Библиска студија — дали е тоа нешто за тебе?
Библиска студија — дали е тоа нешто за тебе?
„ДА НЕ се чита без присуство на свештеник.“ Ова предупредување се појавува во почетокот на некои Библии што ги поседуваат католиците. „Како католици, ние не сме биле секогаш изложени на Библијата“, вели Кеј Марди од Католичкиот библиски институт во Лос Анџелес, „но, тоа веќе се менува.“ Штом католиците стануваат свесни за тоа колку Светото писмо може да влијае врз нивниот живот, забележува таа, „развиваат сопствен глад и жед за Библијата“.
Во врска со оваа промена, списанието U.S. Catholic цитира еден координатор по религиозно образование кој рекол дека католиците кои се приклучиле кон класовите за библиска студија сметале дека „како католици биле лишени од Библијата и дека во неа има огромно богатство. Сакале да запленат дел од тоа богатство за кое сметале дека им недостига“.
Како и да е, какво „богатство“ има да открие некој кој ја студира Библијата? Размисли: Дали би сакал да дознаеш како да излезеш на крај со тегобните грижи на секојдневниот живот? Како можеш да задржиш мир во семејниот круг? Зошто постои толку многу грубо и антисоцијално однесување? Која е причината за насилството меѓу денешната младина? Веродостојни одговори на овие и на други збунувачки прашања може да се најдат во Божјата реч, Библијата, и тие навистина би биле „богатство“ не само за католиците или протестантите туку и за будистите, хиндусите, муслиманите, шинтоистите, па дури и за атеистите и агностиците. Како што се изразил псалмистот, ‚Божјето слово било светилка за неговата нога и светлина на неговата патека‘. Истото може да биде и за тебе (Псалм 119:105).