Во Централна Африка го користат божественото име
Во Централна Африка го користат божественото име
ЕДНО големо мнозинство луѓе во Централна Африка веруваат во Бог. Тие не се сомневаат дека тој е Творец на сѐ (Откровение 4:11). Но, исто како многу луѓе на други места, честопати го игнорираат неговото лично име — Јехова.
Луѓето во Централна Африка, како и во други делови на светот, кога во Господовата молитва велат: „Да се свети Твоето име“ мислат на Божјето име (Матеј 6:9). Но, долго време малкумина го знаеле тоа име. Меѓутоа, низ годините, ревносната проповедничка активност на Јеховините сведоци го изменила ставот на луѓето кон користењето на божественото име. Денес, божественото име е нашироко познато и прифатено во многу африкански јазици како, на пример, зулу (уЈехова), јоруба (Јехофах), коза (уИехова) и свахили (Јехова). Сепак, повеќето библиски преводи на овие јазици сѐ уште избегнуваат да го користат божественото име.
Еден убав превод кој го користи божественото име е Библијата на занде, јазик што се зборува во делови на Централноафриканската Република, Судан и во Демократска Република Конго. Во тој дел од светот, луѓето го користат Божјето име, пишувајќи го на својот мајчин јазик како Јекова. Без оглед на тоа како е претставено божественото име на некој домашен јазик, важно е да се користи. Зошто? Затоа што „секој кој го повикува името на Јехова, ќе биде спасен“ (Римјаните 10:13).
[Карта/слика на страница 32]
(Види во публикацијата)
СУДАН
ЦЕНТРАЛНОАФРИКАНСКА РЕПУБЛИКА
ДЕМОКРАТСКА РЕПУБЛИКА КОНГО
[Извор на слика]
The Complete Encyclopedia of Illustration/J. G. Heck