Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Да извлечеме корист од ‚небесниот леб‘

Да извлечеме корист од ‚небесниот леб‘

Да извлечеме корист од ‚небесниот леб‘

КРАТКО после своето чудесно избавување од Египет, Израелците покажале сериозен недостиг на вера во својот Избавител Јехова. Како последица на тоа, Јехова дозволил да талкаат низ пустината Синај 40 години. За сето тоа време, Израелците и ‚многуте други придојдени‘ странци кои им се придружиле, јаделе и пиеле „до наситување“ (2. Мојсеева 12:37, 38). Псалм 77:23—25 ни кажува како било возможно тоа: „Он [Јехова] им заповеда на облаците одозгора и се отворија вратите на небесата, па ги одожди со мана за храна, и им даде леб небесен. Леб ангелски јадеше човекот: Он им испрати храна до наситување“.

Како оној кој ја користел маната, Мојсеј го опишал овој посебен вид храна. Напишал дека наутро, откако ќе ‚паднела роса . . . по пустињата лежело нешто ситно, како коријандер, зрнесто, бело како слана по земјата. И кога ќе го виделе синовите Израилеви, си велеле еден на друг: ‚Што е ова?‘“ или дословно на хебрејски „ман ху“? Веројатно од овој израз потекнал зборот „мана“, името што на таа храна ѝ го дале Израелците. Мојсеј рекол: „Тоа беше како семето коријандрово, бело, а по вкус како медено колаче“ (2. Мојсеева 16:13—15, 31, фуснота NW).

Маната не била храна која се јавувала вообичаено, како што тврдат некои. Во нејзиното обезбедување била вклучена натприродна сила. На пример, нејзината достапност не била ограничена со локацијата или со годишното време. Доколку се чувала прекуноќ, се намножувале црви и почнувала да смрди; а сепак, двојната порција која секое семејство ја собирало на денот пред седмичниот Сабат не се расипувала, па затоа можела да се јаде на Сабатот — денот во кој не се појавувала мана. Секако, маната била една чудесна подготовка (2. Мојсеева 16:19—30).

Спомнувањето на ‚моќни‘ (NW), односно ‚ангели‘ во Псалм 77, укажува дека Јехова можеби користел ангели за да ја обезбеди маната (Псалм 78:25, фуснота NW). Како и да било, луѓето ја имале секоја причина да му бидат благодарни на Бог за неговата љубезност. Меѓутоа, повеќето од нив покажале неблагодарен став токму кон Оној кој ги избавил од ропството во Египет. Може да се случи и ние да почнеме да ги сфаќаме Јеховините подготовки сами по себе разбирливи или дури да станеме неблагодарни доколку пропуштиме да медитираме за неговата срдечна љубезност. Затоа, можеме да бидеме благодарни што Јехова го вклучил записот за избавувањето на Израел, а и за подоцнежните настани, заради „наша поука“ (Римјаните 15:4).

Поуката за Израел им користи на христијаните

Кога Јехова ја обезбедил маната, тој имал на ум повеќе отколку само да ги задоволи физичките потреби на три милиони Израелци. Сакал ‚да ги смири [понизи, NW] и да ги искуша‘ со цел да ги прочисти и дисциплинира за нивна корист (5. Мојсеева 8:16; Исаија 48:17). Доколку се одѕвиеле на тоа прочистување и на таа дисциплина, Јехова со задоволство ‚ќе им направел потоа добро‘, давајќи им мир, просперитет и среќа во Ветената земја.

Една животоважна работа која требало да ја научат била таа дека „човекот не живее само од леб, но човекот живее и од секој збор [изјава, NW] што излегува од устата на Господа [Јехова, NW]“ (5. Мојсеева 8:3). Да не ја обезбедел Бог маната, луѓето би гладувале — факт што тие спремно го признале (2. Мојсеева 16:3, 4). Израелците кои имале ценење, секојдневно биле потсетувани на нивната потполна зависност од Јехова и затоа биле понижени. Била помала веројатноста дека тие би го заборавиле Јехова и својата зависност од него штом би се нашле во Ветената земја со нејзиното материјално изобилие.

Слично на Израелците, христијаните мораат да останат свесни за својата зависност од Бог за неопходните работи во животот — физичките и духовните (Матеј 5:3; 6:31—33). Како одговор на едно од искушенијата од Ѓаволот, Исус Христос ги цитирал зборовите на Мојсеј кои се наоѓаат во 5. Мојсеева 8:3, велејќи: „Напишано е — ‚Не само од леб ќе живее човекот, а и од секој збор [изјава, NW] што излегува од устата на Бога [Јехова, NW]‘“ (Матеј 4:4). Да, вистинските обожаватели на Бог се хранат така што ги читаат Јеховините изјави кои се наоѓаат во неговата Реч. Освен тоа, нивната вера се зајакнува кога во својот живот ги доживуваат корисните ефекти од овие изјави додека одат со Бог и ги ставаат интересите на неговото Царство на прво место.

Несовршените луѓе можат да го изгубат ценењето за работите кои стануваат рутински дел од животот — па дури и ако тие работи се одраз на Јеховината грижа полна со љубов. На пример, натприродната подготовка со маната во почетокот за Израелците била и зачудувачка и им причинувала задоволство, но со текот на времето многумина од нив почнале да се жалат. „Во душата ни омрзна таа лоша храна“, стенкале тие без почитување — показател дека почнале да ‚отстапуваат од живиот Бог‘ (4. Мојсеева 11:6; 21:5; Евреите 3:12). Затоа, нивниот пример служи како „поука [предупредување, NW] на нас, до кои стигна крајот на вековите“ (1. Коринтјаните 10:11).

Како можеме да го земеме при срце овој предупредувачки пример? Еден начин е ако никогаш не дозволиме библиските учења или подготовки кои ги добиваме преку класата на верниот и разборит роб да ни станат нешто вообичаено т. е. секојдневие (Матеј 24:45). Штом почнеме да ги сфаќаме Јеховините дарови сами по себе разбирливи или ни здодее од нив, тогаш нашиот однос со него почнува да се лади.

Со добра причина Јехова не нѐ преплавува со постојан порој од возбудливи нови работи. Напротив, тој постепено, прогресивно фрла зголемена светлина врз својата Реч (Изреки 4:18). Ова му дозволува на неговиот народ да ги впие и да ги спроведе во пракса работите што ги учи. Исус го следел примерот на својот Татко кога ги поучувал своите први ученици. Им ја објаснувал Божјата реч онолку ‚колку што можеле да слушаат‘ или ‚разберат‘, како што тоа го изразуваат некои преводи (Марко 4:33; спореди Јован 16:12).

Зајакни го своето ценење за Божјите подготовки

Исус користел и повторување. Секако, умот може лесно да сфати извесна поента — на пример, некое библиско начело — но, да се земе таа при срце и да се направи дел од христијанската „нова личност“ (NW) може да трае малку подолго, особено ако старите световни патишта и ставови се длабоко утврдени (Ефесјаните 4:22—24). Тоа сигурно било случај со Исусовите ученици кога станувало збор за совладување на гордоста и за развивање на понизноста. Исус морал да ги поучува за понизноста во неколку прилики, секојпат изнесувајќи ја истата основна поента од поинаков агол за да може да им влезе в глава — што на крај и се случило (Матеј 18:1—4; 23:11, 12; Лука 14:7—11; Јован 13:5, 12—17).

Во денешно време, христијанските состаноци и публикациите на Watch Tower го следат Исусовиот пример во добро промислената употреба на повторување. Затоа, да го цениме ова како израз на Божјата љубезна грижа кон нас и никогаш да не се умориме од она што го добиваме, како што Израелците се умориле од маната. Навистина, додека стрпливо се посветуваме на тоа да ги впиваме Јеховините редовни потсетници, ќе видиме убави плодови во својот живот (2. Петрово 3:1). Ваквиот став на ценење покажува дека ние навистина ја ‚сфаќаме смислата‘ на Божјата реч во своите срца и во своите умови (Матеј 13:15, 19, 23). Во врска со тоа имаме убав пример ни е псалмистот Давид кој, иако ја немал разновидната духовна храна која ја добиваме ние денес, сепак Јеховините закони ги опишал како ‚послатки од восочен мед‘! (Псалм 18:10).

„Мана“ која дава вечен живот

„Јас сум лебот на животот“, им рекол Исус на Евреите. „Татковците ваши јадеа мана во пустињата и умреа . . . Јас сум живиот леб што слезе од небото; кој јаде од овој леб, ќе живее вечно; а лебот што ќе го дадам Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот“ (Јован 6:48—51). Дословниот леб или мана не дале, а и не можат да дадат вечен живот. Но, оние кои практикуваат вера во Исусовата откупна жртва на крај ќе се радуваат на благословот — вечен живот (Матеј 20:28).

Мнозинството од оние кои извлекуваат корист од Исусовата откупнина ќе уживаат вечен живот на рајска Земја. Едно „големо мноштво“ од нив — предочени со ‚многуте други придојдени‘ странци кои им се придружиле на Израелците во нивното излегување од Египет — ќе ја преживеат претстојната „голема неволја“ (NW) која ќе ја ослободи Земјата од целокупната злоба (Откровение 7:9, 10, 14; 2. Мојсеева 12:38). Уште поголема награда ќе уживаат оние кои биле навестени со самите Израелци. Апостол Павле ги опишал таквите, чиј број е 144.000, дека го сочинуваат духовниот Израел Божји. Нивната награда при смртта е воскресение за живот на небото (Галатјаните 6:16; Евреите 3:1; Откровение 14:1). Таму Исус ќе им даде еден посебен вид мана.

Значењето на „сокриената мана“

„На оној, што победува, ќе му дадам да јаде од сокриената мана“, му рекол воскреснатиот Исус на духовниот Израел (Откровение 2:17). Оваа симболична сокриена мана потсетува на маната која Бог му заповедал на Мојсеј да ја чува во златен сад во светиот ковчег на заветот. Ковчегот бил чуван во Најсветиот оддел од табернакулот. Таму бил надвор од видикот, скриен, така да се каже. Чувана како потсетник, оваа мана не се расипувала додека била во ковчегот, така што можела да биде пригоден симбол за неисцрпноста на резервите на храна (2. Мојсеева 16:32; Евреите 9:3, 4, 23, 24). Давајќи им на тие 144.000 сокриена мана, Исус гарантира дека ќе добијат бесмртност и нераспадливост како духовни Божји синови (Јован 6:51; 1. Коринтјаните 15:54).

„Во Тебе [Јехова] е изворот на животот“, рекол псалмистот (Псалм 35:9). Колку само добро подготовката за маната — како дословната така и симболичната — повторно ја потврдува таа основна вистина! Маната која Бог му ја давал на древниот Израел, фигуративната мана што ја обезбедил во облик на Исусовото тело дадено во наша корист и симболичната сокриена мана што преку Исус им ја дава на 144.000, нѐ потсетува сите нас дека во однос на животот сме потполно зависни од Бог (Псалм 38:5, 7). Нека понизно, скромно и редовно ја признаваме оваа зависност. За возврат, пак, Јехова ‚потоа ќе ни направи добро‘ (5. Мојсеева 8:16).

[Слики на страница 26]

Во однос на добивањето вечен живот, сите луѓе се зависни од ‚живиот леб кој слегол од небото‘

[Слика на страница 28]

Присуството на сите христијански состаноци го одразува нашето ценење за Јеховините потсетници