Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Нам ни е потребна Јеховината организација

Нам ни е потребна Јеховината организација

Нам ни е потребна Јеховината организација

ДАЛИ некогаш си чул како некој вели: „Јас верувам во Бог, но во некоја организирана религија не верувам“? Слични гледишта честопати изразуваат луѓе кои некогаш биле полетни посетители на црквите, но се разочарале поради тоа што нивната религија не успеала да им ги задоволи духовните потреби. Иако се разочарани од религиозните организации, општо земено, многумина тврдат дека сѐ уште сакаат да го обожаваат Бог. Меѓутоа, сметаат дека е подобро да го обожаваат на свој сопствен начин отколку тоа да го прават во поврзаност со некоја црква или друга организација.

Што вели Библијата? Дали Бог сака христијаните да бидат поврзани со некоја организација?

Раните христијани имале корист од тоа што биле организирани

На Пентакост 33 н. е., Јехова го излеал својот свет дух не врз неколку изолирани верници, туку врз една група мажи и жени кои се собрале „на исто место“, односно, во една горна соба во градот Ерусалим (Дела 2:1NW). Тогаш било формирано христијанското собрание, кое станало една меѓународна организација. Тоа се покажало вистински благослов за тие рани ученици. Зошто? Како прво, ним им била дадена важна задача — да ја проповедаат добрата вест за Божјето царство конечно „по целиот свет“ (Матеј 24:14). Новите преобратеници можеле да учат од искусните соверници во собранието како да го вршат делото на проповедање.

Наскоро пораката за Царството се раширила далеку зад ѕидините на Ерусалим. Меѓу 62 и 64 н. е. апостол Петар го напишал своето прво писмо до христијаните кои биле „растурени во Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија“ — сите во денешна Турција (1. Петрово 1:1). Верници имало и во Палестина, Либан, Сирија, Кипар, Грција, Крит и во Италија. Според она што им го напишал Павле на Колосјаните во 60—61 н. .е., добрата вест била ‚проповедана на секое поднебесно создание‘ (Колосјаните 1:23).

Втора корист од поврзаноста со организација било охрабрувањето кое христијаните можеле да си го даваат еден на друг. Дружејќи се со собранието, христијаните можеле да слушаат инспирирачки предавања, заеднички да ги проучуваат Светите списи, да споделуваат искуства кои ја зајакнуваат верата и да им се придружат на соверниците во молитва (1. Коринтјаните, поглавје 14). А зрелите мажи можеле ‚да го пасат Божјето стадо‘ (1. Петрово 5:2).

Исто така, како членови на собранието, христијаните се запознавале еден со друг и почнувале да се сакаат еден со друг. Далеку од тоа да се чувствуваат натоварени од своето дружење со собранието, раните христијани биле изградени и зајакнати од него (Дела 2:42; 14:27; 1. Коринтјаните 14:26; Колосјаните 4:15, 16).

Друга причина зошто било потребно обединетото светско собрание, или организација, била за да се унапредува единството. Христијаните научиле да ‚зборуваат едно‘ (1. Коринтјаните 1:10). Ова било животоважно. Членовите на собранието доаѓале од различни образовни и општествени заднини. Тие зборувале на различни јазици и, имале очигледни разлики во личноста (Дела 2:1—11). Понекогаш, тоа биле вистински разлики во мислењето. Меѓутоа, на христијаните им било помогнато да ги надминат тие разлики во рамките на собранието (Дела 15:1, 2; Филипјаните 4:2, 3).

Сериозните прашања со кои не можеле да се справат локалните старешини, биле упатувани до патувачките надгледници, како што бил Павле. За битните доктринални работи се обраќале до едно централно водечко тело сместено во Ерусалим. Во почетокот, водечкото тело било составено од апостолите на Исус Христос, но подоцна било проширено и ги опфаќало постарите мажи од собранието во Ерусалим. Секое собрание го признавало авторитетот кој водечкото тело го добило од Бог, како и авторитетот на неговите претставници да ја организираат службата, да наименуваат мажи на службени положби и да донесуваат одлуки за доктринални работи. Кога водечкото тело ќе решело некое спорно прашање, собранијата ја прифаќале таа одлука и ‚се радувале на охрабрувањето‘ (Дела 15:1, 2, 28, 30, 31).

Да, во првиот век Јехова користел организација. Но, како е денес?

Денес ни е потребна организација

Како и нивните еквиваленти во првиот век, Јеховините сведоци денес сериозно го сфаќаат налогот да ја проповедаат добрата вест за Царството. Еден начин да се изврши ова дело е по пат на дистрибуирање Библии и помагала за проучување на Библијата, а тоа бара организација.

Христијанските публикации мора внимателно да се подготват, да се провери нивната точност, да се отпечатат и потоа да се достават до собранијата. Од своја страна, пак, христијаните како поединци доброволно им ја носат литературата на оние кои сакаат да ја читаат. На тој начин пораката за Царството достигнала милиони луѓе. Објавителите на добрата вест настојуваат да ја извршуваат својата проповедничка активност на еден уреден начин, грижејќи се да нема дел од нивното подрачје кој е премногу обработен, а други делови да се запоставени. Сево ова бара организација.

Бидејќи „Бог не гледа на лице“, Библијата и библиската литература мора да се преведуваат (Дела 10:34). Моментално ова списание е достапно на 132 јазика, а неговото придружно списание, Разбудете се!, се издава на 83 јазици. Ова бара добро организирани преведувачки тимови ширум светот.

Членовите на собранието се охрабрени кога присуствуваат на христијанските состаноци и собири. Таму слушаат подбудувачки библиски предавања, заеднички го проучуваат Писмото, споделуваат изградувачки искуства и им се придружуваат на соверниците во молитва. И, како и нивните браќа во првиот век, уживаат во посетите на љубезните патувачки надгледници кои ја изградуваат верата. На тој начин, христијаните денес сочинуваат „едно стадо и еден пастир“ (Јован 10:16).

Секако, Јеховините сведоци не се совршени, како што не биле ни нивните рани истомисленици. Сепак, тие работат заедно во единство. Како резултат на тоа, делото на проповедање на Царството се врши низ целата Земја (Дела 15:36—40; Ефесјаните 4:13).

[Слика на страница 31]

Христијаните денес сочинуваат „едно стадо и еден пастир“