Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Толкување на Библијата — под чие влијание?

Толкување на Библијата — под чие влијание?

Толкување на Библијата — под чие влијание?

ЕДНА дефиниција на зборот „толкува“ е „да се сфати во светлина на верувањето, просудувањето или околностите на поединецот“ (Webster’s Ninth New Collegiate Dictionary). Значи, нечие толкување на нешто обично е под влијание на неговата заднина, образование и воспитување.

Но, како е со толкувањето на Библијата? Дали имаме слобода да ги објасниме библиските пасуси според нашето сопствено ‚верување, просудување или околности‘? Секако, повеќето изучувачи и преведувачи на Библијата тврдат дека тие не го прават тоа така, туку дека се водени од Бог.

Пример за тоа е она што е наведено во една фуснота на Јован 1:1 во A New Version of the Four Gospels, издадена во 1836 од Џон Лингард, под псевдонимот „Католик“. Таму вели: „Луѓе со секакви убедувања, потврда за своите карактеристични мислења нашле во светите томови; зашто, всушност, нив не ги информира Писмото, туку тие додаваат сопствено значење на јазикот на Писмото“.

Иако примерот е оправдан, каква била намерата на писателот? Коментарот го дал во поддршка на своето толкување на тој стих кој го превел вака: „Во почетокот беше ‚речта‘; и ‚речта‘ беше кај Бог; и ‚речта‘ беше Бог“ — типичен тринитаријански превод.

Што го навело писателот да го преведе Јован 1:1 во поддршка на тринитаријанската доктрина? Дали ‚Писмото го информира‘ да прави така? Невозможно, бидејќи никаде во Библијата не може да се најде учењето за тројство. Забележи што вели за тоа The New Encyclopædia Britannica: „Во Новиот завет го нема ниту зборот тројство ниту таква јасна доктрина“. Освен тоа, Е. Вошбарн Хопкинс, професор на универзитетот Јејл, забележал: „За Исус и Павле доктрината за тројство изгледа дека била непозната; . . . тие не велат ништо за неа“.

Тогаш, што можеме да заклучиме за оние кои го поддржуваат тринитаријанското толкување на Јован 1:1 или на кој и да било друг библиски стих? Според личниот критериум на г-н Лингард, „нив не ги информира Писмото, туку тие додаваат сопствено значење на јазикот на Писмото“.

За среќа, ние ја имаме Божјата сопствена Реч за да нѐ води во тој поглед. „Знајте го прво тоа“, рекол апостол Павле, „дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување [толкување, NW] на пророкот. Оти никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветувани од Светиот Дух“ (2. Петрово 1:20, 21).