Дали си навистина толерантен?
Дали си навистина толерантен?
ДАЛИ некогаш си бил разбеснет поради нечие неисправно однесување? Дали брзо дејствуваш кога меѓу твоите блиски соработници се шират расипувачки влијанија?
Понекогаш се бара брза и одлучна акција за да се запре ширењето на некој сериозен грев. На пример, кога во 15 век пр.н.е. бесрамно престапување се заканувало да ги загади Израелците, Финес, внук на Арон, презел решителна акција да го исчисти лошото. Јехова Бог го одобрил она што го сторил тој, велејќи: „Финес . . . ја одврати Мојата јарост од Израелевите синови, зашто покажа ревност за Мене [така што не толерираше соперништво, NW]“ (Броеви 25:1-11).
Финес презел соодветна акција за да го спречи ширењето на загадувањето. Но, што е со нашата неконтролирана огорченост кога се работи за чисто човечки недостатоци кај другите? Ако постапуваме непромислено или без оправдана причина, ќе станеме не толку поборници за праведноста колку нетолерантни лица — лица што не сакаат да ги земаат предвид несовршеностите на другите. Што може да ни помогне да ја избегнеме оваа стапица?
‚Јехова ги проштава сите твои гревови‘
Јехова е „Бог кој е љубоморен (ревносен); Бог кој не толерира соперништво“ (Излез 20:5, NW, фуснота). Како Творец, тој има право да бара од нас исклучителна оддаденост (Откровение 4:11). Сепак, Јехова е толерантен кон човечките слабости. Затоа псалмистот Давид за него пеел: „Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многу милостив. Не е јаросен [Не бара грешки, NW] за вечни времиња . . . Не постапува со нас според нашите гревови, ниту ни плаќа според нашите беззаконија [според она што го заслужуваме, NW]“. Да, ако се каеме, Бог ‚ги проштава сите наши гревови‘ (Псалм 103:3, 8-10).
Бидејќи ја разбира грешната природа на луѓето, Јехова не „бара грешки“ кај престапниците што се каат (Псалм 51:5; Римјаните 5:12). Всушност, тој има намера да ги отстрани гревот и несовршеноста. Сѐ додека ова не го постигне во целост, наместо да постапува со нас „според она што го заслужуваме“, Бог љубезно ни простува на темел на откупната жртва на Исус Христос. Никој од нас нема да биде просуден како достоен за преживување ако Јехова не покажал милост кога тоа било погодно (Псалм 130:3). Колку само треба да бидеме благодарни што нашиот небесен Татко, кој со право бара исклучителна оддаденост, е милостив Бог!
Потребна е рамнотежа
Со оглед на тоа што Суверениот Господ на универзумот покажува толеранција во постапувањето со несовршените луѓе, зар не треба и ние да го правиме истото? Толеранцијата се дефинира како „настроеност да се биде стрплив кон мислењата или постапките на другите“. Дали ние лично имаме таква настроеност — склоност да покажуваме стрпливост и воздржливост кога другите кажуваат или прават работи што не се сериозно погрешни, но кои можеби се несоодветни во зборовите или постапките?
Се разбира, треба да избегнуваме да бидеме претерано толерантни. На пример, се прави страшна штета кога религиозните авторитети ги толерираат оние свештеници што постојано злоупотребуваат момчиња и девојчиња. „Третирајќи ги децата само како случајни гревови,“ коментирал еден репортер од Ирска, „црковните
авторитети само го преместуваат обвинетиот свештеник [на друго место].“Дали чинот само да се премести еден таков човек е пример за исправна толеранција? Тешко! Претпостави си дека лекарската комисија му дозволува на еден неодговорен хирург да продолжи да оперира, преместувајќи го од една болница во друга, иако тој ги убивал или осакатувал своите пациенти. Искривеното чувство за професионална лојалност би можело да доведе до таква „толеранција“. А што е со жртвите што ги изгубиле животите или на некој начин претрпеле штета поради небрежни, па дури и криминални практики?
Постои опасност и од покажување премала толеранција. Кога Исус бил на Земјата, некои Евреи познати како зелоти погрешно настојувале да го искористат примерот на Финес во обид да ги оправдаат своите активности. Една екстремна постапка на извесни зелоти била „за време на празниците и во други слични прилики да се измешаат меѓу мноштвата во Ерусалим и одненадеж со ками да ги прободуваат оние што биле предмет на нивното незадоволство“.
Ние, како христијани, никогаш не би отишле толку далеку како зелотите па физички да ги напаѓаме оние што кај нас предизвикуваат незадоволство. Но, дали извесен степен на нетолеранција нѐ тера да ги напаѓаме на некои други начини оние што не ги одобруваме — можеби зборувајќи навредливо за нив? Ако сме навистина толерантни, нема да прибегнуваме кон користење таков навредлив говор.
Фарисеите од првиот век биле уште една нетолерантна група. Тие постојано ги осудувале другите и не сакале да ја земат предвид човечката несовршеност. Гордите фарисеи ги презирале обичните луѓе, оцрнувајќи ги како „проклет народ“ (Јован 7:49). Исус со добра причина јавно ги осудил таквите самоправедни мажи, велејќи: „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, бидејќи давате десетти дел од нане и копра и ким, а ги занемаривте потешките работи од Законот, имено, правдата и милосрдноста и верноста. Тоа беше задолжително да се прави, а сепак ова другото да не се занемарува“ (Матеј 23:23).
Давајќи ја оваа изјава, Исус не ја смалил важноста на држењето на Мојсеевиот закон. Тој едноставно покажал дека „потешките“, односно поважните аспекти на Законот барале да го применуваат со разумност и милост. Колку само Исус и неговите ученици се издвојувале од нетолерантните фарисеи и зелоти!
Ниту Јехова Бог ниту Исус Христос не преминуваат преку злобата. Наскоро ‚ќе биде донесена одмазда над оние што не го познаваат Бог и над оние што не се послушни на добрата вест‘ (2. Солуњаните 1:6-10). Меѓутоа, во својата ревност за праведноста, Исус никогаш не пропушта да ја одразува стрпливата, милостива и љубезна грижа на својот небесен Татко за сите кои сакаат да го прават она што е исправно (Исаија 42:1-3; Матеј 11:28-30; 12:18-21). Колку само убав пример ни дал Исус!
Стрпливо да се поднесуваме еден со друг
Иако можеби имаме голема ревност за она што е исправно, да го применуваме советот на апостол Павле: „Поднесувајте се еден со друг и простувајте си спремно еден на друг, ако некој има причина за поплака против друг. Токму како што Јехова доброволно ви прости вам, така правете и вие“ (Колошаните 3:13; Матеј 6:14, 15). Толеранцијата бара еден на друг да си ги поднесуваме недостатоците и грешките во овој несовршен свет. Треба да бидеме разумни во однос на нашите очекувања од другите (Филипјаните 4:5).
Да се биде толерантен во никој случај не подразбира да се одобрува престапувањето или да се биде слеп за грешките. Можеби некој аспект од размислувањето или однесувањето на некој соверник некако не е во склад со Јеховините мерила. Иако можеби сѐ уште не е толку сериозно за да Битие 4:6, 7). Колку само е љубезно кога оние што имаат духовни квалификации се обидуваат во дух на благост да го исправат оној што греши! (Галатите 6:1). Но, за да се успее во тоа настојување, потребно е да се дејствува од заинтересираност, а не со критизерски дух.
води до отфрлање од Бог, застранувањето може да биде предупредувачки сигнал кој покажува дека се потребни некои исправки („Со благ нарав и длабока почит“
А што е со практикувањето стрпливост кон луѓето чии религиозни гледишта се разликуваат од нашите? Една „Општа лекција“, која во 1831 била изложена во сите Национални школи основани во Ирска, гласела: „Исус Христос немал намера неговата религија да им се наметнува на луѓето со присилни средства . . . Карањето со нашите ближни и навредувањето не е начин да ги увериме дека ние сме во право, а тие во заблуда. Така постои поголема веројатност да ги увериме дека немаме христијански дух“.
Исус поучувал и постапувал на начин што ги привлекувал луѓето кон Божјата реч, а така треба да правиме и ние (Марко 6:34; Лука 4:22, 32; 1. Петрово 2:21). Како совршен човек со посебен увид добиен од Бог, тој можел да ги чита срцата. Затоа, кога било потребно, Исус можел да објави остри осуди над Јеховините непријатели (Матеј 23:13-33). Тоа не било нетолерантно од негова страна.
За разлика од Исус, нам ни фали способност да ги читаме срцата. Затоа, треба да го следиме советот на апостол Петар: „Светете го Христос како Господ во своите срца, секогаш спремни да дадете одбрана пред секого кој ви бара причина за надежта која е во вас, но тоа правете го со благ нарав и со длабока почит“ (1. Петрово 3:15). Како Јеховини слуги треба да го браниме она во кое веруваме, бидејќи цврсто се темели на Божјата реч. Но, тоа треба да го правиме на начин со кој се покажува почит кон другите и кон верувањата што тие искрено ги држат. Павле напишал: „Вашиот збор секогаш нека биде угоден, зачинет со сол, за да знаете како треба секому да одговорите“ (Колошаните 4:6).
Во својата прочуена Проповед на гората Исус рекол: „Сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, истото правете им го и вие“ (Матеј 7:12). Затоа, стрпливо да се поднесуваме еден со друг и да покажуваме почит кон оние на кои им ја проповедаме добрата вест. Урамнотежувајќи ја нашата ревност за праведноста со библиски темелената толеранција, ќе му угодиме на Јехова и ќе бидеме навистина толерантни.
[Слика на страница 23]
Избегнувај го нетолерантниот став на фарисеите
[Слика на страница 23]
Исус го одразувал толерантниот дух на својот Татко. А ти?