Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Подготви се за милениумот кој е важен!

Подготви се за милениумот кој е важен!

Подготви се за милениумот кој е важен!

ХРИСТОВОТО илјадагодишно владеење ќе донесе неизмерни благослови за човечкото семејство. Под Исусовото водство полно со љубов, човештвото ќе биде издигнато од сегашнава жалосна состојба до славно совршенство. Размисли што може да значи тоа за тебе. Блескаво здравје! Замисли си како секое утро се будиш чувствувајќи се подобро отколку претходниот ден. Милиони мажи, жени и деца со нетрпение очекуваат да живеат во тоа среќно време. Тие сметаат на него, се молат за него. Нивното проучување на Библијата ги убедило дека и тие можат да ги уживаат овие благослови.

Меѓутоа, пред да започне со своето Илјадагодишно владеење, Исус Христос мора да ги отстрани од Земјата сите кои се противат на неговото владетелство. Тоа ќе го стори во битката која во Библијата е наречена Армагедон (Откровение 16:16). Вистинските христијани на Земјата нема да се борат во таа војна. Тоа е Божја војна. И таа нема да биде ограничена само на една географска локација. Библијата вели дека таа ќе ги зафати најоддалечените делови на Земјата. Непријателите на Христовото владетелство ќе бидат погубени. Ниеден од нив нема да побегне! (Јеремија 25:33).

Потоа, Исус ќе го сврти своето внимание кон Сатана Ѓаволот и неговите демони. Претстави си ја сцената, онака како што тоа го видел писателот на книгата Откровение: „Видов како од небото слегуваше ангел [Исус Христос], кој што го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја: го фати змевот, древната змија, која што е ѓаволот и сатаната — и го врза за илјада години“ (Откровение 20:1, 2). Подоцна, Сатана и неговите демони ќе бидат уништени засекогаш (Матеј 25:41).

‚Големо мноштво народ, кое што никој не може да го преброи‘ ќе го преживее Армагедон (Откровение 7:9). Христос ќе го води ова мноштво да извлече целосна корист од „живите извори водни“, исто како што еден пастир ги води своите овци до животоспасувачки води (Откровение 7:17). Непопречувани во својот духовен напредок од страна на Сатана и неговите демони, на овие преживеани во Армагедон постепено ќе им се помага да ги совладаат своите грешни склоности сѐ додека на крај не постигнат совршенство!

Под владетелството на Христос полно со љубов, условите за живеење постепено ќе се подобруваат. Преку Исус Христос, Јехова Бог ќе ги отстрани сите причини за болка и тага. Тој ‚ќе ја избрише секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе‘ (Откровение 21:4). Пророкот Исаија ја заокружува сликата со зборовите: „Тогаш ќе им се отворат очите на слепите, ушите на глувите ќе се отнат; тогаш куциот ќе скока како елен, и јазикот на немиот ќе пее“ (Исаија 35:5, 6). А мртвите, „мали и големи“, ќе се вратат во живот со изглед никогаш повторно да не умрат! (Откровение 20:12).

Уште сега се собира ‚големото мноштво‘ кое ќе го преживее Армагедон. Тоа се подготвува за Христовата милениумска влада. Иако не знае кога ќе започне таа влада, сепак, уверено е дека таа ќе биде воведена во Божје одредено време. И ти можеш да бидеш меѓу нив, но мораш и да се подготвиш — не со тоа што ќе го продадеш имотот и ќе отпатуваш на некоја географска локација, туку со тоа што ќе стекнеш точно спознание за Јехова Бог и за неговите намери преку проучување на Библијата. Без никаква цена или обврска, Јеховините сведоци радо ќе ти покажат како проучувањето на Библијата може да ти биде од корист тебе и на твоето семејство. На издавачите на ова списание ќе им биде драго да ти дадат понатамошни информации.

[Рамка на страница 7]

Илјада години — дословни или симболични?

Бидејќи поголемиот дел од библиската книга Откровение е напишан на симболичен јазик, се поставува прашање: Што е со Христовото илјадагодишно владеење спомнато во Откровение? Дали тоа е дословен или симболичен период?

Постои показател дека се мисли на дословен илјадагодишен период. Размисли: На Христовото илјадагодишно владеење во кое ќе му се суди на човештвото, апостол Павле укажува како на еден ден (Дела 17:31; Откровение 20:4). Апостол Петар напишал дека еден ден (24 часа) за Јехова е како илјада години (2. Петрово 3:8). Тоа дава доказ дека овој суден „ден“ е долг дословни илјада години. Освен тоа, во Откровение 20:3, 5—7 (NW) читаме за четири различни периоди, и тоа не од „илјада години“, туку од „илјадата години“. Изгледа дека ова укажува на период со одредена должина.