108-от клас на Гилеад поттикнат да извршува света служба
108-от клас на Гилеад поттикнат да извршува света служба
НА ОБОЖАВАЊЕТО на Бог Библијата честопати се осврнува со изразот „света служба“. Тој доаѓа од еден грчки термин кој укажува на извршување служба на Бог (Римјаните 9:4, NW). Оние 5.562 лица кои ја следеа програмата за промоција на 108-от клас на Библиската школа Гилеад на Watchtower слушнаа говорници кои дадоа практични совети што ќе им помогнат на дипломците да извршуваат света служба, прифатлива за Јехова Бог. *
Како претседавач служеше Теодор Џерес, член на Водечкото тело на Јеховините сведоци. Програмата започна со песна број 52, „Името на нашиот татко“. Втората строфа од таа песна вели: „Бараме начини да можеме исто така да го светиме твоето неспоредливо име“. Тоа навистина ја изразува искрената желба на студентите од класот кој дипломираше (кои се од 10 различни земји) да ја искористат својата обука на своите мисионерски доделби, во 17 различни земји.
Во своите уводни забелешки, брат Џерес го сврте вниманието кон петте месеци кои студентите ги минаа во интензивно учење, што ги подготви за служба на странски терени. Тоа им помогна да ‚се уверат во сите работи‘, односно да го прегледаат во светлина на Божјата реч она што претходно го научиле, и ‚цврсто да се држат за она што е извонредно‘ (1. Солуњаните 5:21, NW). Тој ги охрабри верно да се држат за Јехова, за неговата Реч и за доделбите за кои беа обучени. Што ќе им помогне додека го прават сето ова?
Практични совети за извршување света служба
Лон Шилин, член на Одборот за функционирање на Бетелот, зборуваше на тема „Дали ќе го положиш испитот на разумноста?“ Тој истакна колку вреди да се биде разумен, што одразува побожна мудрост (Јаков 3:17). Разумноста вклучува да се биде попустлив, фер, скромен, обѕирен и воздржлив. „Разумните луѓе се урамнотежени во постапките со другите. Тие не одат во крајности“, рече брат Шилин. Што може да му помогне на еден мисионер да биде разумен? Ако има скромно гледиште за себеси, ако ги користи приликите да слуша и да учи од другите, и ако е спремен да ги земе предвид гледиштата на другите додека во исто време не ги компромитира побожните начела (1. Коринтјаните 9:19—23).
Филипјаните 4:13, NW).
„Не заборавај да јадеш!“ беше фасцинантниот наслов на следниот дел од програмата кој го изнесе Семјуел Херд, друг член на Водечкото тело. Тој ја истакна вредноста на добрата духовна исхрана за да се остане погоден за извршување света служба. „Наскоро, како што ќе се внесувате во вашата доделба на проповедање и поучување“, рече брат Херд, „вашата духовна активност ќе се зголеми. Затоа, ќе има потреба да ги зголемите дозите на духовна храна за да ги урамнотежите и изедначите своите сили.“ Постојаното земање духовна храна може да му помогне на мисионерот да избегне духовна депресија и носталгија. Тоа придонесува за задоволство и решеност да се остане на доделбата на светата служба (Еден од инструкторите на Гилеад, Лоренс Боуен, ги охрабри дипломците: „Вратете се на почетокот“. Што мислеше со ова? Тој ги замоли сите присутни да свртат во Изреки 1:7 (NW), каде се вели: „Стравот од Јехова е почеток на спознанието“. Говорникот објасни: „Сето она што го игнорира основниот факт за Јеховиното постоење не може, всушност, никогаш да се квалификува како вистинско спознание ниту, пак, од него да произлезе исправно разбирање“. Брат Боуен ги спореди деталите од Божјата реч, Библијата, со делчињата од една слагалка. Кога делчињата ќе се спојат, се формира сликата. Колку повеќе делчиња има толку сликата станува поголема и појасна, и човек развива поголемо ценење. Ова може да им помогне на сите да извршуваат света служба на Бог.
Валас Ливеранс, архивар на школата Гилеад, ја заклучи серијата предавања. Неговата тема беше: „Принеси му на Бог благодарење како жртва“. Тој го сврте вниманието кон извештајот за тоа како Исус излекувал десетмина лепрозни (Лука 17:11—19). Само еден се вратил за да го фали Бог и да му се заблагодари на Исус. „Несомнено, другите биле возбудени бидејќи се исчистиле. Биле задоволни со својата чиста состојба, но се чини дека сѐ што сакале било свештеникот да ги прогласи за чисти“, коментираше брат Ливеранс. Духовното чистење кое е резултат од дознавањето на вистината, комбинирано со благодарноста, треба да нѐ натера да му изразуваме благодарности на Бог за неговата доброта. Студентите на 108-от клас на Гилеад беа охрабрени да медитираат за сите Божји активности и за неговата доброта со цел нивната служба и жртвите да бидат одраз на благодарноста кон Бог (Псалм 49:14, 23; 115:12, 17).
Искуства и интервјуа како да се прави тоа
Следниот дел од програмата го водеше Марк Нојмар, друг инструктор на Гилеад. Тој обрна внимание на искуствата на класот од службата на теренот во периодот на нивната обука. Пред да дојдат во Гилеад, студентите поминале, во просек, по околу 12 години во полновремената служба. Додека биле на школата, започнале приличен број библиски студии со луѓе од различно потекло, покажувајќи со тоа дека тие знаат како ‚за сите да станат сѐ‘ (1. Коринтјаните 9:22).
После искуствата на студентите, Чарлс Молохан и Вилијам Семјуелсон интервјуираа некои членови на бетелската фамилија и патувачки надгледници кои дипломирале на Гилеад. Еден од интервјуираните браќа, Роберт Певи, од своето дипломирање во 51-от клас на Гилеад служи на Филипините. Тој го потсети класот на следново: „Секогаш кога има некој проблем, сите даваат свои предлози за тоа како да се реши проблемот. Секогаш има некој попаметен од тебе, некој кој ќе дојде до подобра идеја. Но, ако погледнеш во Библијата и се обидеш да го најдеш Божјето гледиште за тие работи, никој не ќе може да го надмине тоа. Тоа секогаш ќе биде вистинскиот одговор“.
Прекрасната духовна програма ја заокружи Џон Бар, член на Водечкото тело, кој говореше на тема „Извршувај му прифатлива света служба на Јехова“. Тој покажа како светата служба може да се одрази додека се служи на теренот за да им се помогне на поединците со искрени срца да го обожаваат Бог на прифатлив начин. Откако се осврна на Исусовите зборови во Матеј 4:10, брат Бар рече: „За да го обожаваме само Јехова, мораме да ги избегнуваме сите подмолни облици на идолопоклонство, како што е алчноста, желбата за богатство и самопрепорачувањето. Колку само нѐ прави среќни помислата дека нашите мисионери низ годините, уште од раните 1940-ти, изградија едно одлично досие во тој поглед! И сигурни сме дека, вие, дипломци на 108-от клас на Гилеад ќе го следите нивниот добар пример. Вие ќе му извршувате света служба на Јехова, единствениот кој го заслужува тоа“.
Тоа беше позитивна кулминација на една изградувачка програма. Потоа дојде време да се чујат поздравите од лица од целиот свет кои им пожелуваа на дипломците сѐ најдобро, да се врачат дипломите и да се прочита писмото со кое класот изрази ценење за добиената обука. Дипломците од класот беа поттикнати да ја покажуваат особината верност на своите доделби и во служењето на Јехова. Сите присутни, вклучувајќи ги и гостите од 25 земји, се придружија во завршувањето на програмата со песна и молитва.
[Фуснота]
^ пас. 2 Програмата на 11 март 2000 се одржа во Образовниот центар Watchtower во Патерсон (Њујорк).
[Рамка на страница 23]
ПОДАТОЦИ ЗА КЛАСОТ
Број на застапени земји: 10
Број на земји во кои се доделени: 17
Број на студенти: 46
Просечна старост: 34
Просек на години во вистина: 16
Просек на години во полновремена служба: 12
[Слика на страница 24]
108-от клас кој дипломираше на Библиската школа Гилеад на Watchtower
Во долната листа редовите се нумерирани однапред наназад, а имињата се наведени одлево надесно во секој ред.
1) Амадори Е.; Кук В.; Берн М.; Ли Е. 2) Њусам Д.; Педерцоли А.; Бигра Х.; Като Т.; Гејтвуд Д. 3) Ид Д.; Ид Џ.; Велс С.; Џејмисан Џ.; Гонзалес М.; Гонзалес Џ. 4) Като Т.; Лон Д.; Никлаус И.; Прис С.; Фостер П.; Ибера Џ. 5) Амадори М.; Манинг М.; Џејмс М.; Бастром А.; Гејтвуд Б.; Њусам Д. 6) Фостер Б.; Џејмисан Р.; Хифингер А.; Кофел С.; Кофел Т.; Берн Џ. 7) Хифингер К.; Манинг К.; Кук Џ.; Бастром Џ.; Лон Е.; Педерцоли А. 8) Џејмс Е.; Велс Л.; Прис Д.; Никлаус Е.; Ли М.; Ибера П.; Бигра И.