Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Вие го променивте мојот впечаток за Јеховините сведоци“

„Вие го променивте мојот впечаток за Јеховините сведоци“

„Вие го променивте мојот впечаток за Јеховините сведоци“

ТАКА реагирал еден затворски службеник од Полска на една статија за Јеховините сведоци која излезе во нашето издание од 15 октомври 1998. Статијата „Кога срца од камен стануваат приемчиви“ го документираше успехот кој го постигнале Јеховините сведоци во работата со жителите на затворот во Волов (Полска).

Пред излегувањето на гореспоменатото списание Стражарска кула во јавноста, на 13 септември 1998 во казнено-поправниот дом Волов беше организиран еден посебен состанок за да им се даде примерок на затворениците. Меѓу оние кои беа поканети да присуствуваат беа локални Сведоци, крстените и другите заинтересирани затвореници, како и извесен број службеници од домот. Следат некои забелешки од присутните.

Јежи, Јеховин сведок кој е крстен во затворот пред повеќе од пет години, рече: „Многу сум среќен, како што и денес можев да прочитам, за тоа колкав напор вложија браќата од блиските собранија за да ни помогнат“. Тој додаде: „И понатаму настојувам да се подобрам, и можам да видам како Јехова ме обликува“.

Еден друг затвореник по име Зѓислав, во врска со делото на сведочење во затворот, рече: „Во моментов, за крштавање се подготвуваат четворица осуденици, а на состаноците во нашата сала и понатаму доаѓаат новозаинтересирани лица. Оваа статија ни е силна мотивација за понатамошна активност на ова поле“. Каков само позитивен став, ако земеме предвид дека Зѓислав треба да лежи во затворот уште 19 години!

Откако ја прочита статијата за казнено-поправниот дом Волов, еден затворски службеник рече: „Посебно сме почестени. Никогаш не сум ни помислил дека овој казнено-поправен дом ќе добие толкав позитивен публицитет на 130 јазици во светот. Ми се допаѓате и ги ценам вашите напори во корист на осудениците“. Друг службеник додаде: „Вие го променивте мојот впечаток за Јеховините сведоци. Порано ве сметав за религиозни фанатици. Сега гледам дека вие сте луѓе од принцип“.

Директорот на затворот во Волов, Марек Гајос, се насмеа и рече: „Во почетокот мислевме дека ќе имате многу мал успех. Мислевме дека вие сте само една друга религија која има стремежи за библиска рехабилитација на осудениците. Меѓутоа, гледајќи ги резултатите од вашата почетна активност, се одлучивме за тесна соработка. Неуморно доаѓате тука веќе девет години, и јас многу го ценам она што го постигнавте досега“.

Но, општо земено, како беше примена статијата од страна на затворско население во Волов? Интересот кај затворениците беше толку голем што Сведоците во затворот ги потрошија своите резерви во списанија. Интерес покажаа и затворските службеници така што нарачаа 40 додатни примероци за себе. За да го задоволат зголеменото барање, локалните собранија излегоа во пресрет и дадоа 100 додатни примероци за браќата во затворот. Истовремено се зголеми и присутноста на состаноците во затворот.

Пјот Ходин, затворски службеник кој тесно соработуваше со Јеховините сведоци, рече: „Одлучивме оваа статија да ја изложиме во сите витрини во нашиот казнено-поправен дом. Се надеваме дека сите затвореници кои сѐ уште не ја проучуваат Библијата со вас ќе го прочитаат ова списание“.

Убавиот пример на Сведоците и нивните одлучни проповеднички напори и понатаму донесуваат добри резултати. Освен оние 15 затвореници кои напредуваа до точка на крштавање, уште двајца затворски службеници му го предадоа својот живот на Јехова, а трет затворски службеник побара библиска студија. Секако, сета заслуга за својот успех браќата кои проповедаат во затворот во Волов му ја припишуваат на Јехова Бог. (Спореди 1. Коринтјаните 3:6, 7.)

[Слика на страница 28]

Тројца Сведоци и еден затвореник на презентацијата со списанија во затворската сала за предавања