‚Тие говорат за доброта и љубов‘
‚Тие говорат за доброта и љубов‘
ПОСЛЕДНИВЕ години Јеховините сведоци во Франција беа мета на интензивна клеветничка кампања. Нивните противници користеа полувистини и дезинформации за погрешно да ги претстават во јавноста. Во почетокот на 1999, Јеховините сведоци ширум Франција дистрибуираа 12 милиони примероци од еден трактат со наслов Народе на Франција, те мамат! Во овој трактат, тие јавно ги осудија клеветничките изјави изнесени против нив.
Неколку дена после кампањата, г-н Жан Боном, доктор по медицина и поранешен член на Парламентот, испратил отворено писмо до еден локален весник. Тој напишал: „Одвреме навреме кај мене доаѓаат Јеховини сведоци. Доаѓаат да разговараат со мене за добротата и за универзалната љубов . . . Тие не се наметнуваат. Се изразуваат благо и љубезно го сослушуваат мојот скептицизам“.
Говорејќи за духовното гледиште на Јеховините сведоци, г-н Боном рекол: „Несофистицираноста во поглед на световните патишта, во нивниот случај, тешко дека може да нанесе некаква штета. Од друга страна, пак, несофистицираноста на извесни политичари во поглед на световните патишта е многу поголема закана за мирот на граѓаните и за хармонијата во општеството“.