Како можеш да донесуваш добри одлуки
Како можеш да донесуваш добри одлуки
СЛОБОДНАТА волја е дар од Бог. Без неа би биле само малку повеќе од роботи, без никаква контрола врз сопствените постапки. Меѓутоа, со неа, се соочуваме со предизвици. Имајќи слободна волја, мораме да донесуваме одлуки додека чекориме низ животот.
Се разбира, многу одлуки се прилично безначајни. Други, пак, како што се кариерата што ја избираме или дали да стапиме во брак, можат да влијаат врз целата наша иднина. Трети влијаат врз другите луѓе. Некои одлуки што ги донесуваат родителите, имаат длабок ефект врз нивните деца. Освен тоа, за многу одлуки што ги донесуваме мораме да положиме сметка пред Бог (Римјаните 14:12).
Потреба од помош
Луѓето немаат некое добро досие кога станува збор за донесувањето одлуки. Една од првите запишани човечки одлуки била катастрофална. Ева решила да земе од плодот кој Бог јасно и директно го забранил. Нејзиниот избор, темелен на себична желба, го навел нејзиниот сопруг да ѝ се придружи во непослушноста на Бог, а резултатот од тоа бил големо страдање за човештвото. Во многу случаи, луѓето сѐ уште своите одлуки ги темелат на себични желби, наместо на исправни начела (Битие 3:6-19; Еремија 17:9). А кога се соочуваме со сериозни одлуки, честопати сме свесни за своите ограничувања.
Тогаш, не е за изненадување што многумина, кога донесуваат крупни одлуки, бараат помош од извори повисоки од луѓето. Библијата содржи запис за една прилика кога Навуходоносор, среде еден воен поход, морал да донесе одлука. Иако бил цар, чувствувал потреба да ‚ги праша знаците‘, да се консултира со духовите. Затоа записот вели: „Ги меша волшебните стрели, ги распрашува идолите и гледа во црн дроб“ (Езекиел 21:21). Слично и денес, многумина се консултираат со гатачи и астролози и бараат помош од духовите на други начини. Но, тие мамат и заведуваат (Левит 19:31).
Постои Некој кој е потполно доверлив и кој низ историјата им помагал на луѓето да донесуваат мудри одлуки. Тоа не е никој друг туку Јехова Бог. На пример, во древни времиња, Бог на својата нација Израел ѝ дал урим и тумим — веројатно свети ждрепки што биле фрлани кога нацијата се соочувала со ситуации од голема важност. Преку урим и тумим Јехова им давал директни одговори на прашањата и им помагал на старешините во Израел да бидат сигурни дека нивните одлуки се во согласност со неговата волја (Излез 28:30; Левит 8:8; Броеви 27:21).
Разгледај уште еден пример. Кога бил повикан да ги води војските на Израел против Мадијамците, Гедеон морал да одлучи дали да ја прифати таа возвишена предност. Сакајќи да има гаранција дека Јехова ќе го поддржува, побарал чудесен знак. Се помолил руното што ноќта ќе биде оставено надвор да биде натопено со роса, но Судии 6:33-40; 7:21, 22).
земјата наоколу да остане сува. Следната ноќ, побарал руното да остане суво, а земјата наоколу да биде натопена со роса. Јехова љубезно му ги дал на Гедеон знаците што ги побарал. Како резултат на тоа, Гедеон донел исправна одлука и, со божествена поддршка, целосно ги поразил непријателите на Израел (А како е денес?
Денес, Јехова сѐ уште им нуди помош на своите слуги кога се соочуваат со важни одлуки. Како? Дали треба ние, како Гедеон, да бараме ‚проби со руно‘, знаци од Јехова за да ни покаже по кој пат да појдеме? Еден брачен пар се прашувал дали да се пресели за да служи таму каде што имало поголема потреба од проповедници на Царството. Како помош да решат, направиле проба. Ја дале својата куќа на продажба за извесна цена. Ако куќата се продадела до извесен датум за одредената цена или поскапо, тоа би го сфатиле како показател дека Бог сакал да се преселат. Ако куќата не се продадела, ќе заклучеле дека Бог не сакал да се преселат.
Куќата не била продадена. Дали било тоа показател дека Јехова не сакал тој пар да служи таму каде што имало поголема потреба? Се разбира, би било дрско категорично да кажеме што Јехова прави или не прави за неговите слуги. Не можеме да кажеме дека денес Јехова никогаш не интервенира за да ни ја покаже својата волја (Исаија 59:1). Меѓутоа, ние немаме право да очекуваме таква интервенција во нашите крупни одлуки, всушност, одлуката да му ја препуштиме на Бог. Па, дури и Гедеон во поголемиот дел од својот живот, морал да донесува одлуки без чудесни знаци од Јехова!
Сепак, Библијата кажува дека е достапно божествено водство. За нашево време претскажува: „И твоите уши ќе чујат слово како зборува зад тебе: ‚Тоа е патот, одете по него‘, било да тргнувате надесно или налево“ (Исаија 30:21). Кога се соочуваме со важни избори, сосема е пригодно да се погрижиме нашите одлуки да бидат во согласност со Божјата волја и да ја одразуваат неговата супериорна мудрост. Како? Обраќајќи се кон неговата Реч и дозволувајќи таа да биде ‚светилка на нашата нога и светлина на нашата патека‘ (Псалм 119:105; Пословици 2:1-6). За да го сториме тоа, треба да негуваме навика да примаме точно спознание од Библијата (Колошаните 1:9, 10). А кога се соочуваме со одлука, треба внимателно да ги истражиме сите библиски начела поврзани со таа работа. Таквото истражување ќе ни овозможи да ‚се увериме во поважните работи‘ (Филипјаните 1:9, 10).
Исто така, треба да разговараме со Јехова во молитва, уверени дека тој ќе нѐ слушне. Колку е само утешително да му ја објасниме на нашиот љубезен Бог одлуката што мора да ја донесеме и алтернативите за кои размислуваме! Тогаш, со доверба може да бараме водство за да донесеме исправна одлука. Честопати, светиот дух ќе нѐ потсети на библиските начела кои важат или можеби ќе ни помогне појасно да разбереме некој стих што се однесува на нашата ситуација (Јаков 1:5, 6).
Исто така, Јехова се грижи во собранието да има зрели поединци со кои може да Ефешаните 4:11, 12). Но, консултирајќи се со другите, не треба да го следиме патот на оние што само одат од човек до човек сѐ додека не најдат некој што ќе им го каже она што сакаат да го чујат. Тогаш го следат нивниот совет. Исто така, треба да се сетиме на предупредувачкиот пример на Ровоам. Кога се соочил со сериозна одлука, тој добил одличен совет од постарите мажи што му служеле на татко му. Меѓутоа, наместо да го следи нивниот совет, се консултирал со младите кои пораснале со него. Следејќи го нивниот совет, тој донел една многу лоша одлука и последица од тоа било што изгубил голем дел од своето царство (1. Цареви 12:1-17).
дискутираме за нашите одлуки (Кога бараш совет, барај го од оние што се искусни во животот, кои имаат добро спознание на Писмото и длабока почит кон исправните начела (Пословици 1:5; 11:14; 13:20). Секогаш кога е можно, одвојувај време да медитираш за начелата што се вклучени и за сите информации што си ги собрал. Кога ќе почнеш да ги гледаш работите во светлина на Јеховината реч, исправната одлука веројатно ќе стане поочигледна (Филипјаните 4:6, 7).
Одлуки што ги донесуваме
Некои одлуки лесно се донесуваат. Кога им било заповедано да престанат со сведочење, апостолите знаеле дека мора да продолжат да проповедаат за Исус и веднаш го информирале Синедрионот за својата одлука повеќе да го слушаат Бог отколку човекот (Дела 5:28, 29). Некои други одлуки можеби ќе бараат повеќе размислување бидејќи не постои директна библиска изјава во врска со тоа. Сепак, библиските начела обично ќе осветлат која е најдобрата одлука. На пример, иако во времето на Исус не постоеле многу од облиците на забава кои се денес на располагање, постојат јасни библиски изјави за тоа што му е угодно, а што не му е угодно на Јехова. Затоа, секој христијанин што се впушта во забава која унапредува насилство, неморал или бунтовност, донел лоша одлука (Псалм 97:10; Јован 3:19-21; Галатите 5:19-23; Ефешаните 5:3-5).
Понекогаш може да бидат исправни две одлуки. Да се служи таму каде што има поголема потреба е прекрасна предност и може да води до големи благослови. Но, ако некој од извесна причина реши да не го стори тоа, сепак може добро да послужи во матичното собрание. Понекогаш, може да се соочиме со одлука што ќе ни даде шанса да ја покажеме длабочината на нашата оддаденост кон Јехова или што ни е најважното во животот. Затоа, Јехова ни дозволува да ја користиме нашата слободна волја за да покажеме каква е навистина состојбата на нашето срце.
Честопати, нашите одлуки влијаат врз другите. На пример, христијаните од првиот век се радувале што биле слободни од многуте ограничувања на Законот. Ова значело, на пример, дека можеле или да прифатат или да одбијат храна што била нечиста под Законот. Сепак, биле охрабрени, кога одлучувале дали да ја употребат оваа слобода, да размислат за совеста на другите. Зборовите на Павле во врска со тоа би можеле да се применат на многу одлуки 1. Коринќаните 10:32). Желбата да не ги спрепнуваме другите би можела да ни помогне да решиме за многу од одлуките што ги донесуваме. Впрочем, љубовта кон ближниот е втората најголема заповед (Матеј 22:36, 39).
што ние ги донесуваме: „Пазете да не бидете причина за спрепнување“ (Исходот од нашите одлуки
Одлуките донесени со добра совест и темелени на библиските начела секогаш ќе имаат добар исход на долги патеки. Се разбира, на кратки патеки може да имаат за резултат извесни лични жртви. Кога му кажале на Синедрионот за својата одлука дека ќе продолжат да проповедаат за Исус, пред да бидат пуштени, апостолите биле истепани (Дела 5:40). Кога тројцата Евреи — Седрах, Мисах и Авденаго — одлучиле да не му се поклонат на златниот лик на Навуходоносор, си ги изложиле животите на опасност. Тие биле подготвени да се соочат со веројатноста дека нивната одлука би можела да значи смрт за нив. Но, знаеле дека ќе имаат Божје одобрување и благослов (Даниел 3:16-19).
Ако, откако сме донеле совесна одлука, наидеме на тешкотии, нема причина да претпоставиме дека одлуката била погрешна. „Времето и непредвидениот настан“ (NW) можат неповолно да влијаат врз исходот дури и на најдобронамерните одлуки (Проповедник 9:11). Освен тоа, понекогаш Јехова дозволува неволја за да ја испита длабочината на нашата приврзаност. Јаков морал цела ноќ да се бори со еден ангел пред да добие благослов (Битие 32:24-26). И ние можеби ќе мораме да се бориме со неволји, дури и кога постапуваме исправно. Сепак, кога нашите одлуки се во согласност со Божјата волја, може да бидеме сигурни дека тој ќе ни помогне да истраеме и дека на крајот ќе нѐ благослови (2. Коринќаните 4:7).
Според тоа, кога донесуваш важна одлука, не потпирај се на сопствената мудрост. Истражувај кои библиски начела важат за таа ситуација. Зборувај со Јехова за тоа. Таму каде што е можно, консултирај се со зрелите сохристијани. Потоа, биди храбар. Користи ја на одговорен начин слободната волја добиена од Бог. Донеси добра одлука и покажи му на Јехова дека твоето срце е исправно пред него.
[Слика на страница 28]
Пред да донесеш важна одлука, обрати се кон Божјата реч
[Слики на страници 28 и 29]
Зборувај со Јехова за одлуките што мораш да ги донесеш
[Слика на страница 30]
За своите крупни одлуки можеш да дискутираш со зрелите христијани