Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Посебна прилика — дали ќе бидете таму?

Посебна прилика — дали ќе бидете таму?

Посебна прилика — дали ќе бидете таму?

НА ЕДЕН знаменит ден пред повеќе од 3.500 години, Јехова Бог побарал секое домаќинство од Израелците поробени во Египет да заколе јагне или јаре и со неговата крв да ги попрска довратниците и надвратниците на своите куќи. Истата ноќ, Божјиот ангел ги одминал куќите означени на ваков начин, но ги убил првородените синови во домовите на сите Египќани. Потоа Израелците биле ослободени. На годишнината од тој настан, Евреите ја прославувале Пасхата.

Веднаш откако Исус Христос завршил со прославувањето на својата последна Пасха со апостолите, тој вовел еден оброк со кој требало да се одбележи споменот на неговата жртвена смрт. На своите апостоли им подал бесквасен леб и им рекол: „Земете, јадете, ова е Моето тело“. Потоа, им дал чаша со вино и им рекол: „Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина, за опростување на гревовите“. Исто така, Исус рекол: „Правете го ова за Мој спомен!“ (Матеј 26:26—28; Лука 22:19, 20). Значи, Исус им заповедал на своите следбеници да ја одбележуваат неговата смрт.

Годинава, годишнината на Исусовата смрт се паѓа в среда, на 19 април, после зајдисонце. Јеховините сведоци ширум светот ќе се соберат таа посебна вечер за да го одбележат овој Меморијал токму на начинот на кој заповедал Исус. Срдечно сте поканети да ни се придружите како набљудувачи. Ве молиме, проверете кај Јеховините сведоци од вашата околина за точното време и место на одржување на состанокот.