Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Доброволен принос за унапредување на чистото обожавање

Доброволен принос за унапредување на чистото обожавање

Тие ја извршувале Јеховината волја

Доброволен принос за унапредување на чистото обожавање

ИЗРАЕЛЦИТЕ биле очевидци на Јеховината спасувачка моќ. Виделе како на чудесен начин биле разделени водите на Црвеното Море, што им дозволило да поминат на суво тло и да ѝ избегаат на египетската војска. Од друга страна, пак, тие од безбедно растојание виделе како истите тие води се срушиле врз нивните гонители. Јехова им го спасил животот! (2. Мојсеева 14:21—31).

Но, за жал, некои Израелци го зеле здраво за готово она што го сторил Бог. Додека Мојсеј бил на гората Синај, тие го изнеле својот златен накит пред Арон и побарале да им направи идол за обожавање. Откако се вратил, Мојсеј го нашол ова мноштво бунтовници како јаде, пие, игра и му се поклонува на едно златно теле! На Јеховино упатство биле погубени 3.000 лица — веројатно главните подбуцнувачи на побуната. Тој ден Божјиот народ научил една важна лекција за потребата да му покажува на Јехова исклучителна оддаденост (2. Мојсеева 32:1—6, 19—29).

Набрзо после овој настан, Мојсеј се подготвува да ја изврши Божјата заповед да изгради табернакул — пренослив шатор за обожавање. Овој градежен проект ќе бара скап материјал и вешти работници. Од каде ќе дојдат тие? И што можеме да научиме од овој библиски извештај?

Прилог во вид на материјал и вештини

Преку Мојсеј, Јехова им заповедал на Израелците: „Соберете помеѓу вас принос на Господ, секој што од срце дава, нека донесе принос“. Каков принос? Меѓу работите кои ги набројал Мојсеј биле злато, сребро, бакар, преѓа, ткаенини, кожи, дрво и скапоцени камења (2. Мојсеева 35:5—9).

Израелците имале повеќе од доволно средства за да дадат таков великодушен прилог. Потсети се, кога го напуштиле Египет, зеле со себе златни и сребрени предмети, како и многу облеки. Навистина, ‚тие ги обрале Египтјаните‘ a (2. Мојсеева 12:35, 36). Претходно Израелците спремно го фрлиле својот накит за да направат идол за лажно обожавање. Дали сега ќе се покажат исто толку желни да дадат приноси за да го унапредуваат вистинското обожавање?

Забележи дека Мојсеј не пропишал некоја прецизна сума што треба секој поединец да ја даде ниту, пак, користел вина или срам за да мотивира на давање. Наместо тоа, тој едноставно апелирал на „секој што од срце дава“. Очигледно Мојсеј не чувствувал потреба да го присилува Божјиот народ. Бил уверен дека секој ќе даде сѐ што може. (Спореди 2. Коринтјаните 8:10—12.)

Меѓутоа, градежниот проект барал повеќе отколку само да се приложи материјал. Јехова им го рекол на Израелците и ова: „Сите, кои се меѓу вас мудри по срце, нека дојдат да направат сѐ што заповедал Господ“. Да, овој градежен проект барал вешта работа. Навистина, за да се доврши овој проект била потребна „секоја умешност“ — што вклучувало дрводелство, обработка на метали и украсување со скапоцени камења. Секако, Јехова би ги насочил талентите на работниците, и на тој начин заслугата за успехот на проектот со право би му се припишала нему (2. Мојсеева 35:10, 30—35; 36:1, 2).

Израелците ревносно се одѕвале на поканата да ги дадат како своите средства така и своите вештини. Библискиот извештај вели: „И секој, кој принесе што му срце сакаше срцето го влечеше и душата го поттикнуваше, доаѓаше, носејќи принос на Господа — учество за градење на шаторот на садови, за секоја служба во него и за сите одежди на светилиштето; доаѓаа мажи и жени; сите, што срцето ги влечеше“ (2. Мојсеева 35:21, 22).

Поука за нас

Денес, преку доброволните донации се извршува една монументална задача на проповедање на добрата вест за Божјето Царство. Тие честопати се парични. Во други случаи, христијанските браќа и сестри го користат своето богато искуство за да помогнат во изградбата на Сали на Царството, Собирни сали и објекти на подружницата. Потоа, тука е и работата која се врши во повеќе од сто бетелски домови ширум светот, работа која изискува многу различни вештини. Сите поединци со спремни срца кои дале такви приноси можат да бидат сигурни дека Јехова нема да ја заборави нивната напорна работа! (Евреите 6:10).

Истото важи и за уделот што секој од нас го има во христијанската служба. Сите сме поттикнати да откупуваме време за да имаме ревносен удел во проповедањето (Матеј 24:14; Ефесјаните 5:15—17). Некои го прават тоа како полновремени евангелизатори, т. е. пионери. Други, поради околностите, не можат да поминуваат толку време во службата како пионери. Сепак, и тие му угодуваат на Јехова. Како и кај прилозите за табернакулот, Јехова не одредува прецизен износ кој треба да го дадеме. Но, она што тој го бара е секој од нас да му служи со цело срце, душа, ум и сила (Марко 12:30). Ако го правиме тоа, можеме да бидеме сигурни дека тој ќе нѐ награди за доброволните приноси што ги даваме за да го унапредуваме вистинското обожавање (Евреите 11:6).

[Фуснота]

a Тоа не било кражба. Израелците побарале прилози од Египќаните, а тие доброволно им дале. Освен тоа, бидејќи, пред сѐ, Египќаните немале право да го поробат Израел, тие му должеле плата на Божјиот народ за сите нивни години напорна работа.