Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Раните од војната

Раните од војната

Раните од војната

„ВО ВОЈНАТА нема победници“, забележал еден поранешен војник кој се борел во II светска војна. „Има само губитници.“ Мнозина ќе се сложат со него. Цената на војната е стравотна; и победниците и победените плаќаат ужасна цена. Дури и откако еден вооружен конфликт ќе заврши, милиони луѓе и понатаму страдаат од ужасните рани од војната.

Какви рани? Војната може да го десеткува населението и да остави голем број сирачиња и вдовици. Многу преживеани носат ужасни физички рани, како и психолошки лузни. Милиони може да бидат оставени во немаштија или да бидат принудени да станат бегалци. Можеме ли да си ги замислиме омразата и жалоста кои сигурно остануваат во срцата на оние кои ги преживуваат таквите конфликти?

Рани што печат

Раните кои ги врежува војната во срцата на луѓето печат долго откако ќе се постигне прекин на огнот, откако оружјето ќе молкне и војниците ќе си заминат дома. Следните генерации можеби меѓу себе ќе негуваат длабоко всадена горчина. На тој начин раните од една војна може да бидат коренска причина за следната.

На пример, Версајскиот договор кој беше потпишан во 1919 со цел да се стави формален крај на I светска војна, ѝ наметна на Германија услови кои нејзините граѓани ги сметаа за строги и одмазднички. Според The Encyclopædia Britannica, условите во договорот „предизвикаа огорченост кај Германците и придонесоа да се стимулира желбата за одмазда“. Неколку години потоа, „огорченоста од мировниот договор беше појдовна точка за Хитлер“, и беше еден од факторите што водеа до II светска војна.

Втората светска војна започна во Полска, а се прошири и на Балканот. Раните што меѓусебно си ги зададоа етничките групи во тој регион во 1940-тите придонесоа да се подготви патот за војната на Балканот во 1990-тите. „Злобниот круг на омраза и одмазда се претвори во спирала која се протега сѐ до нашево време“, коментирал германскиот весник Die Zeit.

За да живее човештвото во мир, раните од војната секако мора да се излекуваат. Како може да се постигне тоа? Што може да се стори за да се збришат омразата и жалоста? Кој може да ги излекува раните од војната?

[Извор на слика на страница 2]

НАСЛОВНА СТРАНИЦА: Фатмир Бошњаку

[Извори на слики на страница 3]

UN PHOTO 158297/J. Isaac; Фотографија на U.S. Coast Guard