Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Тие собрале смелост

Тие собрале смелост

Тие собрале смелост

НЕ Е секогаш лесно да се собере смелост за да се проповеда. Всушност, апостол Павле рекол дека во една прилика тоа го сторил „со голема борба“ (1. Солуњаните 2:2NW). Дали ‚борбата‘ да се проповеда се исплаќа? Не постои гаранција за спектакуларни искуства, но Божјиот народ честопати е радосен што собрал смелост. Разгледај некои примери.

Едно осумгодишно девојче по име Тара внимателно слушало додека неговата учителка раскажувала пред одделението како во текот на II светска војна, еврејските затвореници во концентрационите логори морале да носат жолта Давидова ѕвезда заради идентификација. Тара се прашувала дали да каже нешто. „Се помолив со отворени очи“, се сеќава таа. Потоа кренала рака и рекла дека во тие логори имало и Јеховини сведоци и дека тие морале да носат пурпурен триаголник. Учителката се заинтересирала и ѝ се заблагодарила. Коментарот на Тара го отворил патот за понатамошни дискусии со учителката, која подоцна на целото одделение му ја покажала видеокасетата Јеховините сведоци стојат цврсто наспроти нацистичкиот напад.

Во Гвинеја (Западна Африка), една млада некрстена објавителка по име Ирена сакала да напредува во службата. Мисионерката која ја проучувала Библијата со неа ја охрабрила да се обиде да им ги даде списанијата Стражарска кула и Разбудете се! на соучениците на училиште. Ирена се колебала бидејќи нејзините соученици не биле баш приемчиви. Меѓутоа, поттикната од охрабрувањето од мисионерката, Ирена решила најпрвин да ѝ пристапи на ученичката за која се чинело дека најмногу се противи. На изненадување на Ирена, девојчето добро реагирало и радо ги прифатило списанијата. Другите ученици го сториле истото. Тој месец Ирена дала повеќе списанија отколку што имала дадено во петте претходни месеци заедно.

Еден старешина од Тринидад доста се колебал да ѝ пристапи на директорката на едно училиште за да ѝ ја покаже образовната вредност на списанието Разбудете се! Сепак, собрал смелост. Тој вели: „Додека влегував во зградата, се молев. Не можев да поверувам кога директорката беше крајно пријатна“. Таа го зела списанието Разбудете се! на тема „Каква е надежта за денешните млади?“, па дури и се сложила да го користи додека предава на час. Оттогаш зела 40 списанија на различни теми.

Додека бил млад, на Вон проповедањето секогаш му било тешко. „Ме фаќаше трема, рацете ми се потеа и зборував брзо — не можев да успорам.“ Сепак, станал полновремен слуга. И покрај тоа, не му било секогаш лесно да зборува. Еднаш, после еден обесхрабрувачки ден поминат во барање работа, сакал да му сведочи на некого во возот, „барем да излезе нешто добро од тој лош ден“. Но, се уплашил од важниот изглед на бизнисмените кои биле во возот. На крај, собрал смелост да зборува со еден постар човек кој седел до него. Од тоа произлегол еден долг разговор. „Имате толку добри прашања за еден млад човек“, рекол бизнисменот и потоа прашал: „Да не сте Вие теолог?“ Вон одговорил: „Не, јас сум Јеховин сведок“. „Ох,“ се насмеал човекот. „Сега сфаќам.“

Сите овие Сведоци — и безброј други — се радосни што собрале смелост да проповедаат. Дали и ти ќе го сториш истото?

[Слика на страница 25]

Тара

[Слика на страница 25]

Вон