Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Која е цената на чистата совест?

Која е цената на чистата совест?

Која е цената на чистата совест?

„НА ВЛАДАТА ѝ е наредено да прими 20.000 реали.“ Овој чуден наслов се појави неодамна во бразилскиот весник Correio do Povo. Во статијата беше раскажана приказната на Луиш Алво де Араужо, локален поштар, кој ѝ продал парче земја на државната влада. Откако го препишал својот имот, Луиш се изненадил кога открил дека му било платено 20.000 реали (речиси 8.000 американски долари) повеќе од договорената цена!

Враќањето на вишокот пари испаднало полесно да се каже отколку да се стори. По неколку безуспешни посети во државни министерства, на Луиш му било препорачано да изнајми адвокат и да го реши проблемот на суд. „Изгледа некој направил грешка, и поради бирократијата, никој не знаел како да ја реши таа работа“, коментирал судијата што пресудил владата да ги прими парите и да ги плати законските трошоци. „Ова е прв ваков случај што досега сум го видел.“

Луиш, Јеховин сведок, објаснува: „Мојата библиски школувана совест не би ми дозволила да држам нешто што законски не ми припаѓа. Морав да се обидам да ги вратам парите“.

За многумина таквиот став е чуден, па дури и несфатлив. Но, Божјата реч покажува дека вистинските христијани високо го вреднуваат задржувањето чиста совест во своите постапки со световните власти (Римјаните 13:5). Јеховините сведоци се решени да задржат ‚чесна совест, и да се однесуваат чесно во сѐ‘ (Евреите 13:18).