Се сеќаваш ли?
Се сеќаваш ли?
Дали го ценеше тоа што можеше да ги читаш неодамнешните изданија на Стражарска кула? Тогаш, види дали ќе можеш да одговориш на следниве прашања:
• Која лична програма што ја вклучува Проповедта на гората би можел да ја користиш за да го ублажиш стресот?
Секој ден, би можел да читаш по едно од основните Исусови учења изложени во таа проповед или на друго место во евангелијата. Ако медитираш за тоа учење и настојуваш лично да го примениш, веројатно ќе имаш поголема среќа и помал стрес (15.12., страници 12—14).
• Кои се три добри причини поради кои собраниските старешини треба да ги обучуваат слугите помошници да преземат додатни одговорности?
Поради порастот на бројот на Јеховините сведоци, потребни се додатни одговорни мажи за да им се помогне на новокрстените да напредуваат. Староста или здравствените проблеми сега го ограничуваат она што некои долгогодишни старешини можат да го сторат. А некои способни старешини носат одговорности што се надвор од границите на локалното собрание, па затоа можеби не се во состојба да прават во своето собрание толку колку што правеле порано (1.1., страница 29).
• На кој начин луѓето им веруваат на богови што не се вистински?
Многумина ги обожаваат боговите на нивната религија, но тие можеби едноставно се безживотни богови што не можат да спасат исто како што не можел да спаси ни Ваал во времето на Илија (1. Цареви 18:26, 29; Псалм 135:15—17). Други обожаваат личности од светот на забавата или од спортот, кои не можат да им дадат никаква реална надеж за иднината. За разлика од тоа, Јехова навистина постои и ги исполнува своите намери (15.1., страници 3—5).
• Што можеме да научиме од тоа како реагирал Каин на Божјето предупредување?
Бог ни дал слободна волја, и ние можеме да избереме да го правиме она што е исправно, наместо да се одвратиме од правењето добро, што бил начинот на кој реагирал Каин. Библискиот извештај ни покажува и дека Јехова ги извршува своите судови врз оние што не се каат (15.1., страници 22, 23).
• Зошто е чистотата особено важна сега?
Поради променливите општествени обрасци, многумина поминуваат помалку време во чистење на својот дом отколку што тоа било вообичаено. Игнорирањето на чистотата во однос на храната и водата може да донесе опасности за здравјето. Освен физичката чистота, Библијата нагласува да се обрне внимание на духовната, моралната и умствената чистота (1.2., страници 3—6).
• Во врска со претхристијанските сведоци, Павле рекол дека тие ‚нема да бидат направени совршени без нас‘. Како е тоа можно? (Евреите 11:40).
Во текот на претстојниот Милениум, Христос и неговите помазани браќа на небото, кои служат како цареви и свештеници, ќе ги применат на воскреснатите користите од откупнината. На тој начин, таквите верни, како што се оние за кои пишува во Евреите 11. поглавје, ќе „бидат направени совршени“ (1.2., страница 23).
• Што мислел Павле кога на Евреите им рекол: „Уште не сте се спротивставиле до крв“? (Евреите 12:4).
Мислел на спротивставување до степен на смрт. Имало историски примери за луѓе кои биле верни до смрт. Иако Евреите на кои Павле им пишал не биле испитани до тој степен, тие требало да напредуваат до зрелост, градејќи ја својата вера за да поднесат сѐ што би можело да дојде (15.2., страница 29).
• Зошто е најдобро да се избегнува да се вели дека Јехова ја ублажува својата правда со милост?
На некои јазици, „ублажува“ може да значи да омекне или да ограничи. Јехова е Бог на правда и на милост, и кога ги покажува тие особини, двете функционираат складно (Излез 34:6, 7; Второзаконие 32:4; Псалм 116:5; 145:9). Јеховината правда не треба да се омекне или ублажи со милост (1.3., страница 30).
• Дали е исправно еден христијанин да дозволи балсамирање на телото на некој сакан што умрел?
Балсамирањето е средство за зачувување на лешот. Некои луѓе во древно време ја следеле таа практика од религиозни причини. Со вистинските обожаватели не било така (Проповедник 9:5; Дела 24:15). Балсамирањето само ќе го одложи неминовното, враќањето на телото во прав (Битие 3:19). Но, не би требало да постои загриженост ако законот бара балсамирање, ако тоа е желба на некои членови на семејството или ако е потребно поради тоа што некои мораат да патуваат оддалеку за да стигнат за погребот (15.3., страници 29—31).
• Кои библиски примери нѐ учат дека Бог им изразува добредојде на сите нации?
Јехова го испратил пророкот Јона да ги предупреди Ниневијците, и Бог го поттикнал Јона да го прифати нивното каење. Со збор и со пример, Исус охрабрил на тоа да се покажува љубов кон Самарјаните. И апостол Петар и апостол Павле играле улога во носењето на добрата вест до не-Евреите. Од овие примери можеме да ја увидиме потребата да се обидуваме да им помогнеме на луѓето од секакво потекло (1.4., страници 21—24).