Кога со молчењето се дава согласност
Кога со молчењето се дава согласност
КНИГАТА Betrayal—German Churches and the Holocaust (Предавство — германските цркви и холокаустот) дискутира за улогата на религијата во нацизмот. „Поддршката на режимот била вообичаена меѓу христијаните“, тврди книгата, „и огромното мнозинство пропуштило да подигне каков и да е приговор заради прогонството на Евреите. Молчењето, во овој случај, зборува гласно.“
Што ги привлекло кон нацизмот оние кои се исповедувале како христијани? Многумина, објаснува книгата, биле заведени од Хитлеровиот „пристап на ‚јавен ред и мир‘ кон германското општество“. Во неа се вели: „Тој се противеше на порнографијата, проституцијата, абортусот, хомосексуалноста и ‚бесрамноста‘ на модерната уметност, и ги одликуваше со бронзени, сребрени и златни медали жените кои раѓаа по четири, шест и осум деца, охрабрувајќи ги со тоа да ја задржат својата традиционална улога во домот. Ова апелирање на традиционалните вредности, споено со милитаристичкиот национализам кој го понуди Хитлер како одговор на понижувањето на нацијата со Версајскиот договор, го направи национал-социјализмот привлечна опција за многумина, па дури и за христијаните во Германија“.
Една група во потполност се разликувала. „Јеховините сведоци“, забележува книгата Предавство, „одбија да учествуваат во насилството или во употребата на воена сила.“ Ова неизбежно доведе до злобен напад врз оваа мала група, и многу нејзини членови беа фрлени во концентрациони логори. Сепак, други кои тврдеа дека се следбеници на Христос, останаа рамнодушни. Книгата понатаму наведува: „Католиците и протестантите, општо земено, повеќе покажаа непријателство отколку сочувство кон Јеховините сведоци, и тие повеќе ги делеа грубите вредности на Хитлер отколку пацифистичките вредности на Сведоците“. Нивното молчење несомнено придонесе за малтретирањето на Сведоците под нацистичкиот режим.
Додека вмешаноста на црквата во нацистичката политика и понатаму е извор на вжештена полемика, Предавство ги нарекува Јеховините сведоци „религиозна група која одбила да го поддржи режимот или да соработува со него“.