Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Поука од палмата

Поука од палмата

Поука од палмата

„НЕЖНА силуета на посебна убавина.“ Така една библиска енциклопедија ја опишува урмата. Во библиски времиња и денес, урмите ја разубавуваат долината на египетскиот Нил и даваат освежувачка сенка околу оазите на пустината Негев.

Како и повеќето видови палми, урмата има впечатливо исправена положба. Некои достигнуваат висина до 30 метри и раѓаат плодови 150 години. Да, урмата е многу пријатна за очите и зачудувачки плодоносна. Секоја година раѓа по неколку гроздови урми. Само еден грозд може да содржи некаде над 1.000 урми. За урмите, еден авторитет напишал: „Оние што . . . ја познаваат урмата само како суво овошје што е под етикетата на излозите, тешко можат да си замислат колку е таа вкусна кога се јаде свежа“.

Соодветно на тоа, Библијата некои луѓе ги споредува со палми. За да биде угоден во Божји очи, како плодоносна палма, човек мора да биде морално исправен и да продолжи да донесува добри дела (Матеј 7:17-20). Од таа причина, изгравирани фигури од палми биле користени како украс и во Соломоновиот храм и во храмот од визија на Езекиел (1. Цареви 6:29, 32, 35; Езекиел 40:14-16, 20, 22). Значи, за нечие обожавање да биде прифатливо за Бог, човек мора да ги има пожелните карактеристики на урма. Божјата реч објаснува: „Праведникот цвета како палма, и расте како ливански кедар“ (Псалм 92:12).