Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Членовите на една светска заедница се грижат еден за друг

Членовите на една светска заедница се грижат еден за друг

Членовите на една светска заедница се грижат еден за друг

СЀ ДО кај што можат да гледаат очите, има луѓе. Многумина од нив се стари, а некои се толку немоќни што едвај одат. Има бремени жени и млади парови со дечиња за кои се грижат. Сите тие се бегалци — мажи, жени и деца — кои поради граѓанска војна, природни катастрофи или други околности се принудени да побегнат од своите домови и да бараат заштита во некоја соседна земја. Некои неколкупати биле принудени да ги напуштат своите живеалишта. На првиот знак на граѓански нереди или на природна катастрофа тие ги грабнуваат малкуте предмети од домаќинството, ги собираат децата и се упатуваат кон посигурно засолниште. Потоа, кога околностите пак ќе се нормализираат, многу бегалци се враќаат за повторно да ги изградат своите домови и да започнат одново.

Низ годините, Централноафриканската Република ги отворила своите врати за бегалците од неколку земји. Неодамна, илјадници луѓе, меѓу кои и многу Јеховини сведоци, беа принудени да побегнат од завојуваната Демократска Република Конго во релативната сигурност на Централноафриканската Република.

Браќата притрчуваат на помош

Сведоците од Централноафриканската Република сметаа дека за нив е предност да организираат хуманитарна помош. На пристигнатите христијански браќа им беше обезбедено сместување. Во почетокот беа најдени места во приватните домови, но како што бројот на бегалците растеше, стана очигледно дека се потребни поопсежни подготовки. Некои Сали на Царството беа претворени во спални. Локалните Сведоци се зафатија со инсталирање на додатно осветлување, приклучување на водоводни цевки и цементирање на подот за да им биде удобно на оние кои требаше да бидат сместени таму. Бегалците работеа заедно со локалните браќа за да ги уредат овие привремени спални. Целокупната програма на христијанските состаноци беше организирана на лингала јазик за да можат дојденците да бидат снабдени со духовна храна која го одржува животот. Тесната соработка меѓу локалните Сведоци и нивните гости покажа дека меѓународното братство е реалност.

Семејствата бегалци не пристигнуваа секогаш заедно. Понекогаш, членовите на семејствата, кои биле одвоени, пак се обединуваа на своето одредиште. Во секоја Сала на Царството се водеше список на оние кои стигнале безбедно. Беа направени подготовки да се пронајдат лицата кои сѐ уште ги немаше. Канцеларијата на подружницата која управува со делото на Јеховините сведоци во земјата испраќаше по три возила на ден за да им помогне на Сведоците кои сѐ уште беа на пат и да ги пронајде оние кои можеби се изгубиле. Овие возила можеа да се препознаат по еден голем знак на кој пишуваше „СТРАЖАРСКА КУЛА — Јеховини сведоци“.

Замисли си ја радоста што ја доживеала една група од седум деца бегалци одвоени од нивните родители кога го здогледале комбето кое било сопственост на Јеховините сведоци. Веднаш отрчале до возилото и се идентификувале како Сведоци. Браќата им помогнале да влезат во комбето и ги однеле до една Сала на Царството, каде што на крај биле повторно обединети со нивните семејства.

Што им овозможува на овие искрени христијани да излезат на крај со таквите околности, и тоа не само еднаш, туку повеќепати? Тие се апсолутно уверени дека живееме во последните денови како што е претскажано во Светото писмо (2. Тимотеј 3:1-5; Откровение 6:3-8).

Значи, тие знаат дека наскоро Јехова Бог ќе им стави крај на војните, омразата, насилството и борбите. Проблемот со бегалците ќе биде минато. Во меѓувреме, во склад со опомената на апостол Павле во 1. Коринќаните 12:14-26, Јеховините сведоци настојуваат да се грижат еден за друг. Иако се одвоени со реки, граници, јазици и растојание, тие се заинтересирани еден за друг, така што брзо дејствуваат кога некој запаѓа во неволја (Јаков 1:22-27).

[Карта на страница 30]

(Види во публикацијата)

АФРИКА

Централно-африканска Република

Демократска Република Конго

[Извор на слика]

Mountain High Maps® Copyright © 1997 Digital Wisdom, Inc.

[Слики на страница 30]

Три Сали на Царството беа претворени во прифатни центри

[Слика на страница 31]

Веднаш беа инсталирани кујнски објекти

[Слика на страница 31]

Пристигнуваат сѐ повеќе

[Слики на страница 31]

Штотуку родени, и веќе бегалци