Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Скриена општа опасност за здравјето“

„Скриена општа опасност за здравјето“

„Скриена општа опасност за здравјето“

ЗАЧУДУВАЧКИ е тоа што третина од возрасните корисници на Интернет во Соединетите Држави посетиле некаков секс-сајт, открила една неодамнешна анкета за „он-лајн“ секс. Денес, огромен број луѓе им се препуштаат на своите сексуални пориви на Интернет. „Ова е скриена општа опасност за здравјето која брзо се шири, делумно затоа што малкумина ја препознаваат или ја сфаќаат сериозно“, вели д-р Ал Купер, психологот кој ја спровел анкетата.

Кој е особено ранлив на таквиот киберсекс? „Оние корисници чија сексуалност можеби е потиснувана и ограничувана целиот нивни живот“, но кои „одеднаш наоѓаат бескраен довод на сексуални прилики“ на Интернет, вели д-р Купер.

Меѓутоа, повеќето од оние кои често ги посетуваат секс-сајтовите ја сметаат таа практика за безопасна. Дали навистина е таква? Исто како што зависникот од дрога развива толеранција кон дрогата од која е зависен така и многу зависници од киберсекс настојуваат да ја зголемат „дозата“ на сексуалност преку Интернет за да ги задоволат своите страсти. Па, тие можеби си го загрозуваат дури и работното место и односот со својот брачен партнер!

Меѓутоа, оние кои сакаат да му угодат на Бог имаат додатна причина да избегнуваат да ги посетуваат секс-сајтовите на Интернет. Божјата реч опоменува: „Затоа, умртвете ги своите телесни членови што се на земјата во поглед на блуд, нечистота, сексуална страст, штетна желба и лакомост, што е идолопоклонство. Поради тие работи доаѓа Божјиот гнев“ (Колошаните 3:5, 6). За да ги ‚умртви своите телесни членови‘ во поглед на сексуалната страст, човек мора да негува силна љубов кон Јехова Бог (Псалм 97:10). Ако се најде искушан од општата опасност за здравјето преку киберсекс, треба да ја зајакне својата љубов кон Јехова на тој начин што ќе ја проучува Божјата реч, Библијата. Здравото дружење со Јеховините сведоци во локалната Сала на Царството може многу да придонесе за да му помогне на лицето да ја зајакне својата одлучност да му угоди на Бог.