Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Кога е мудро да се бега

Кога е мудро да се бега

Кога е мудро да се бега

ДЕНЕШНИОТ свет честопати се карактеризира со дух на расфрлање со храброст и непријателство или со искушенија. Лице што бега од една ситуација обично го сметаат за слабо или плашливо. Може да стане дури и предмет на исмејување.

Меѓутоа, Библијата јасно дава до знаење дека постојат прилики кога бегањето е и мудро и храбро. Потврдувајќи го тоа, пред да ги испрати своите ученици во служба, Исус Христос им рекол: „Кога ќе ве прогонуваат во еден град, бегајте во друг“ (Матеј 10:23). Да, Исусовите ученици требало да се обидат да избегаат од своите прогонители. Не требало да водат нешто како религиозна војна, обидувајќи се насилно да ги преобратат другите. Тие носеле порака на мир (Матеј 10:11—14; Дела 10:34—37). Затоа, наместо да дозволат да се разлутат, христијаните требало да бегаат, да се оддалечат од изворот на провокација. На тој начин задржувале чиста совест, а и драгоцен однос со Јехова (2. Коринќаните 4:1, 2).

Спротивен пример се наоѓа во библиската книга Пословици. Таму се зборува за еден млад човек кој, наместо да побегне од местото на искушение, тргнал по една проститутка „како што волот оди на кланица“. Со каков резултат? Несреќа поради тоа што подлегнал на искушението во кое се работело за самата негова душа (Пословици 7:5—8, 21—23).

Што ако се соочиш со искушение да извршиш сексуален неморал или се соочиш со некоја друга потенцијална опасност? Според Божјата реч, сигурно дека би било пригодно да побегнеш, веднаш да се оддалечиш од сцената (Пословици 4:14, 15; 1. Коринќаните 6:18; 2. Тимотеј 2:22).