„Полските браќа“ — зошто биле прогонувани?
„Полските браќа“ — зошто биле прогонувани?
Во 1638 година, полскиот парламент ѝ задал жесток удар на една мала религиозна група позната како Полски браќа. Биле уништени една црква и една машина за печатење кои биле сопственост на групата. Универзитетот во Раков бил затворен, а професорите кои предавале таму биле пратени во изгнанство.
После дваесет години, парламентот отишол чекор понатаму. Наредил секој член на групата, која броела можеби 10.000 или повеќе, да ја напушти земјата. Како ситуацијата станала толку критична во земја која, во тоа време, била сметана за една од најтолерантните во цела Европа? Што сториле Полските браќа, па заслужиле толку суров третман?
СЕТО тоа започнало кога во рамките на полската Калвинистичка црква се случил еден сериозен прекршок. Главна тема во расправијата била доктрината за тројството. Водачите на едно прогресивно движење во рамките на црквата ја отфрлиле доктрината како небиблиска. Ова го разлутило раководството на црквата и довело до отцепување на прогресивното движење.
Калвинистите ги нарекувале овие дисиденти Аријани, a но приврзаниците на новата група претпочитале да се нарекуваат христијани или Полски браќа. Тие се познати и како Социнијанци, по Лелио Социни, Италијанец кој бил под влијание на Сервет и чиј внук Фаусто Социни отпатувал во Полска и станал угледен член на движењето.
Во тоа време, еден полски благородник, Јан Сјењенски, побарал да ѝ се даде на новата црква она што тој го нарекол „мирно, изолирано место“ за да може да расте. Искористувајќи ја посебната предност која ја добил од царот на Полска, Сјењенски го основал градот Раков, кој подоцна станал центар на социнијанството во Полска. Сјењенски им дал на граѓаните на Раков извесен број права, вклучувајќи го и правото за слобода на обожавање.
Занаетчии, лекари, фармацевти, граѓани и господа од различни деноминации биле привлечени кон новиот град. Освен тоа, таму се собрале министри од Полска, Литванија, Трансилванија, Франција, па дури и од Англија. Меѓутоа, сите овие новодојденци не ги делеле социнијанските верувања; па затоа, следните три години, од 1569 до 1572, Раков станал место на бескрајни теолошки дискусии. Со каков резултат?
Поделен дом
Самото социнијанско движење се поделило, така што оние кои прифатиле порадикални гледишта зазеле една страна, а оние чии идеи биле поумерени зазеле друга. Меѓутоа, и покрај нивните разлики, верувањата за кои сметале дека им се заеднички биле карактеристични. Тие го отфрлиле тројството, како и практиката на крштавање бебиња; гледано во целина не носеле оружје и b Исто така, одрекувале дека постои пекол како место на мачење. Со сево ова, ги игнорирале популарните религиозни традиции.
честопати не прифаќале државна служба.Калвинистичкото и католичкото свештенство организирале жестоко противење кон групата, но социнијанските министри ја искористиле атмосферата на религиозна толеранција која ја унапредувале полските цареви, како што биле Сигисмунд II Август и Стефан Батори, за да поучуваат за своите идеи.
Делото на Бадни — пресвртница
Еден калвинистички превод на Библијата, кој бил нашироко користен во тоа време, не ги задоволувал потребите на многуте читатели. Преводот не бил направен од оригиналните јазици туку од латинската Вулгата и од еден современ француски превод. „Во потрагата по поубав стил изгубени се верноста и точноста на мислата“, вели еден авторитет. Внесени се многу грешки. Затоа, еден добро познат изучувач по име Шимон Бадни бил замолен да го исправи преводот. Тој дошол до заклучок дека би било полесно да се направи сосема нов превод отколку да се исправи стариот. Бадни се зафатил со тој проект околу 1567 година.
Додека преведувал, Бадни темелно го анализирал секој збор и неговите варијанти на начин на кој дотогаш никој во Полска не го направил тоа. Онаму каде што хебрејскиот текст задавал тешкотии, тој го наведувал дословниот превод со забелешки на маргината. Кога било потребно, ковел нови зборови и се обидувал да го користи едноставниот, секојдневен полски јазик од своето време. Неговата цел била да му даде на читателот верен и точен превод на Библијата.
Преводот на Бадни на целата Библија бил издаден во 1572 година. Меѓутоа, издавачите на тоа дело го искривиле неговиот превод на Грчките списи. Незаплашен, Бадни се зафатил со правење една ревидирана верзија, која била завршена две години подоцна. Брилјантниот превод на Грчките списи на Бадни бил супериорен во однос на претходните полски преводи. Освен тоа, тој на многу места го вратил божественото име Јехова.
На крајот од 16 век и во првите три децении од 17 век, Раков, главниот град на движењето, станал религиозен и интелектуален центар. Во него водачите и писателите на Полските браќа ги објавувале своите трактати и дела.
Тие унапредувале образование
Издавачкото дело на Полските браќа добило замав отприлика во 1600 година, кога во Раков почнала да се користи една печатарска машина. Со машината можеле да се произведуваат и мали статии и големи книги на неколку јазици. Како печатарски центар, наскоро Раков им конкурирал на најдобрите во Европа. Се верува дека во текот на следните 40 години со таа машина биле отпечатени 200 публикации. Една фабрика за хартија во близина, која ја поседувале Полските браќа, обезбедувала висококвалитетна хартија за оваа литература.
Набрзо Полските браќа увиделе потреба да ги школуваат соверниците и останатите. За таа цел, во 1602 бил основан Универзитетот Раков. На тамошните класови присуствувале синовите на Полските браќа, како и католички и протестантски момчиња. Иако универзитетот бил теолошка семинарија, религијата не била единствениот предмет кој се учел. Дел од наставниот план биле и странски јазици, етика, економика, историја, закон, логика, природни науки, математика, медицина и гимнастика. Универзитетот имал огромна библиотека, која продолжила да расте благодарение на локалната печатарска машина.
Во текот на 17 век, се чинело дека Полските браќа и понатаму ќе напредуваат. Сепак, не било така.
Црквата и државата пружаат отпор
Збигњев Огоновски од полската Академија на науките, објаснува: „На крајот од третата деценија на 17 век, ситуацијата на Аријците во Полска почнала брзо да се влошува“. Тоа се должело на сѐ посмелата активност на католичкото свештенство. Тоа ги користело сите можни средства, вклучувајќи и клевети и навредливи написи, за да го сруши
угледот на Полските браќа. Нападот бил олеснет и од променетата политичка ситуација во Полска. Новиот полски цар, Сигисмунд III Васа, им бил непријател на Полските браќа. Неговите наследници, а особено Јан II Казимир Васа, исто така ги поддржувале обидите на Католичката црква да ги попречи Полските браќа.Работите достигнале кулминација со наводно намерното обесчестување на еден крст од страна на неколку студенти од Раков. Овој инцидент станал изговор за уништување на главниот град на Полските браќа. Сопственикот на Раков бил обвинет пред парламентарниот суд за ‚ширење злоба‘ заради тоа што го поддржувал универзитетот во Раков и неговата печатарска машина. Полските браќа биле обвинети за субверзивна активност, за впуштање во оргии и неморален живот. Парламентот одлучил да го затвори универзитетот Раков, а печатарската машина и црквата која им припаѓала на Полските браќа да бидат уништени. На верниците им било наредено да го напуштат градот. Универзитетските професори биле протерани под закана со смрт. Некои Полски браќа се преселиле во побезбедни засолништа, како што биле Шлезија и Словачка.
Во 1658 парламентот одлучил дека Полските браќа треба да го продадат својот имот и во рок од три години да се преселат во странство. Подоцна, тој рок бил скратен на две години. Секој што ги исповедувал нивните верувања после тоа, требало да биде погубен.
Некои Социнијанци се населиле во Холандија, каде што продолжиле со својата печатарска активност. Во Трансилванија едно собрание продолжило да функционира сѐ до почетокот на 18 век. На своите состаноци, кои ги одржувале трипати седмично, тие пееле псалми, слушале проповеди и читале од еден катехизам кој бил подготвен со цел да се објаснат нивните учења. За да се сочува чистотата на собранието, соверниците биле исправани, поттикнувани и, ако било потребно, истерувани.
Полските браќа ја проучувале Божјата реч. Тие откриле некои скапоцени вистини, и непоколебливо ги споделувале со другите. Меѓутоа, на крај, се распрснале низ Европа и им било сѐ потешко да го сочуваат своето единство. Со текот на времето, Полските браќа исчезнале.
[Фусноти]
a Ариј (250—336 н. е.) бил свештеник од Александрија кој тврдел дека Исус има пониска положба од Таткото. Концилот во Никеја го отфрлил неговото гледиште во 325 н. е. (Види го англиското издание на Разбудете се! од 22 јуни 1989, страница 27.)
b Види го српското издание на Разбудете се! од 8 октомври 1989, страница 21, „Социнијанците — зошто го отфрлиле тројството?“
[Слика на страница 23]
Куќа која му припаѓала на еден социнијански министер
[Слики на страница 23]
Горе: Раков денес; десно е манастирот основан во 1650 за да се искорени секоја трага на „аријанизмот“; долу: На ова место католичкото свештенство поставило крст за да предизвика конфликт со Полските браќа
[Извор на слика на страница 21]
Title card од Biblia nieświeska од Шимон Бадни, 1572