Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Дали обрна грижливо внимание на неодамнешните изданија на Стражарска кула? Ако да, ќе ти биде интересно да се сетиш на следниве работи:

◻ Кои се некои прашања кои би можеле да си ги постават двајца христијани пред да почнат да размислуваат за свршувачка?

‚Дали сум навистина сигурен во духовноста на другиот и во неговата оддаденост на Бог? Можам ли да се замислам дека му служам на Бог заедно со него цел живот? Дали сум во адекватна мера изложен на карактерните црти на другиот? Дали сум убеден дека трајно ќе бидеме складни? Дали сме доволно запознати со меѓусебните минати постапки и со сегашните околности?‘ (15. 8., страница 31).

◻ Што мислел Исус кога им рекол на своите следбеници: „Вие сте солта на земјата“? (Матеј 5:13).

Исус укажал дека тоа што неговите следбеници им проповедаат на другите за Божјето Царство може да има заштитно, т. е. животоспасувачко влијание врз нивните слушатели. Всушност, оние кои би ги применувале Исусовите зборови, би биле заштитени од морално и духовно распаѓање во светот (15. 8., страница 32).

◻ Како можат паровите кои се додворуваат да ја избегнат замката на сексуалниот неморал?

Доколку одржуваш романтична врска, ќе биде мудро да избегнуваш да бидеш сам со твојот иден партнер под непригодни околности. Можеби ќе биде најдобро да уживате во меѓусебното дружење во група или на јавни места. Поставете си граници во изразувањето наклоност, и нека секој ги почитува чувствата и совеста на другиот (1. 9., страници 17, 18).

◻ Што е разбирање?

Тоа е способност да се проникне во некоја работа и да се распознае нејзиниот состав така што ќе се разбере поврзаноста меѓу нејзините делови и целината, и на тој начин ќе се сфати нејзината смисла (Изреки 4:1; 15. 9., страница 13).

◻ Што бара Јехова од нас денес?

Во основа, она што го бара Јехова од нас е да му бидеме послушни на Неговиот Син и да го следиме неговиот пример и неговите учења (Матеј 16:24; 1. Петрово 2:21; 15. 9., страница 22).

◻ Само кој може да доживее мир?

Со оглед на тоа што Јехова е „Бог на мирот“, мирот можат да го доживеат само луѓето кои имаат љубов кон Бог и длабока почит кон неговите праведни начела (Римјаните 15:33; 1. 10., страница 11).

◻ Како Јосиф стекнал морална сила да ѝ кажува ‚не‘ на сопругата на Петефри од ден во ден?

Јосиф многу повеќе го ценел својот однос со Јехова отколку моменталните задоволства. Исто така, иако не бил под некој божествен законски зборник, Јосиф јасно ги разбирал моралните начела (1. Мојсеева 39:9; 1. 10., страница 29).

◻ Колку е важна спремноста да им простуваме на нашите браќа?

Нашите изгледи и понатаму да добиваме Божје простување во голема мера зависат од нашата спремност да им простуваме на другите (Матеј 6:12, 14; Лука 11:4; 15. 10., страница 17).

◻ На какви гревови се мисли во Матеј 18:15—17, и на што укажува тоа?

Гревовите на кои мислел Исус биле доволно тешки за да можат да водат до тоа на престапникот да се гледа како на „незнабожец и митник“. Евреите не се дружеле со не-Евреи, и ги избегнувале митниците. Значи, во Матеј 18:15—17 се укажува на сериозни гревови, не на лични навреди или болки кои можеш едноставно да ги простиш и да ги заборавиш (Матеј 18:21, 22; 15. 10., страница 19).

◻ Што вклучува вистинската љубов кон Божјата реч?

Љубовта кон Божјата реч наведува да се живее во склад со нејзините барања (Псалм 118:97, 101, 105). Тоа бара постојано преиначување на размислувањето и начинот на живеење (1. 11., страница 14).

◻ Со оглед на тоа што сме добиле многу од Јеховината рака, што можеме да му дадеме за возврат на најголемиот Цар и Дарител?

Библијата открива дека најдобриот дар што можеме да му го дадеме на Јехова е „пофална жртва“ (Евреите 13:15). Зошто? Бидејќи оваа жртва е директно поврзана со спасувањето на животот, главна грижа на Јехова во ова време на крајот (Језекиил 18:23; 1. 11., страница 21).

◻ Што мислел Соломон кога напишал: „Зборовите на мудреците се како остени“? (Проповедник 12:11).

Зборовите на оние кои поседуваат побожна мудрост ги боцкаат читателите или слушателите да напредуваат во склад со мудрите зборови кои ги читаат или слушаат (15. 11., страница 21).

◻ Што е побожна проникливост?

Тоа е способност да се разликува исправно од погрешно и потоа да се избере исправниот правец. Проучувањето и применувањето на Божјата реч донесува проникливост (15. 11., страница 25).

◻ Со што треба да се урамнотежи спремноста да се прифатат одговорности? (2. Тимотеј 3:1).

Таа треба да се урамнотежи со доброто просудување. Никој не треба да презема толку многу задачи поради што би ја изгубил својата радост во Јеховината служба. Спремниот дух е за пофалба, но спремноста мора да одразува и скромност и „здрав ум“ (Тит 2:12NW; Откровение 3:15, 16; 1. 12., страница 28).

◻ Како може некој да се справи со предизвикот на родителството?

Бог ги советува родителите да бидат примери, другари, комуникатори и учители (5. Мојсеева 6:6, 7; 1. 12., страница 32).