Библијата одговара на животоважни прашања од наше време
Библијата одговара на животоважни прашања од наше време
ДАЛИ Библијата има некаква врска со нас денес? За одговорот да биде „да“, сигурно дека оваа многу стара книга ќе мора да им понуди на своите читатели водство на теми од актуелен интерес кои се однесуваат на нашево време. Дали Библијата дава корисен совет на теми кои се од вистинска важност во денешниот свет?
Да разгледаме две актуелни спорни прашања. Притоа, ќе испитаме што вели Библијата за овие работи.
Зошто Бог ги дозволува страдањата?
Со оглед на состојбата во денешниов свет, едно од највообичаените прашања е: ‚Зошто Бог дозволува да страдаат невини луѓе?‘ Ова прашање е оправдано бидејќи сѐ повеќе луѓе се погодени од насилничкиот криминал, корупцијата, геноцидот, личните трагедии итн.
На пример, во јуни 1998 експресен воз удри во еден мост во северна Германија, при што загинаа повеќе од сто патници. Дури и искусните лекари и пожарникари кои се грижеа за повредените и загинатите беа вознемирени од колежот. Еден бискуп на Евангелската црква прашал: „Драги Боже, зошто ова мораше да се случи?“ Самиот бискуп немал одговор.
Искуството покажува дека кога недолжни луѓе трпат зло без да добијат објаснување за причината, тие понекогаш стануваат огорчени. Ова е случај кога Библијата може да помогне, бидејќи објаснува зошто недолжните луѓе се изложени на злоба и страдања.
Кога ја создал Земјата и сѐ што е на неа, Јехова Бог немал намера човештвото да биде вознемирувано од злоба и страдања. Зошто можеме да бидеме сигурни во тоа? Затоа што, откако завршил со создавањето, 1. Мојсеева 1:31). Запрашај се: ‚Ако јас сум забележал нешто злобно, зарем ќе сум го прогласел тоа за „многу добро“?‘ Секако не! Исто така, кога Бог прогласил дека сѐ е „многу добро“, на Земјата немало ни трага од злоба. Тогаш, кога и како настанала злобата?
‚видел Бог дека е многу добро сѐ она што го создал‘ (Кратко по создавањето на нашите прародители, Адам и Ева, едно моќно духовно суштество ѝ пристапило на жената и ја оспорило вистинитоста на Јехова и законитоста на неговиот суверенитет (1. Мојсеева 3:1—5). Ова суштество, Сатана Ѓаволот, подоцна тврдело дека луѓето нема да му останат лојални на Бог под неволја (Јов 2:1—5). Како реагирал Јехова на таа ситуација? Дозволил да помине време за да се види дека луѓето не можат успешно да управуваат со своите чекори независно од него (Јеремија 10:23). Кога творбите дејствуваат спротивно на Божјите закони и начела, резултатот е грев кој создава штетни околности (Проповедник 8:9; 1. Јованово 3:4). Меѓутоа, и покрај овие неповолни околности, Јехова знаел дека некои луѓе ќе задржат интегритет кон него.
Од времето на таа жалосна побуна во Едем истекле околу 6.000 години. Дали тоа е предолго време? Јехова можел да ги уништи Сатана и неговите приврзаници уште пред многу векови. Но, зарем не било подобро да чека сѐ додека не се отстрани секое можно сомневање во врска со исправноста на Јеховиниот суверенитет и интегритетот на луѓето? Зарем во денешните судски системи не е вистина дека за да се докаже во еден судски случај кој е во право, а кој виновен може да бидат потребни и години?
Со оглед на важноста на овие спорни прашања со кои се соочуваат Јехова и човештвото — универзалниот суверенитет и интегритетот на луѓето — колку само било мудро тоа што Бог дозволил да помине време! Сега јасно гледаме што се случува кога луѓето ги игнорираат Божјите закони и ги преземаат работите во свои раце. Резултатот од тоа е нашироко распространетото зло. Тоа е причината за страдањето на толку многу недолжни луѓе денес.
Но, за среќа, Божјата реч покажува дека злобата нема да трае засекогаш. Всушност, наскоро Јехова ќе стави крај на злото и на оние кои го предизвикуваат. „А беззакониците“, стои во Изреки 2:22, „ќе бидат истребени од земјата, и вероломните — искоренети од неа.“ Од друга страна, пак, оние кои му се верни на Бог можат со душа да го очекуваат времето, кое сега е многу близу, кога „смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе“ (Откровение 21:4).
Значи, Библијата дава јасно објаснување зошто страдаат недолжните. Исто така, таа нѐ уверува дека наскоро злото и страдањата ќе престанат. Меѓутоа, додека ги доживуваме сегашните тешкотии во животот, потребен ни е одговорот на уште едно животоважно прашање.
Која е смислата на животот?
Можеби сега повеќе од кога и да е во историјата на човештвото, луѓето се обидуваат да дознаат од што всушност се состои животот. Многумина се прашуваат: ‚Зошто живеам? Како можам да најдам смисла во животот?‘ Постојат различни околности кои ги тераат да си ги постават овие прашања.
Животот на еден поединец може да биде уништен од лична трагедија. На пример, во почетокот на 1998 било киднапирано и убиено едно 12-годишно девојче кое живеело во Баварија (Германија). После една година, неговата мајка признала дека секој ден го поминува трагајќи по смислата на животот — но без успех. Некои млади луѓе се поттикнати да се прашуваат за смислата на животот. Тие трагаат по безбедност, исполнетост и чувство на припадност, но сепак се разочаруваат поради распространетото лицемерство и расипаност. Други поединци го градат својот живот околу кариера, но откриваат дека моќта, престижот и поседите не успеваат да го задоволат внатрешниот копнеж да најдат причина за своето постоење.
Евреите 3:4.) Каква е неговата намера со Земјата?
Која и да е причината зошто некој прашува за смислата на животот, ова прашање заслужува еден сериозен и задоволителен одговор. Повторно, Библијата може да биде од голема корист. Таа го идентификува Јехова како Бог на намера, оној кој за сѐ што прави има здрави причини. Да се запрашаме: ‚Дали ти би изградил куќа без причина?‘ Веројатно не, бидејќи градењето куќа бара огромна инвестиција на пари и може да одземе месеци или години. Градиш куќа за да можеш ти или некој друг да живеете во неа. Истата логика може да се примени и на Јехова. Тој не вложил толкав труд да ја создаде Земјата и живите суштества на неа без никаква причина, односно некоја намера. (СпоредиПророштвото на Исаија го идентификува Јехова како ‚вистински Бог, Создател на Земјата и нејзин Творец‘. Навистина, тој е „Оној кој цврсто ја втемелил [земјата, NW], кој едноставно не ја создал залудно, кој ја обликувал за да биде и населена“ (Исаија 45:18, NW). Да, откако Земјата била создадена, Јеховина намера е таа да биде населена. Псалм 113:24 вели: „Небото е Господово небо, а земјата Он им ја даде на синовите човечки“. Со тоа Библијата покажува дека Јехова ја создал Земјата да биде населена со послушни луѓе кои би се грижеле за неа (1. Мојсеева 1:27, 28).
Дали побуната на Адам и Ева предизвикала Јехова да ја смени својата намера? Не. Како можеме да бидеме толку сигурни во тоа? Па, разгледај го ова: Библијата е напишана илјадници години по побуната во Едем. Ако Бог се откажал од својата првобитна намера, тогаш зошто тоа не се спомнува во Библијата? Очигледниот заклучок е дека неговата намера со Земјата и со човештвото останува непроменета.
Освен тоа, Јеховината намера никогаш не пропаѓа. Бог преку Исаија ја дава оваа гаранција: „Како што дождот и снегот паѓаат од небото и таму не се враќаат, туку ја напојуваат земјата и ја прават способна да раѓа и да се зеленее, за да му дава семе на оној, што сее и леб на оној, кој јаде, така и Моето Исаија 55:10, 11).
слово, што излегува од устата Моја, не се враќа кон Мене празно, туку го исполнува она, што Му е угодно, и го прави она за што сум го испратил Јас“ (Што очекува Бог од нас
Тогаш, јасно е дека можеме да имаме доверба во исполнувањето на Божјата намера Земјата засекогаш да биде населена со послушни луѓе. За да бидеме меѓу оние кои се привилегирани постојано да живеат на Земјата, мораме да го правиме она што го рекол мудриот цар Соломон: „Бој се од Бога и пази ги неговите заповеди, зашто сето тоа е за човекот“ (Проповедник 12:13; Јован 17:3).
Живеењето во склад со Јеховината намера со човештвото значи да го запознаеме вистинскиот Бог и да се повиниме на неговите барања изложени во Светото писмо. Ако го правиме тоа сега, можеме да негуваме надеж за вечен живот на рајска Земја, на која никогаш нема да престанеме да учиме нови работи за Бог и за неговото прекрасно творештво (Лука 23:43). Каков возбудлив изглед!
Многумина кои трагаат по смислата на животот се обраќаат кон Библијата и наоѓаат голема среќа уште сега. На пример, еден млад човек по име Алфред не можел да најде смисла во животот. Му се згадило од вмешаноста на религијата во војните, и бил вознемирен поради лицемерството и корупцијата во политиката. Алфред ги посетил Индијанците во Северна Америка со надеж дека ќе најде расветлување за смислата на животот, но се вратил во Европа разочаран. Така очаен, се свртел кон дрогата и дивата музика. Меѓутоа подоцна, едно редовно и грижливо испитување на Библијата му помогнало на Алфред да ја препознае вистинската смисла во животот и да најде задоволство.
Сигурна светлина на нашиот пат
Тогаш, што можеме да заклучиме за Библијата? Дали има врска со нас денес? Навистина има, бидејќи нуди водство за актуелни спорни прашања. Библијата објаснува дека Бог не е виновен за злобата и ни помага да најдеме задоволителна смисла во животот. Освен тоа, Библијата има да каже многу за други работи кои се од голем интерес денес. Божјата реч се занимава со теми како, на пример, бракот, воспитувањето на децата, меѓучовечките односи и надежта за мртвите.
Ако веќе не си го сторил тоа, те молиме, испитај ја поблиску содржината на Библијата. Штом ќе ја откриеш вистинската вредност на нејзините упатства за животот, можеби ќе се чувствуваш исто како псалмистот кој се ослонил на Јехова Бог за водство и пеел: „Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја“ (Псалм 118:105).
[Слика на страница 6]
Дали знаеш зошто Бог дозволува да страдаат недолжните?
[Слика на страница 7]
Можеш да уживаш во смисловен живот