Спасување на островот Робинсон Крусо
Спасување на островот Робинсон Крусо
РОБИНСОН КРУСО е еден од трите острови на Пацифичкиот Океан кои го сочинуваат архипелагот наречен Хуан Фернандез, оддалечен околу 640 километри од брегот на Чиле. * Островот кој зафаќа површина од 93 квадратни метри го добил името по прочуениот роман од 18 век со наслов Робинсон Крусо кој го напишал англискиот автор Даниел Дефо. Романот изгледа бил делумно темелен на авантурите на Шкотланѓанецот Александар Селкирк кој четири години живеел сам на островот.
Еден дрвен натпис на островот делумно наведува: „На ова место, од ден во ден, повеќе од четири години, шкотскиот морепловец Александар Селкирк загрижено го барал на хоризонтот чамецот за спасување кој би го ослободил од неговата изолација“. Конечно, Селкирк бил спасен и вратен во татковината, во еден свет кој, после живеењето во својот мал сопствен рај, повеќе не го задоволувал. Се известува дека подоцна тој рекол: „О, мој сакан острову! Посакувам никогаш да не си заминев од тебе!“
Со текот на времето, островот почнал да се користи како казнена колонија за лица кои извршиле „злосторства на верата“ против Католичката црква. Каква само промена во однос на рајскиот остров кој некогаш го знаел Селкирк! Меѓутоа, денешните жители на островот уживаат во едно мирољубиво спокојство кое е непознато за многу делови од светот. Опуштениот стил на живеење, кој е типичен за многу островски култури, олеснува да се започнат разговори скоро со секого.
Официјално, Робинсон Крусо има околу 500 жители, но во поголемиот дел од годината на островот живеат само околу
400 луѓе. Делумно, причината е тоа што во текот на школската година некои мајки со своите деца живеат на чилеанското копно, а на островот се враќаат само во текот на месеците на школскиот распуст за да го поминат времето со останатиот дел од семејството.И покрај прекрасните рајски услови на Робинсон Крусо, некои островјани чувствуваат духовна празнина и трагаат по одговори. Други се чувствуваат како да имаат потреба да бидат духовно спасени.
Духовно спасување
Таквото дело на духовно спасување започна околу 1979 година. Една жена која ја проучувала Библијата со Јеховините сведоци во Сантјаго (Чиле) се преселила на островот и почнала да ги поучува другите за она што го научила. После некое време еден собраниски старешина кој го посетил островот заради некоја световна работа се изненадил кога нашол мала група библиски студенти која духовно напредувала со помош на таа жена. До времето кога тој старешина повторно го посетил островот
после три месеци, оваа изолирана библиска учителка и две од нејзините студентки биле спремни за крштавање, па така старешината претседавал на нивното крштавање. Подоцна, една од овие новокрстени христијанки се омажила и, заедно со својот сопруг, продолжила да трага по другите на кои им било потребно духовно спасување. Нејзиниот сопруг презел водство во изградбата на една скромна Сала на Царството, која и понатаму ѝ служи на малата група на тој остров. Со текот на времето, тие од економски причини го напуштиле Робинсон Крусо и се преселиле во едно собрание во централно Чиле каде и понатаму активно му служат на Јехова.Малку по малку, како што и други се спасувале од лажната религија, малата група на островот продолжувала да расте. Меѓутоа, со оглед на тоа што учениците мораат да се селат на копното заради своето средно образование, групата била намалена на две крстени сестри и една млада девојка. Групата се зголемува за време на распустот кога некои мајки се враќаат на островот. Ова ги живнува трите изолирани христијанки кои остануваат таму преку целата година. Како резултат на напорната работа на овие сестри, Јеховините сведоци на Робинсон Крусо се добро познати. Секако, некои островјани зазеле став против нивното дело и се обиделе да извршат притисок врз другите да ја одбијат пораката за Царството. Сепак, семето на библиската вистина посеано во искрените срца продолжува да расте.
Зајакнување на спасените
Еднаш годишно покраинскиот надгледник го посетува островот. Како изгледа да се посетат една рака Сведоци на оддалечен остров? Еден покраински надгледник ја опишува својата прва посета на Робинсон Крусо:
„Ова патување беше остварување на еден сон. Започна во 7.00 часот, кога од Валпараисо заминавме за аеродромот Серилос во Сантјаго. Се качивме на еден мал авион за седум патници. После лет од 2 часа и 45 минути, во далечината здогледавме еден планински врв кој се издигаше над облаците. Како што се приближувавме, на видикот се појави островот — импресивна камена маса среде океанот. Изгледаше
како да лебди над водната површина, како брод изгубен сред море.Откако се спуштивме, до селото отидовме со чамец. Овде-онде, карпите кои се наѕираат од морето формираат мали островчиња кои служат како одморалишта за ушестите фоки на Хуан Фернандез. Ушестите фоки се заштитен вид бидејќи нивниот број е многу намален. Одеднаш, нешто прелетува покрај чамецот пред да исчезне повторно во морето. Тоа е една летечка риба чии набрани перки личат на крилја. Изгледаше како да ужива да потскокнува во водата за да фаќа инсекти. Секако, понекогаш е уловен и оној кој лови; нејзините скокови можат да го привлечат вниманието на други грабливци кои се спремни да ја проголтаат додека се спушта во водата.
Конечно, стигнавме во селото Сан Хуан Баутиста (Св. Јован Крстител). На пристаништето стоеја доста островјани кои или ги чекаа своите посетители или само беа љубопитни да видат кој би можел сега да дојде. Бевме импресионирани од прекрасната панорама — величествената и шилеста планина по име Ел Јунке (Наковална), како прекриена со тепих од темно-зелено кадифе, а во заднината јасно, сино небо порабено со маса бели облаци.
Наскоро забележавме една група наши христијански сестри и нивните деца кои нѐ чекаа на пристаништето. Беше време на распуст, па затоа групата беше поголема од обично. Откако срдечно се поздравивме, бевме одведени во една атрактивна кабина која ја нарековме наш дом за една седмица.
Тоа беше една навистина посебна седмица, и сфативме дека брзо ќе помине. Требаше добро да го искористиме нашето време. Истиот ден, веднаш после ручекот, посетивме една библиска студентка која наскоро требаше да стане наша духовна сестра и дел од Божјиот духовен рај. Таа зрачеше од радост, но имаше и малку трема. Нејзината долгоочекувана цел да се крсти се наближуваше. Разгледавме со неа некои неопходни информации така што таа можеше да се квалификува како објавител на добрата вест. Следниот ден за првпат учествуваше во делото на проповедање. Третиот ден, почнавме со неа да ги разгледуваме барањата за крштавање. Пред да заврши седмицата, таа се крсти.
Состаноците кои се одржаа таа седмица беа добро поддржувани, и имаше најголем број од 14 присутни. Секој ден имавме подготовки за служба на теренот, за повторни посети, библиски студии и пастирски посети. Какво само охрабрување беше тоа за сестрите кои сами ја извршуваа службата преку целата година!“
На мажите од островот им е потешко да се одѕвијат на вистината, можеби поради исцрпувачките барања на нивната световна работа. Главно занимање е ловење јастози, што бара голема оддаденост. За негативната реакција на многумина улога играат и предрасудите. Сепак, се надеваме дека во иднина ќе се одѕвијат многу островјани, како мажи така и жени.
Досега десет поединци на островот се спасени со тоа што ја запознаа вистината и намерите на Јехова Бог. Некои од нив веќе го напуштија островот од различни причини. Но, сеедно дали остануваат или не, нивното духовно спасување е многу позначајно од спасувањето на Александар Селкирк. Сега уживаат во духовен рај без оглед на тоа каде живеат. Сестрите кои сѐ уште живеат на островот и нивните деца уживаат во рајска околина, но дури и повеќе од тоа, тие имаат изглед да живеат кога целата Земја ќе биде вистински рај во секоја смисла на зборот.
Делото на спасување продолжува
Во географски поглед, оваа мала група Јеховини сведоци на Робинсон Крусо живее многу далеку од останатите свои духовни браќа и сестри. Сепак, тие не се чувствуваат напуштени, како Шкотланѓанецот Селкирк. Со постојан доток на теократска литература, видео-касети од собирите и конгресите кои трипати годишно им ги испраќа подружницата на Watch Tower Society од Чиле, како и годишната посета на покраинскиот надгледник, тие одржуваат близок контакт со Јеховината организација. Така и понатаму се активен дел од ‚целата заедница на браќа по светот‘ (1. Петрово 5:9, NW).
[Фуснота]
^ пас. 2 Островот службено се нарекува Мас а Тиера.
[Карти/слика на страница 9]
(Види во публикацијата)
ЧИЛЕ
Сантјаго
ОСТРОВОТ РОБИНСОН КРУСО
Сан Хуан Баутиста
Ел Јунке
ПАЦИФИЧКИ ОКЕАН
ОСТРОВОТ САНТА КЛАРА
[Слика]
Кога на видик се појавува островот, се гледа една импресивна камена маса среде океанот
[Извор на слика]
Мапа на Чиле: Mountain High Maps® Copyright © 1997 Digital Wisdom, Inc.
[Слика на страници 8 и 9]
Величествената шилеста планина наречена Ел Јунке (Наковална)
[Слика на страница 9]
Селото Сан Хуан Баутиста (Св. Јован Крстител)
[Слика на страница 9]
Малите островчиња служат како одморалишта за ушестите фоки и за морските лавови
[Слика на страница 10]
Летавме со мал авион од Сантјаго (Чиле)
[Слика на страница 10]
Карпестиот брег на островот Робинсон Крусо
[Слика на страница 10]
Скромната Сала на Царството на островот