Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Дали го ценеше тоа што можеше да ги читаш неодамнешните изданија на Стражарска кула? Па, види дали ќе можеш да одговориш на следниве прашања:

Зошто можеме да бидеме сигурни дека исполнувањето на пророштвото за „ново небо и нова земја“ од Исаија 65:17—19 вклучува повеќе отколку само враќање на Евреите од ропство?

Бидејќи апостол Петар и апостол Јован, пишувајќи во првиот век н.е., укажале на едно идно исполнување, што вклучува благослови кои треба допрва да дојдат (2. Петрово 3:13; Откровение 21:1—4, 15.4., страници 10—12).

Што може да лежи во основата на митовите на древните Грци за насилничките полубогови?

Тие се можеби преувеличување и искривување на фактот дека пред Потопот некои ангели зеле човечки тела и воделе насилнички, неморален живот на Земјата (1. Мојсеева 6:1, 2; 15.4., страница 27).

Кои се некои опасности од кои ќе се чуваат зрелите христијани на свадбите?

Важно е да се избегнува бучно лумпување, до кое би можело да дојде ако премногу слободно се точи алкохол и ако има диво танцување на гласна музика. Освен ако е јасно кажано дека приемот е отворен за сите, не би требало да доаѓаат непоканети лица. Младоженецот треба да се погрижи одговорни христијани да бидат присутни сѐ додека не заврши прославата во разумно време (1.5., страници 19—22).

На што се укажува во Псалм 128:3 (ДХК) кога се вели дека синовите се како „млади маслинови гранчиња“ околу трпезата на еден човек?

Честопати од основата на стеблото на маслинката потеруваат нови фиданки. Кога главното стебло на едно старо дрво повеќе не раѓа многу плодови, новите фиданки може да станат силни стебла околу него. На сличен начин, родителите може да се радуваат што имаат деца кои донесуваат плод и му служат на Јехова заедно со нив (15.5., страница 27).

Кои се некои користи што ги извлекуваат децата од здравата семејна атмосфера?

Таа го полага темелот да имаат здраво гледиште за авторитетот, ценење за исправните морални мерила и среќни односи со другите. Таквата атмосфера може да им помогне и да развијат пријателство со Бог (1.6., страница 18).

Што било сторено во една земја на Далечниот Исток за да се охрабри на идејата дека сите христијани се браќа?

Сите собранија беа поттикнати да не им се обраќаат на извесни поединци со почесни термини. Наместо тоа, на сите треба да им се обраќаме подеднакво како на браќа (15.6., страници 21, 22).

Дали Јеховините сведоци прифаќаат лекови добиени од крв?

Ние веруваме дека библиската заповед да ‚се воздржуваме од крв‘ ја исклучува трансфузијата на комплетна крв или на нејзините примарни состојки (плазма, црвени крвни клетки, бели крвни клетки и крвни плочки) (Дела 15:28, 29). Што се однесува до фракциите добиени од примарните состојки, секој христијанин си одлучува лично, имајќи го на ум она што го вели Библијата, како и својот однос со Бог (15.6., страници 29—31).

Дали навистина е можно да се најде внатрешен мир денес?

Да. Преку Библијата, Исус Христос ги води луѓето по патот на чистото обожавање и до мирот кој е опишан во Исаија 32:18. Освен тоа, оние кои стекнуваат таков мир имаат изглед да уживаат траен мир на Земјата во исполнување на Псалм 36:11, 29 (1.7., страница 7).

Каква улога одиграл Џорџ Јанг во современата теократска историја?

Започнувајќи во 1917, тој се покажал како светлоносец на добрата вест за Царството во многу земји. Неговата служба го одвела низ Канада, до островите на Карибите, во Бразил и во други земји на Јужна Америка, во Централна Америка, во Шпанија, во Португалија, во тогашниот Советски Сојуз и во Соединетите Држави (1.7., страници 22—27).

Што значи тоа во 1. Коринтјаните 15:29 кога вели дека некои „се крштаваат за да бидат мртви“?

Поентата е дека кога христијаните се помазани со свет дух, тие се подронуваат во еден животен пат кој ги води во смрт и подоцнежно воскресение за небесен живот (15.7., страница 17).

Што правел апостол Павле во текот на периодот опишан како негови тивки години?

Можеби помагал да се воспостават или да се зајакнат собранијата во Сирија и Киликија. Многу од тешкотиите спомнати во 2. Коринтјаните 11:23—27 мора да се случиле во текот на тој период, што покажува дека тој извршувал активна служба (15.7., страници 26, 27).

Што може да ни помогне да бидеме разумни во своите очекувања?

Запомни дека Јехова е полн со разбирање. Молитвата до него може да ни помогне да го урамнотежиме своето размислување, и таа е показател на скромност. Друга помош е ако добиеме свежо гледиште со тоа што ќе разговараме со некој зрел пријател (1.8., страница 29, 30).