Борбата против сиромаштијата — загубена битка?
Борбата против сиромаштијата — загубена битка?
ТУРИСТИТЕ кои ги посетуваат Обединетите нации во Њујорк Сити можат да ја видат салата на Економската и социјалната комора, во која на таванот над јавната галерија стојат откриени цевки и канали. Туристичкиот водич објаснува: „На ‚недовршениот‘ таван обично се гледа како на симболично потсетување дека економската и социјалната работа на Обединетите нации никогаш не завршува; секогаш ќе има уште нешто што може да се направи за да се подобрат условите за живеење на луѓето во светот“.
Иако Комората е обврзана кон почесната цел да охрабрува на повисок животен стандард за сите, се чини дека задачата нема крај. Интересно е тоа што за време на својата служба на Земјата во првиот век н.е., Исус Христос рекол: „Јеховиниот дух е врз мене, зашто ме помаза да им објавувам добра вест на сиромасите“ (Лука 4:18). Каква била ‚добрата вест‘ што ја објавувал тој? Тоа била пораката во врска со Царството кое ќе го воспостави Јехова Бог, кој станува „заштита на сиромашниот . . . во неволја“, и во кое Исус Христос ќе биде Цар. Што ќе постигне тоа Царство? Исаија прорекол: „Господ на Воинствата ќе им приготви на сите народи . . . гозба од мрсно месо, гозба со чисто вино, од сочна згуснетост, од стаено вино . . . и ќе ја уништи смртта засекогаш. И Господ Бог ќе ја избрише солзата од секое лице“ (Исаија 25:4-6, 8).
Дали би сакал да дознаеш повеќе за тоа како Божјето Царство ќе ги „подобри условите за живеење на луѓето во светот“, така што повеќе нема да има оскудица? Погледни подолу за да дознаеш како може еден квалификуван учител да те посети за да ти покаже повеќе за она што го вели Библијата за овие работи.