Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Во Холандија им се помага на сите видови луѓе

Во Холандија им се помага на сите видови луѓе

Објавителите на Царството известуваат

Во Холандија им се помага на сите видови луѓе

АВРААМ бил човек со необична вера. „[Кога бил, NW] повикан“, рекол апостол Павле, Авраам го послушал Божјиот глас и ‚тргнал, не знаејќи, каде оди.‘ Откако се преселил со целото свое семејство, Авраам ‚живеел како странец во земјата на ветувањето‘ (NW) во преостанатите сто години од својот живот (Евреите 11:8, 9).

На сличен начин, многу Јеховини сведоци денес го прифатиле предизвикот да се преселат во друга земја за да служат онаму каде што има поголема потреба. Други научиле друг јазик за да можат да им сведочат на странците кои имигрирале во нивната земја. Како што покажуваат следниве искуства, овој убав дух отворил „за работа погодна врата“ во Холандија каде од 15 милиони жители еден милион се од други земји (1. Коринтјаните 16:9).

◻ Барам, поранешен инструктор по кунг-фу, дошол од една средноисточна земја. Набавил Библија и некои публикации на Watch Tower. За еден месец, Барам сфатил дека ја пронашол вистината. Била започната студија со него и со неговата сопруга, но имало еден проблем — неговиот библиски учител не го знаел нивниот јазик. Комуницирале со гести, зборувајќи „со раце и со нозе“, како што ќе им текнело. Со текот на времето, Барам и неговата сопруга стапиле во контакт со едно собрание во кое се зборувало на нивниот мајчин јазик, и после тоа брзо напредувале. Сега Барам е крстен Сведок.

◻ Еден брачен пар пионери од Холандија му пристапиле на еден Индонезиец кој стоел пред некој супермаркет. Тој пријатно се изненадил кога тие двајцата му зборувале на неговиот мајчин јазик. Тогаш биле направени подготовки да биде посетен во неговиот дом. Се установило дека повеќе од 20 години имал живеано во Русија, и дека за тоа време станал гинеколог. Тврдел дека е атеист, но признал дека секојпат кога ќе се родело бебе, не можел а да не се изначуди: „Колку е совршено човечкото тело! Какво чудо!“ Се сложил да ја проучува Библијата, и наскоро почнал да верува дека постои Творец кој се грижи за човештвото (1. Петрово 5:6, 7). Сега е крстен брат и служи во индонезиското собрание во Амстердам.

◻ Во Ротердам, едно од најголемите светски пристаништа за товарење, група пионери станале вешти во проповедањето на луѓе од различни јазични групи кои доаѓале на брегот секој ден. Како резултат на активноста на оваа одушевена група проповедници, вистината ја прифатиле неколку морнари, вклучувајќи и еден капетан, поморски офицер и бивш телохранител. Сега и тие помагаат во ширењето на добрата вест за Божјето Царство ширум светот (Матеј 24:14).

Како и во другите делови на светот, Јеховините сведоци во Холандија се одлучни да го дадат својот дел во објавувањето на вечната добра вест до секоја нација, племе, јазик и народ (Откровение 14:6).