Дали Ѓаволот нѐ разболува?
Дали Ѓаволот нѐ разболува?
БОЛЕСТА НЕ ТРЕБАЛО НИКОГАШ ДА ПОСТОИ. Бог нѐ создал за да живееме засекогаш во совршено здравје. Сатана, едно духовно суштество, бил тој кој предизвикал болеста, болката и смртта да го измачуваат човечкото семејство со тоа што ги навел на грев нашите прародители, Адам и Ева (1. МОЈСЕЕВА 3:1—5, 17—19; РИМЈАНИТЕ 5:12).
ДАЛИ ова значи дека сите болести се директна последица од некакво мешање на духовниот свет? Како што беше забележано во претходната статија, денес многумина мислат така. Така мислела и бабата на малечката Омаџи. Но, дали дијареата на Омаџи — болест која понекогаш е смртоносна за малите деца во тропските предели — навистина била предизвикана од невидливи духови?
Улогата на Сатана
Библијата многу јасно одговара на ова прашање. Како прво, таа покажува дека духовите на нашите предци не можат да влијаат врз живите. Кога луѓето умираат, „ништо не знаат“. Тие немаат дух кој ја преживува смртта. Спијат во гробот каде што „нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост“ (Проповедник 9:5, 10). Мртвите на никаков начин не можат да ги разболат живите!
Меѓутоа, Библијата открива дека зли духови навистина постојат. Прв бунтовник во целиот универзум бил духовното суштество кое сега е познато како Сатана. Нему му се придружиле и други кои биле наречени демони. Дали Сатана и демоните можат да предизвикаат болест? Тоа се случило. Некои од Исусовите чуда на лечење вклучувале истерување демони (Лука 9:37—43; 13:10—16). Меѓутоа, повеќето од лечењата кои ги извршил Исус биле болести кои не биле директно предизвикани од демоните (Матеј 12:15; 14:14; 19:2). Слично и денес, по правило, болеста е последица од природни, а не од натприродни причини.
А што е со магијата? Изреки 18:11 нѐ уверува: „Името на Господа е цврста кула: ако во неа побегне праведник, во безопасност е“. Јаков 4:7 вели: „Противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас!“ Да, Бог може да ги заштити своите верни од магии и од каква и да било друга необјаснива моќ. Тоа е едно од значењата на Исусовите зборови: „Вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32).
‚А што е со Јов?‘, можеби прашуваат некои. ‚Зарем не го разболел еден зол дух?‘ Да, Библијата вели дека болеста на Јов ја предизвикал Сатана. Но, случајот на Јов бил исклучок. Тој долго време ја имал божествената заштита од директен демонски напад. Потоа, Сатана го предизвикал Јехова да му дозволи да го удри Јов, и бидејќи биле вклучени важни спорни прашања, Јехова делумно ја повлекол својата заштита од својот обожавател само во овој случај.
Меѓутоа, Бог поставувил граници. Кога дозволил Сатана да му нанесе болка на Јов, Сатана можел да го разболи Јов за некое време, но не смеел да го убие (Јов 2:5, 6). На крај, страдањата на Јов завршиле, и Јехова богато го наградил заради неговиот интегритет (Јов 42:10—17). Начелата кои се докажале со Јововиот интегритет уште одамна се запишани во Библијата и се очигледни за сите. Нема потреба од некоја друга таква експериментална парница.
Како дејствува Сатана?
Речиси во секој пример, единствената поврзаност меѓу Сатана и човечката болест е фактот што Сатана го искушал првиот човечки пар, и тој западнал во грев. Тој и неговите демони не се директна причина за сите болести. Меѓутоа, на Сатана не му е под чест да се обиде да влијае врз нас за да донесуваме немудри одлуки и да ја искомпромитираме својата вера, што би можело да му наштети на нашето здравје. Тој не ги маѓепсал, убил или удрил Адам и Ева со болест. Тој ја убедил Ева да му биде непослушна на Бог, а Адам го следел нејзиниот пат на непослушност. Дел од исходот биле болеста и смртта (Римјаните 5:19).
Еднаш моавскиот цар најмил еден неверен пророк по име Валаам за да ја проколне израелската нација која заканувачки се улогорила на моавските граници. Валаам се обидел да го проколне Израел, но не успеал бидејќи нацијата била под Јеховина заштита. Потоа Моавците пробале да го намамат Израел да изврши идолопоклонство и сексуален неморал. Оваа тактика успеала, и Израел ја изгубил Јеховината заштита (4. Мојсеева 22:5, 6, 12, 35; 24:10; 25:1—9; Откровение 2:14).
Од тој древен настан можеме да научиме една важна лекција. Божествената помош претставува заштита за верните Божји обожаватели од директните напади на злите духови. Меѓутоа, Сатана може да се обиде да наведе поединци да ја искомпромитираат својата вера. Можеби ќе се обиде да ги намами на неморал. Или, пак, како лав што рика, можеби ќе се обиде да ги заплаши, па да дејствуваат на начин кој ќе ги лиши од Божјата заштита (1. Петрово 5:8). Од таа причина апостол Павле го нарекува Сатана „оној, што ја има власта над смртта [да предизвика смрт, NW]“ (Евреите 2:14).
Бабата на Омаџи се обидела да ја убеди Хава да користи амајлии и фетиши како заштита од болеста. Што би се случило доколку Хава попуштела? Ќе покажела недостиг на потполна доверба во Јехова Бог и повеќе не ќе можела да биде сигурна во неговата заштита (2. Мојсеева 20:5; Матеј 4:10; 1. Коринтјаните 10:21).
Сатана пробал да го убеди и Јов. Тоа што го лишил од семејството, богатството и здравјето не било доволно. Јов добил и еден многу лош совет од својата сопруга кога таа му рекла: „Проколни го Бог и умри!“ (Јов 2:9, NW). Потоа, Јов бил посетен од тројца „пријатели“ кои вложиле заеднички напор да го уверат дека самиот си е виновен за својата болест (Јов 19:1—3). На тој начин Сатана ја искористил ослабнатата состојба на Јов за да се обиде да го обесхрабри и да ја расколеба неговата доверба во Јеховината праведност. Сепак, Јов и понатаму се ослонувал на Јехова како на своја единствена надеж. (Спореди Псалм 55:22, NW.)
Кога сме болни, и ние можеме да паднеме во депресија. Во една таква ситуација, Сатана брзо ќе се обиде да дејствува на начин кој би ја компромитирал нашата вера. Затоа, кога ќе нѐ нападне болест, важно е да задржиме на ум дека основна причина за нашето страдање веројатно е наследената несовршеност, а не некакво необјасниво влијание. Запомни, неколку години пред својата смрт верниот Исак ослепел (1. Мојсеева 27:1). Причина за тоа не биле злите духови туку староста. Рахил умрела за време на породувањето, но не поради Сатана, туку поради човечка слабост (1. Мојсеева 35:17—19). На крај, сите верни од старо време умреле — не поради уроци или клетви, туку поради наследената несовршеност.
Претпоставката дека невидливите духови имаат директно влијание врз секоја болест која може да нѐ снајде е замка. Таа 2. Коринтјаните 6:15). Треба да бидеме водени од страв од Бог полн со почит, а не од суеверен страв од неговиот Непријател (Откровение 14:7).
може да влее болен страв од духовите. И тогаш, доколку се разболиме, можеби ќе паднеме во искушение да се обидеме да ги смириме демоните наместо да се држиме подалеку од нив. Доколку Сатана успее да нѐ заплаши за да почнеме да прибегнуваме кон спиритистички практики, тоа ќе биде предавство на вистинскиот Бог Јехова (Малата Омаџи веќе ја има најдобрата можна заштита од злите духови. Според апостол Павле, Бог ја смета за ‚света‘ бидејќи има мајка верник која може да го моли Бог да биде со нејзината ќерка преку светиот дух (1. Коринтјаните 7:14). Благословена со ваквото точно спознание, Хава можела да побара делотворно лечење за Омаџи наместо да се ослонува на амајлии.
Различни причини за болестите
Повеќето луѓе не веруваат во духови. Кога се разболуваат, одат на лекар — доколку можат да си го дозволат тоа. Секако, болниот може да отиде на лекар и пак да не биде излечен. Лекарите не можат да прават чуда. Но, многумина суеверни поединци кои би можеле да се излечат, одат на лекар дури кога е предоцна. Тие најпрвин пробуваат со спиритистички методи на лечење, и кога овие методи не успеваат, тогаш, како последно средство одат на лекар. Многумина непотребно умираат.
Други, пак, се соочуваат со предвремена смрт поради незнаење. Тие не ги препознаваат симптомите и не знаат кои практични чекори да ги преземат за да ја спречат болеста. Знаењето помага да се спречи непотребното страдање. Вреди да се спомне дека писмените мајки поретко ги губат децата поради болест отколку оние кои се неписмени. Да, незнаењето може да биде смртоносно.
Немарноста е уште една причина за болест. На пример, многумина се разболуваат бидејќи дозволуваат врз храната да лазат инсекти пред таа да се јаде или бидејќи некои не си ги мијат рацете пред да подготвуваат оброк. Спиењето без мрежа за комарци во региони кои се заразени со маларија е исто така опасно. a Во врска со здравјето, честопати е точно тоа дека „подобро е да се спречи отколку да се лечи“.
Еден немудар начин на живеење предизвикал милиони луѓе да се разболат и предвреме да умрат. Пијанството, сексуалниот неморал, злоупотребата на дрога и употребата на тутун го упропастиле здравјето на многумина. Доколку некој се впушти во овие пороци и потоа падне болен, дали ова е затоа што некој го урочил или, пак, го нападнал некој дух? Не. Самиот е виновен за својата болест. Обвинувањето на духовите би било одбивање да се прифати одговорноста за немудриот начин на живеење.
Секако, некои работи не можеме да ги контролираме. На пример, би можеле да бидеме изложени на микроби кои предизвикуваат болести или, пак, на загадување. Тоа е она што ѝ се случило на Омаџи. Нејзината мајка не знаела што ја предизвикало дијареата. Нејзините деца не се толку често болни како другите деца бидејќи таа ги одржува домот и дворот чисти и секогаш си ги мие рацете пред да подготвува јадење. Но, сите деца одвреме навреме се разболуваат. Околу 25 различни органски инфекции можат да предизвикаат дијареа. Веројатно нема да се дознае која од нив го предизвикала проблемот на Омаџи.
Долгорочно решение
Болеста не е Божја грешка. „Бог со зло не се искушува, и Он никого не искушува“ (Јаков 1:13). Доколку некој од неговите обожаватели се разболи, Јехова духовно го поддржува. „Самиот Јехова ќе го поткрепи на болничката постела; целата постела сигурно ќе ја промениш за време на неговата болест“ (Псалм 41:3, NW). Да, Бог има сожалување. Тој сака да ни помогне, а не да нѐ повреди.
Навистина, Јехова има долгорочно решение за болеста — Исусовата смрт и воскресение. Матеј 5:5; Јован 3:16). Исусовите чуда биле претслика за вистинското лечење кое ќе го донесе Божјето Царство. Исто така, Бог ќе ги отстрани Сатана и неговите демони (Римјаните 16:20). Навистина, Јехова има на располагање прекрасни работи за оние кои практикуваат вера во него. Само треба да бидеме стрпливи и истрајни.
Преку Исусовата откупна жртва, лицата со исправно настроени срца се искупени од својата грешна состојба и на крај ќе добијат пристап до совршено здравје и вечен живот во рајска Земја (Во меѓувреме, Бог дава практична мудрост и духовно водство преку Библијата и светското братство од верни обожаватели. Тој ни покажува како да ги избегнуваме пороците кои предизвикуваат здравствени проблеми. Ни обезбедува и вистински пријатели кои ќе ни помогнат кога ќе се појават проблеми.
Размисли повторно за Јов. Одењето кај врач би било најлошото нешто што би можел да го стори Јов! Тоа би го лишило од Божјата заштита, и тој би ги изгубил сите благослови кои го очекувале после тешкото искушение. Бог не го заборавил Јов, а нема да не заборави ни нас. „Сте чуле за трпението на Јов и узнавте каков крај му даде Господ“, вели ученикот Јаков (Јаков 5:11). Доколку никогаш не се откажеме, и ние ќе ги добиеме прекрасните благослови во Божје одредено време.
Што се случило со малата Омаџи? Нејзината мајка се сетила на една статија во Разбудете се! — придружното списание на Стражарска кула — во врска со орална терапија за рехидратација. b Ги следела нејзините упатства и го подготвила растворот кој Омаџи требало да го испие. Сега, девојченцето е добро и здраво.
[Фусноти]
a Речиси половина милијарда луѓе се заразени со маларија. Отприлика два милиона годишно умираат од оваа болест, претежно во Африка.
b Види го англиското издание на Разбудете се! од 22 септември 1985, страници 24, 25 „Солен пијалак кој спасува животи!“
[Слики на страница 7]
Јехова подготвил трајно решение за проблемот со болестите