Јехова е мој гребен
Јехова е мој гребен
РАСКАЖАЛ ЕМАНУЕЛ ЛИОНУДАКИС
Мајка ми се намурти и ми рече: „Ако останеш при твојата одлука, тогаш ќе мораш да го напуштиш овој дом“. Одлучив да го проповедам Божјето Царство полновремено. Меѓутоа, моето семејство не можеше да го поднесе понижувањето кое го трпеше поради моите чести апсења.
МОИТЕ родители беа понизни и богобојазливи луѓе. Живееја во селото Дулијана, во западниот дел на грчкиот остров Крит, каде што сум и роден во 1908 година. Уште од младоста ме поучуваа да се плашам од Бог и да го почитувам. Ја сакав Божјата реч, иако никогаш не бев видел Библија во рацете на учителите ниту, пак, на грчките православни свештеници.
Откако еден сосед ги прочита шесте томови од Studies in the Scriptures (Студии на Писмото) од Ч. Т. Расел и книгата The Harp of God (Харфа Божја), одушевено ја сподели со мене нивната просветлувачка библиска содржина. Тие книги беа издадени од Библиските студенти, како што тогаш се нарекуваа Јеховините сведоци. Радо набавив Библија и примероци од тие книги од канцеларијата на Watch Tower Society во Атина. Сѐ уште се сеќавам како останувавме до доцна во ноќта со овој сосед, молејќи му се на Јехова и на светлост од свеќа длабоко впивајќи го Писмото со помош на тие публикации.
Кога почнав да го споделувам моето новопронајдено библиско спознание со другите имав 20 години и работев како наставник во едно соседно село. Наскоро, во Дулијана нѐ имаше четворица кои одржувавме редовни состаноци за проучување на Библијата. Исто така, дистрибуиравме трактати, брошури, книги и Библии за да им помогнеме и на другите луѓе да научат за единствената надеж за човештвото, Царството Божје.
Во 1931 бевме меѓу илјадниците ширум светот кои го усвоија библиски темеленото име Јеховини сведоци (Исаија 43:10). Во текот на следната година, учествувавме во една информативна кампања, објаснувајќи им го на властите нашето ново име и неговото значење. Ова вклучуваше на секој свештеник, судија, полициски службеник и бизнисмен во нашето подрачје да му се дистрибуира една брошура во врска со тоа.
Дела 5:29: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето“. Подоцна, во 1932, еден претставник на Watch Tower ја посети нашата мала група во Дулијана, и тогаш сите четворица се крстивме.
Како што и очекувавме, свештенството подбуцна бран на прогонство. При моето прво апсење, бев осуден на 20 дена затвор. Набрзо откако ме ослободија, бев повторно уапсен и осуден на еден месец затвор. Кога еден судија побара да престанеме да проповедаме, одговоривме со зборовите одНаоѓам духовно семејство
Поради мојата желба да сторам повеќе во делото на проповедање, дадов отказ на мојата служба како наставник. Тоа беше премногу за мајка ми. Таа побара да го напуштам домот. Со одобрување од канцеларијата на подружницата на Watch Tower во Атина, еден великодушен христијански брат од градот Хераклион (Крит) радо ме прими во својот дом. Во август 1933, браќата од моето родно село, заедно со некои интересенти, дојдоа на автобуската станица за да се збогуваме. Ова беше многу трогателен момент, и сите плачевме, бидејќи не бевме сигурни кога повторно ќе се видиме.
Во Хераклион станав дел од едно духовно семејство полно со љубов. Таму имаше тројца други христијански браќа и една сестра со кои редовно се состанувавме за проучување и обожавање. Можев од прва рака да го доживеам исполнувањето на Исусовото ветување: „Нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или имот, заради Мене и Евангелието, а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи, и браќа, и сестри, и татко, и мајка“ (Марко 10:29, 30). Мојата доделба беше да проповедам во тој град и во блиските села. Откако го обработив градот, се преселив да ги обработувам околиите на Хераклион и на Ласитион.
Осамен пионер
Поминував многу часови патувајќи од село до село. Освен тоа, морав да носам по неколку килограми печатен материјал со оглед на тоа што пратките со литература
не беа баш чести. Бидејќи немав каде да преспијам, ќе отидев во некоја кафеана во селото, чекајќи додека не си замине и последниот гостин — обично после полноќ — ќе преспиев на каучот, и следното утро станував многу рано, пред газдата да почне со послужувањето пијалаци. Тие каучи со мене ги делеа и безброј болви.Иако реакцијата на луѓето обично беше ладна, бев среќен што можев да му ја дадам на Јехова мојата младешка енергија. Кога ќе најдев некој човек кој се интересираше за библиската вистина, се обновуваше мојата одлучност да продолжам со оваа животоспасувачка служба. Дружењето со моите духовни браќа исто така ме освежуваше. Се состанував со нив откако ќе бев отсутен 20 до 50 дена, зависно од тоа колку далеку од градот Хераклион проповедав.
Сѐ уште живо се сеќавам како едно попладне се чувствував многу осамен, особено кога помислив дека моите христијански браќа и сестри во Хераклион таа вечер ќе го имаат својот редовен состанок. Имав толку силна желба да ги видам што одлучив да ги пропешачам оние над 25 километри кои ме одвојуваа од нив. Никогаш не сум пешачел толку брзо. Колку само беше утешително што можев да се радувам на пријатното дружење со моите браќа таа вечер и — така да се каже — да си го наполнам духовниот резервоар!
Набрзо моите трудољубиви напори во проповедањето почнаа да донесуваат плодови. Како и во деновите на апостолите, „Господ секој ден ја умножуваше Црквата со оние што сакаа да се спасат“ (Дела 2:47). Бројот на Јеховини обожаватели на Крит почна да расте. Како што и други ми се придружуваа во службата, повеќе не се чувствував осамен. Поднесувавме физички тешкотии и жестоко прогонство. Наша секојдневна храна беше леб, со по некое јајце, маслинки или зеленчук кои во замена за литература можевме да ги добиеме од оние на кои им проповедавме.
Во градот Иерапетра, во југоисточниот дел на Крит, му сведочев на Минос Кокинакис, трговец со ткаенини. И покрај тоа што упорно се обидував да започнам библиска студија со него, тој имаше малку време поради својот презафатен начин на живеење. Меѓутоа, кога конечно реши сериозно да ја сфати својата студија, направи драстични промени во животот. Стана и еден многу ревносен и активен објавител на добрата вест. Емануел Патеракис, 18-годишен дечко вработен кај Кокинакис, беше импресиониран од тие промени и набрзо побара библиска литература. Колку само бев среќен што можев да го видам како чекор по чекор постојано духовно напредува и на крај станува мисионер! a
Во меѓувреме, собранието во моето село продолжи да расте и веќе имаше 14 објавители. Никогаш нема да го заборавам денот кога добив писмо од мојата телесна сестра Деспина, со кое ме извести дека таа и моите родители ја прифатиле вистината и веќе биле крстени Јеховини обожаватели!
Поднесувам прогонство и изгнанство
Грчката православна црква започна да гледа на нашата проповедничка активност како на напаст од разорувачки скакулци, и беше одлучна да нѐ разбие. Во март 1938 бев одведен пред јавниот обвинител кој побара веднаш да го напуштам тоа подрачје. Му одговорив дека нашата проповедничка активност всушност е корисна и дека нашето дело го заповедал еден повисок авторитет, нашиот Цар Исус Христос (Матеј 28:19, 20; Дела 1:8).
Следниот ден бев повикан во локалната полициска станица. Таму ме информираа дека сум етикетиран како опасен за јавноста и бев осуден на една година изгнанство на егејскиот остров Аморгос. После неколку дена, со лисици на рацете, со чамец бев префрлен на тој остров. На Аморгос немаше други Сведоци на Јехова. Замисли си го моето изненадување кога, после шест месеци, дознав дека на тој остров е изгнан и еден друг Сведок! Кој би можел да биде тој? Минос Кокинакис, мојот библиски студент од Крит. Колку само бев среќен што имав духовен другар! После некое време, имав предност да го крстам во водите на Аморгос. b
Набрзо по враќањето на Крит, пак бев уапсен, и овојпат бев изгнан шест месеци во гратчето Неаполис на овој остров. По истекувањето на моето шестмесечно изгнанство, бев уапсен на десет дена, а потоа испратен четири месеци на еден остров кој беше резервиран за изгнаните комунисти. Сфатив колку се вистинити зборовите на апостол Павле: „Сите, што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети [прогонувани, NW]“ (2. Тимотеј 3:12).
Пораст и покрај противењето
Кога Германците ја окупираа Грција, во текот на годините 1940—1944, нашата проповедничка активност речиси замре. Меѓутоа, Јеховиниот народ во Грција брзо се реорганизира и одново почнавме со проповедничката активност. Обидувајќи се да го надоместиме изгубеното време, активно и ревносно продолживме со делото за Царството.
Како што и очекувавме, повторно се разгоре религиозно противење. Грчките православни свештеници доста често го земаа законот во свои раце. Во едно село, еден свештеник подбуцна толпа против нас. Самиот свештеник почна да ме тепа додека неговиот син го правеше истото одзади. Поитав до една блиска куќа за да се заштитам, а мојот придружник во проповедањето беше одвлечкан на јавниот селски плоштад.
Таму напаѓачите ја искинале неговата литература, а една жена од својот балкон врескала: „Убијте го!“ На крај, еден лекар и еден полицаец кој беше на поминување ни притекнаа на помош.Подоцна, во 1952, бев повторно уапсен и осуден на четири месеци изгнанство, кое го одлежав во Кастели Кисамос (Крит). Веднаш после тоа, добив обука за да ги посетувам собранијата и да ги зајакнувам духовно. Откако поминав две години во овој вид патувачко дело, се оженив со една верна христијанска сестра која имаше исто име како и мојата сестра, Деспина, и која е лојален обожавател на Јехова сѐ до ден-денес. После свадбата бев доделен како специјален пионер во градот Канија (Крит) каде што сѐ уште служам.
Во текот на речиси 70-те години кои ги поминав во полновремена служба, го обработив поголемиот дел од Крит — остров од 8.300 квадратни километри кој се протега во должина од околу 250 километри. Најмногу ме усреќува кога гледам како од една рака Сведоци на овој остров, колку што беа во 1930-тите, денес бројот порасна на повеќе од 1.100 активни објавители на Божјето Царство. Му благодарам на Јехова што ми даде прилика да имам учество во помагањето на многумина од нив да добијат точно спознание од Библијата и прекрасна надеж за иднината.
Јехова, „Оној кој ми дава излез“
Искуството ме научи дека за да им се помогне на луѓето да го запознаат вистинскиот Бог, потребни се истрајност и стрпливост. Јехова великодушно ги обезбедува овие особини кои се многу потребни. Во текот на моите 67 години поминати во полновремена служба, честопати размислував за зборовите на апостол Павле: „Во сѐ се препорачуваме за служители Божји, со големо трпение, во неволи, во нужди, во тескоби, при рани, во темници, во скитања, во напори, во бденија, во пости“ (2. Коринтјаните 6:4, 5). Особено во текот на моите први години во службата, финансиската состојба ми беше многу лоша. Меѓутоа, Јехова никогаш не нѐ напушти мене и моето семејство. Тој се покажа како доследен и моќен Помошник (Евреите 13:5, 6). Секогаш ја гледавме неговата љубезна рака како во собирањето на неговите овци така и во грижата за нашите потреби.
Кога ќе се осврнам наназад и ќе видам дека, во духовна смисла, пустината расцутела, уверен сум дека мојата работа не беше залудна. Младешката енергија ја потрошив на најкорисен начин. Мојата кариера во полновремената служба беше посмисловна од кое и да е друго тежнеење. Сега, кога сум во напредната старост, можам со цело срце да ги охрабрам помладите да ‚си спомнуваат за својот Творец во дните на младоста своја‘ (Проповедник 12:1).
И покрај тоа што имам 91 година, сѐ уште можам да посветувам по повеќе од 120 часа месечно во делото на проповедање. Секој ден станувам во 7.30 часот и им сведочам на луѓето по улиците, во продавниците или во парковите. Просечно давам по 150 списанија месечно. Проблемите со слухот и со памтењето што сега ги имам ми го отежнуваат животот, но моите духовни браќа и сестри полни со љубов — моето огромно духовно семејство — како и семејствата на моите две ќерки, се покажуваат како вистинска поддршка.
Пред сѐ, научив да ја полагам својата доверба во Јехова. Цело време, тој се покажуваше како „мој гребен, моја тврдина и Оној кој ми дава излез“ (Псалм 18:2, NW).
[Фусноти]
a За животната приказна на Емануел Патеракис, види Стражарска кула од 1 ноември 1996, страници 22—27.
b За законската победа во која беше вклучен Минос Кокинакис, види Стражарска кула од 1 септември 1993, страници 27—31. Минос Кокинакис умре во јануари 1999.
[Слики на страници 26 и 27]
Долу: со мојата сопруга; лево: во 1927; на другата страница: со Минос Кокинакис (лево) и со еден друг Сведок на Акропол во 1939, набрзо откако се вративме од изгнанство