Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Никогаш престари за учење

Никогаш престари за учење

Никогаш престари за учење

КСЕНИЈА е родена во 1897 година. Имала 3 ќерки, еден син, 15 внуци и 25 правнуци. Сиот свој живот правела како што била поучена од родителите. Иако дошла во Москва како бегалец од завојуваната Абхаска Република, која е сместена меѓу Црното Море и Кавказ, таа била прилично задоволна со својот живот, особено со она што го нарекувала наследена вера.

Во 1993, Мери, ќерката на Ксенија, станала Јеховин сведок. Мери почнала да ѝ кажува на Ксенија за Јехова Бог и за Библијата, но таа не сакала да слуша. Ксенија цело време ѝ велела на својата ќерка: „За мене е предоцна да учам нешто ново“.

Сепак, ќерка ѝ Мери, жената на внук ѝ, Лонда, и правнуките Нана и Заза, кои исто така станале Јеховини сведоци, продолжиле да ѝ зборуваат за Библијата. Една вечер во 1999, на Ксенија ѝ прочитале еден стих што ја погодил в срце. Тој ги содржел Исусовите трогателни зборови до верните апостоли кога ја воведувал Господовата вечера (Лука 22:19, 20). На 102-годишна возраст, Ксенија решила таа вечер да почне да ја проучува Библијата.

„По 102 години живот“, вели Ксенија, „конечно ја разбрав смислата на животот. Сега увидувам дека не постои ништо подобро од тоа да му се служи на нашиот прекрасен, љубезен Бог, Јехова. Сѐ уште сум бистра и здрава. Можам да читам без очила и активно се дружам со моето семејство.“

На 5 ноември 2000, Ксенија се крстила. Таа вели: „Сега му го посветувам животот на Јехова за да му служам со љубов. Делам списанија и трактати додека седам на автобуската постојка што е во близина на мојот дом. Често ме посетуваат роднините, и со нив радосно ја споделувам вистината за Јехова“.

Ксенија со нетрпение го очекува денот кога ‚телото ќе ѝ процвета со младост, и ќе се врати во младечките денови‘ (Јов 33:25). Ако еден стогодишник не се чувствува престар да научи од Библијата за смислата на животот, како е со тебе?