творец ги надарил со извесни неотуѓиви Права, дека меѓу тие права се Животот, Слободата и стремежот кон Среќа“ — Декларација за независност, усвоена од Соединетите Држави во 1776.

„Сите луѓе се родени слободни и со еднакви права“ — Декларација за правата на човекот и граѓанинот, усвоена од Народното собрание на Франција во 1798.

„Сите човечки битија се родени слободни и еднакви во поглед на достоинството и правата“ — Универзална декларација за човекови права, усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации во 1948.

НЕМА сомнение во тоа. Желбата за еднаквост е универзална кај луѓето. Но, за жал, самиот факт што идејата за човечка еднаквост мора да се повторува толку често, покажува дека сѐ до ден-денес еднаквоста го заобиколува човештвото.

Може ли некој со сериозност да каже дека сега, на крајот од 20 век, работите се смениле на подобро? Дали сите граѓани на Соединетите Држави и Франција, или граѓаните на која и да било од 185-те членки на Обединетите нации, навистина уживаат права кои се еднакви на правата со кои наводно се родени?

Иако идејата за еднаквост на сите луѓе можеби е „очигледна“, сепак правата за „Живот, Слобода и стремеж кон Среќа“ ни оддалеку не се еднакви за сите луѓе. На пример, за каква еднаквост во правото на живот можеме да зборуваме кога едно дете во Африка мора да дели еден лекар со 2.569 други луѓе, додека едно дете од Европа го дели само со 289 други? Или, каква еднаквост во правото на слобода и на стремеж кон среќа постои кога околу една третина од момчињата и две третини од девојчињата во Индија ќе пораснат неписмени, додека во земји како што се Јапонија, Германија и Велика Британија, практично на секое дете му е загарантирано образование?

Дали луѓето од земјите на Централна Америка кои имаат доход од 1.380 долари на жител годишно, уживаат исто „достоинство и права“ во животот како луѓето во Франција, каде што тој доход е 24.990 долари на жител? Каква еднаквост ужива едно африканско женско новороденче чиј животен век се очекува да изнесува 56 години, во споредба со женското бебе од Северна Америка чиј животен век се очекува да биде 79 години?

Нееднаквоста има многу лица, и сите тие се грди. Нееднаквоста во животниот стандард и во можностите за здравствена нега и образование се само некои од нив. Понекогаш политичките, расните или религиозните разлики играат пресудна улога во лишувањето на луѓето од нивното достоинство и слобода. И покрај сето зборување за еднаквоста, сепак живееме во еден свет на нееднаквост. Слично на чума — „причина за распространето или големо страдање“, како што е дефиниран тој збор — нееднаквоста го зафаќа секое ниво на човечкото општество. Болката што ја предизвикува таа во облик на сиромаштија, болест, незнаење, невработеност и дискриминација прободува длабоко во срцето.

„Сите луѓе се создадени еднакви.“ Колку убава мисла! Колку само е трагично што реалноста е сосема спротивна.

[Извор на слика на страница 3]

UN PHOTO 152113/SHELLEY ROTNER