Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Дали неодамнешните изданија на Стражарска кула ти беа од практична вредност? Тогаш, зошто не го провериш своето сеќавање со следниве прашања:

◻ Кои две прашања им помогнале на многу христијани кои се соочувале со одлуки околу вработувањето да донесат лична одлука?

Првото клучно прашање е: Дали самата таа световна работа е осудена во Библијата? Второто прашање е: Дали вршењето на таа работа би направило лицето да биде соучесник во некоја практика што се осудува? (15. 4., страница 28).

◻ На кој начин ‚човечката творба е подложена на ништожност‘? (Римјаните 8:20NW).

Ние сме ‚подложени на ништожност‘ поради постапките на нашите прародители Адам и Ева. Тоа не се случило ‚по [наша] волја‘ или како резултат на личен избор на поединецот. Сме го наследиле. Милосрдно е тоа што иако нашите прародители сега можеле да пренесат само несовршеност, грев и смрт, Јехова им дозволил да имаат деца. Смртта се раширила на сите луѓе, па во таа смисла Бог ‚ја подложил [творбата] на ништожност‘ (1. 5., страница 5).

◻ Зошто е логично да се рече дека ќе има едно идно ‚стоење на свето место‘ од страна на ‚одвратната работа‘? (Матеј 24:15NW).

Во древниот образец ‚одвратната работа што стои на свето место‘ била поврзана со римскиот напад под генерал Гал во 66 н. е. Современата паралела на тој напад — избивањето на ‚големата неволја‘ (NW) — е сѐ уште пред нас (Матеј 24:21). Значи, „одвратната работа што предизвикува опустошување“ допрва ќе застане на свето место (1. 5., страници 16, 17).

◻ Како би можеле таткото и мајката кои се вработени да најдат време за своите деца?

Мајката која се чувствува исцрпена после работниот ден, би можела да ги замоли децата да подготвуваат оброк заедно со неа. Таткото кој има цел список работи кои треба да ги заврши за време на викендот би можел да заврши некои од тие домашни работи со своите деца (15. 5., страница 6).

◻ Што мораат да прават оние кои ‚одат по Јеховиниот пат‘? (Јеремија 7:23NW).

Одењето по Јеховиниот пат бара лојалност — одлучност да му се служи само нему. Тоа бара доверба — целосна вера дека Јеховините ветувања се веродостојни и дека ќе се обистинат. Одењето по Јеховиниот пат бара послушност — следење на неговите закони без скршнување и држење на неговите високи мерила (Псалм 10:7; 15. 5., страница 14).

◻ Кои четири важни одговорности можат да ги исполнат ‚даровите во облик на луѓе‘? (Ефесјаните 4:8NW).

Тие нежно нѐ исправаат, со љубов нѐ изградуваат, придонесуваат кон нашето единство во собранието и храбро нѐ штитат (Ефесјаните 4:12—14; 1. 6., страница 14).

◻ Што можеме да научиме од тоа што Павле се дружел со околу сто поединци кои се спомнати во Дела и во неговите писма?

Треба секогаш да соработуваме со Божјата организација, со нашето локално собрание и со соверниците. Нам ни е потребна нивната помош, поддршка и утеха како во добро така и во тешко време (1. 6., страница 31).

◻ Кои три правци на расудување би можеле да ги користиме кога им помагаме на другите да размислуваат за Творецот?

Прецизноста која се гледа во пространиот универзум, потеклото на животот на Земјата и непобитната уникатност на човечкиот мозок со неговите различни способности (15. 6., страница 18).

◻ Зошто е толку важно да се разбере значењето на личното име на Творецот?

Божјето име значи „Тој предизвикува да стане“ и нагласува дека тој и наумува и дејствува. Со тоа што го знаеме и го користиме неговото име, можеме подобро да сфатиме дека тој ги исполнува ветувањата и активно ја остварува својата намера (15. 6., страница 21).

◻ Како децата можат да бидат вклучени во семејната библиска студија?

Онаму каде што е можно, погрижете се секое дете да си има своја Библија и своја публикација за проучување. Еден младинец би можел да биде замолен да ги објасни сликите кои се појавуваат во студискиот материјал, а на некое дете може однапред да му се додели да прочита некој стих. На постарото може да му се додели да истакне во кои прилики може практично да се примени студискиот материјал (1. 7., страница 15).

◻ Кои се некои цели кои едно семејство би можело да ги вклучи во подготовката за собраниските состаноци?

1) Секој од семејството да биде спремен да коментира на состаноците; 2) секој да работи на тоа да коментира со сопствени зборови; 3) во коментарите да се вклучуваат стихови и 4) да се анализира материјалот со цел лично да се примени (1. 7., страница 20).

◻ Кој е клучот за добар брак?

За да се отворат и вкусат скапоцените радости од добриот брак, неопходен дел е добрата комуникација. Тоа вклучува споделување чувства и идеи. Здравата комуникација налага работи кои се изградувачки, освежувачки, доблесни, за пофалба и утешителни (Ефесјаните 4:29—32; Филипјаните 4:8; 15. 7., страница 21).

◻ Што е ‚Јеховиниот пат‘? (Псалм 25:8, 9, 12NW).

Тој пат е патот на љубовта. Се темели на правење на она што е исправно според Божјите мерила. Примената на оваа начелна љубов Библијата ја нарекува „ненадминлив пат“ (1. Коринтјаните 12:31NW; 1. 8., страница 12).