Совршен живот — не е само сон!
Совршен живот — не е само сон!
Совршен свет — што значи тоа за тебе? Замисли си само човечко општество во кое нема криминал, злоупотреба на дрога, глад, сиромаштија или неправда. Сите уживаат во одлично емоционално и физичко здравје. Нема тага ниту несреќа бидејќи дури и смртта е отстранета. Дали е реалистично да се копнее по еден таков свет?
ИАКО не го игнорираат напредокот на науката и технологијата, повеќето луѓе всушност не веруваат дека човечката интелигенција или ученост ќе создадат совршен свет во кој сите ќе живеат во мир и среќа. Од друга страна, пак, неоспорна е тенденцијата на човекот да сака да ги подобри работите и да ги исправи несовршеностите. Секако, едно чисто нереалистично фантазирање нема да им помогне на бездомниците и сиромашните ниту, пак, ќе ги задоволи онеспособените и болните кои копнеат по ослободување од своите страдања. Совршениот свет едноставно нема да дојде преку човечка креативност. Меѓутоа, и покрај сегашнава беда и угнетување, постојат цврсти причини да веруваме дека всушност многу близу е еден свет кој ти би го нарекол совршен.
Кога размислуваш за совршен живот, во мислите можеби ти доаѓа животот на Исус Христос. Тој не бил единствениот совршен човек кој некогаш живеел на Земјата. Адам и Ева, создадени според Божји лик, уживале во совршен живот во рајот. Меѓутоа, тие ја изгубиле оваа одлична состојба поради побуната против својот небесен Татко (1. Мојсеева 3:1—6). Но, Творецот всадил во луѓето желба да живеат засекогаш. За тоа сведочи Проповедник 3:11 (ДХК): „Сѐ што прави [Бог] е прекрасно во свое време; им ја всадил вечноста во нивните срца, иако човек не може да ги постигне делата што Бог ги прави од почеток до крај“.
Иако несовршеноста и гревот го довеле човештвото до живот на „ништожност“ и до „ропството на распадливоста“, забележи ги утешителните зборови на апостол Павле: „Созданието со желно исчекување го чека откривањето на Божјите синови. Зашто созданието беше подложено на ништожност, Римјаните 8:19—21, NW). Библијата јасно покажува дека Божјите подготовки за обновување на совршениот човечки живот се ставени на располагање преку Исус Христос (Јован 3:16; 17:3).
не по своја волја, туку преку оној кој го подложи, на темел на надежта дека самото создание ќе биде ослободено од ропството на распадливоста и дека ќе ја има славната слобода на Божјите деца“ (Освен оваа прекрасна надеж за иднината, сите ние имаме потенцијал духовно да напредуваме, и да го направиме нашиот напредок видлив уште сега.
Обиди се да бидеш разумен
Исус Христос сметал дека совршеноста е толку важна што на една огромна публика ѝ рекол: „Бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен“ (Матеј 5:48). Дали Исус навистина очекувал да бидеме без недостаток во сегашниов зол систем? Не. Сигурно дека треба да настојуваме да ги негуваме особините великодушност, љубезност и љубов кон нашите ближни, но сепак, честопати пропуштаме да го правиме она што е исправно. Дури и еден од Исусовите апостоли напишал: „Ако ги исповедаме гревовите свои, Он е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда. Ако, пак, речеме дека не сме згрешиле, Него Го правиме лажец, и словото Негово не е во нас“ (1. Јованово 1:9, 10).
Сепак, можеме да го подобриме начинот на кој се гледаме себеси и на кој постапуваме со другите, избегнувајќи да одиме во крајности. Кој може да најде подобар рецепт за стекнување урамнотежена, разумна личност од оној што се наоѓа во Божјата реч, Библијата? Негувањето особини како што се радоста и умереноста ќе ни помогне да се сложуваме со другите на работа, со брачниот партнер и со нашите родители или со децата. Апостол Павле ги опоменал христијаните: „Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се! Кротоста [Разумноста, NW] ваша нека им биде позната на сите луѓе!“ (Филипјаните 4:4, 5).
Користи од разумноста
Кога имаш разумни очекувања и избегнуваш самоизмачување и самопоразувачки перфекционизам, извлекуваш корист и ти лично, а и другите. Да го знаеш својот вистински потенцијал вклучува да бидеш и реалистичен и разумен во врска со тоа што сакаш да правиш. Запомни, Бог нѐ создал да живееме на Земјата и да најдеме задоволство во смисловна работа која ни користи и нам и на другите (1. Мојсеева 2:7—9).
Ако бараш премногу од себеси, зошто не му се обратиш на Јехова во молитва? Стекнувањето Божја наклоност ќе ти донесе големо олеснување. Јехова го знае нашиот состав и несовршена состојба, па затоа не е неразумен ниту, пак, е личност на која тешко може да ѝ се угоди. Псалмистот нѐ уверува: „Како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. Зашто Он го знае нашиот состав, помни дека ние сме земја“ (Псалм 102:13, 14). Колку само можеме да бидеме благодарни што Бог постапува со луѓето на таков милостив начин! Иако тој ги знае нашите ограничувања, сепак можеме да бидеме скапоцени во неговите очи како љубени деца.
Наместо да се стремиме кон перфекционизам, колку само е помудро да негуваме духовна проникливост и урамнотежено гледиште! Освен тоа, можеме да бидеме сигурни дека никој не може да го спречи Јехова да ја исполни својата намера да го издигне човештвото до совршеност под Божјето Царство. Но, што значи човечка совршеност?
Совршениот живот подобар од перфекционизмот
Совршеноста не значи да се биде перфекционист. Оние кои ќе бидат привилегирани да живеат во Рајот под Божјето Царство, сигурно нема да бидат самоправедни поединци кои имаат големи барања. Едно од барањата за преживување на големата неволја е искреното ценење на откупната жртва, што е покажано во изјавата на меѓународното големо мноштво кое го опишал апостол Јован: „За спасението наше слава на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Агнецот!“ (Откровение 7:9, 10, 14). Сите преживеани во претстојната голема неволја ќе бидат благодарни што Христос спремно умрел за нив и за сите кои практикуваат вера во него. Неговата љубезна жртва го полага темелот за трајно ослободување од нивните несовршености и слабости (Јован 3:16; Римјаните 8:21, 22).
Каков ќе биде совршениот живот? Наместо конкуренција и себични амбиции, љубовта и љубезноста меѓу луѓето ќе го направат животот вреден за живеење, и ќе ги отстранат тегобните грижи и ниската самопочит. Сепак, совршениот живот нема да биде здодевен или монотон. Божјата реч не ги дава сите детали за Рајот, но опишува каков ќе биде животот што можеме да го очекуваме: „Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе ги јадат плодовите нивни. Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде друг; зашто дните на народот Мој ќе бидат како дните на дрво, и моите избрани долго ќе се користат со делото на рацете свои. Нема да се трудат напразно и да раѓаат деца за скрб; зашто ќе бидат семе, благословено од Господа, и потомците нивни со нив“ (Исаија 65:21—23).
Наместо да се прашуваш каква забава, продавници, технологија или превоз ќе има во Царството, замисли се себеси како уживаш во исполнувањето на овие зборови: „Волк и јагне ќе пасат заедно, а лавот ќе јаде слама како вол, а на змијата правот ќе ѝ биде храна: тие нема да причинуваат зло и штета по целата Моја света гора, вели Господ“ (Исаија 65:25). Колку само ќе биде поинаков совршениот живот од оној што го живееме денес! Ако бидеш еден од оние кои ќе бидат сметани за достојни да живеат во тоа време, ќе имаш причина за доверба дека твојот небесен Татко полн со љубов ќе покаже интерес за тебе и за твоето семејство. „Утешувај се со Господа, и Он ќе ти даде срцето твое што ќе посака“ (Псалм 36:4).
Совршениот живот не е само сон. Јеховината љубезна намера со човештвото во целост ќе се оствари. Ти и твоето семејство можете да бидете меѓу оние кои ќе бидат издигнати до човечка совршеност и ќе живеат засекогаш во Божјиот нов свет. Библијата претскажува: „Праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно“ (Псалм 36:29).
[Слика на страница 6]
Можеме да го подобриме начинот на кој гледаме на себеси и на другите, избегнувајќи перфекционизам или ситничарење
[Слика на страница 7]
Зошто не си замислиш како веќе уживаш во мирољубивите и праведните околности во Рајот?