Чувствувај се сигурен сега — биди сигурен засекогаш
Чувствувај се сигурен сега — биди сигурен засекогаш
ЗОШТО честопати сигурноста е недостижна и, ако се најде, таа е привремена? Можно ли е нашето чувство за сигурност да се темели на имагинација — на она што се надеваме да го постигнеме, наместо на она што е реално достижно? Таквото залажување би можело да се нарече живеење во свет на сништа.
Имагинацијата му дозволува на умот да ја напушти реалноста на животот со неговата несигурност и да влезе во една прекрасна, сигурна состојба, отфрлајќи сѐ што може да го расипе сонот. Но, честопати проблемите на реалниот свет одеднаш се наметнуваат во овој свет на сништа и немилосрдно го бришат чувството на благосостојба, будејќи го оној што сонува во трезвената реалност.
Да разгледаме едно подрачје на кое луѓето бараат сигурност — географска локација. На пример, големиот град можеби изгледа надежен, создава визии за уживање, големи плати и луксузни станови. Да, може да изгледа дека тој ја нуди долгоочекуваната сигурност. Но, дали оваа визија е реалистична?
Локација — голем град или големи сништа?
Во земјите во развој, привлечноста на големиот град се промовира преку реклами што би можеле да ги искушаат желните имагинации. Организациите што стојат зад таквите реклами не се секогаш заинтересирани за твојата сигурност туку, напротив, за нивните плати. Тие ги прикриваат проблемите на реалниот свет со сцени за успех на кои се прикажува сигурност. На тој начин сигурноста се поврзува со нивниот рекламен производ и со големиот град.
Разгледај го следниот пример. Службениците во еден западноафрикански град поставиле рекламни паноа на кои било живо илустрирано дека кога некој пуши, во суштина, исто како да ги гори тешко заработените пари. Тоа било дел од една кампања со која граѓаните биле предупредувани против пушењето. Производителите и продавачите на цигари се спротивставиле на тоа со вешто смислени рекламни паноа на кои биле прикажани пушачи во привлечни сцени на среќа и успех. Освен тоа, една компанија за цигари им обезбедила на некои свои вработени накитени униформи и стилски капи за бејзбол за да им дистрибуираат цигари на младите на улица, охрабрувајќи го секого да „проба“. Многу од овие млади биле дојдени од селата и, наивни на склаткоречивите рекламни сплетки, паднале на ваквата понуда. Станале зависници од цигари. Младите селани дошле во големиот град за да побараат сигурност со цел да ги поддржат своите семејства
или да постигнат финансиски успех. Но, наместо тоа, гореле голем дел од парите што можеле да ги искористат за подобри цели.Рекламите што прикажуваат успешен живот во големиот град не потекнуваат секогаш од трговците. Тие може да доаѓаат од устите на луѓето што се преселиле во големиот град и што се срамат да се вратат во родното село. Не сакајќи да испаднат губитници, тие се фалат наоколу со наводното богатство и нивните достигнувања во градот. Меѓутоа, едно поблиско испитување на нивниот наводен статус открива дека нивниот моментален животен стил не е ништо подобар од поранешниот живот на село; тие се борат финансиски како и повеќето други градски жители.
Особено ново пристигнатите трагачи по сигурност во големите градови паѓаат во замката на бескрупулозните. Зошто? Општо земено, тие немале време да склопат блиски пријателства и далеку се од членовите на своето семејство. Затоа, немаат советници што би можеле да им помогнат да ги избегнат стапиците на материјалистичкото урбано живеење.
Жошуа не западнал во замката на пушењето. Освен тоа, сфатил дека барањата на градскиот живот биле далеку повисоки од неговата способност успешно да се справи со нив. Во неговиот случај, во најдобра рака, единственото што градот можел навистина да му го понуди биле големите, неисполнети сништа. Тој признал дека во градот немал вистинска сигурност; едноставно не му било местото таму. Го совладале чувства на празнина, инфериорност и неуспех така што, на крајот, ја проголтал својата гордост и се вратил во селото.
Се плашел да не биде исмејуван. Наместо тоа, неговото семејство и вистинските пријатели го пречекале дома со раширени раце. Благодарение на топлината на семејството, познатата околина во селото и љубовта на своите пријатели во христијанското собрание, тој наскоро се чувствувал многу посигурен отколку во големиот град, каде што сништата на мнозина се претвориле во ноќни мори. На негово изненадување, напорното работење на нивите заедно со татко му, всушност, нему и на семејството им донело поголем приход отколку чистата заработувачка што ќе ја имал во градот.
Парите — во што е вистинскиот проблем?
Дали парите ќе ти дадат чувство на сигурност? Лиз од Канада вели: „Како млада личност, верував дека парите донесуваат слобода од загриженоста“. Таа се вљубила во човек кој бил финансиски обезбеден. Набрзо се венчале. Дали се чувствувала сигурна? Лиз продолжува: „Кога се омажив, имавме прекрасен дом и две коли, а нашата финансиска состојба ни даваше слобода да уживаме речиси во сѐ што е поврзано со материјалните работи, патувањето и рекреацијата. Но, што е доста чудно, јас сѐ уште бев загрижена за парите“. Таа објаснува зошто: „Имавме многу да изгубиме. Се чини дека колку повеќе имаш толку понесигурен се чувствуваш. Парите не донесоа слобода од неспокојството ниту од тегобната грижа“.
Ако мислиш дека немаш доволно пари за да бидеш сигурен, прашај се: ‚Во што е вистинскиот проблем? Дали навистина фалат пари, или фали мудро управување со нив?‘ Размислувајќи за своето минато, Лиз вели: „Сега сфаќам дека изворот на проблемите на моето семејство кога бев дете беше лошото управување со парите. Купувавме на кредит, и затоа секогаш имавме долгови преку глава. Ова ни создаваше грижи“.
Меѓутоа, денес Лиз и нејзиниот сопруг се чувствуваат многу посигурни иако имаат помалку пари. Кога ја дознале вистината од Божјата реч, престанале да ги слушаат заводливите тврдења во врска со парите и почнале да ја слушаат Божјата мудрост, вклучувајќи ги и овие зборови: „А кој ме слуша мене, останува безгрижен и живее спокојно Пословици 1:33). Тие сакале нивниот живот да има поголема смисла отколку онаа што може да ја даде дебелата банковна сметка. Сега, како мисионери во една далечна земја, Лиз и нејзиниот сопруг ги поучуваат и богатите и сиромашните дека наскоро Јехова Бог ќе донесе вистинска сигурност на целата Земја. Оваа активност донесува големо задоволство и стабилност кои потекуваат од една возвишена цел и од ненадминливи вредности, а не од финансиска добивка.
без страв од зло“ (Запомни ја оваа основна вистина: Да се биде богат кај Бог е далеку повредно од тоа да се има материјално богатство. Низ целото Свето писмо акцентот не е ставен на поседувањето материјално богатство туку на тоа да се има добар глас кај Јехова, глас што можеме да го задржиме само ако постојано ја вршиме божествената волја со вера. Христос Исус нѐ охрабрил да бидеме ‚богати пред Бога‘ и да собираме „благо на небесата“ (Лука 12:21, 33).
Позиција — каде одиш?
Ако си искушан да мислиш дека патот до сигурност е искачувањето на општествената скала, прашај се: ‚Кој на скалата навистина
постигнал вистинска сигурност? Уште колку повисоко морам да се искачам за да ја достигнам?‘ Успешната кариера може да ти даде лажно чувство на сигурност, да води до разочарување или, што е уште полошо, до катастрофален пад.Вистинските искуства покажуваат дека доброто име кај Бог донесува поголема сигурност отколку името кај човек. Само Јехова може да им го даде на луѓето дарот вечен живот. Тоа вклучува нашето име да биде запишано, не во некој именик, туку во Божјата книга на животот (Излез 32:32; Откровение 3:5).
Ако градењето кули во воздух го ставиш настрана, како ја проценуваш својата сегашна ситуација, и што можеш искрено да очекуваш од иднината? Никој нема сѐ. Еден мудар христијанин рекол: „Морав да научам дека животот никогаш не е ова И она, туку ова ИЛИ она“. Застани за момент и прочитај ја рамката „Раскажано во Бенин“.
Сега одговори на следниве прашања: Која е важна дестинација, или цел, во мојот живот? Кој е најдиректниот пат да стигнам дотаму? Дали можеби се наоѓам на некој долг, несигурен заобиколен пат а она што, всушност, го сакам и она што реалистично е можно, можам да го постигнам преку еден не толку комплициран пат?
Откако дал совет за релативната вредност на материјалните работи во споредба со вредноста на духовните работи, Исус рекол да се задржи окото „едноставно“ или „во фокус“ (Матеј 6:22). Тој разјаснил дека главни работи во животот се духовните вредности и цели што се сосредоточуваат на Божјето име и на неговото Царство (Матеј 6:9, 10). Другите работи се помалку важни или, така да се каже, не се во фокусот.
Многу фотоапарати денес се фокусираат автоматски и за далеку и за близу. Дали си склон да бидеш таков? Дали речиси сѐ што гледаш е „во фокусот“ — т.е. важно, пожелно и, со малку градење кули во воздух, достижно? Дури и ако ова е делумно така, важната работа за христијаните, Царството, може лесно да се изгуби во хаосот од други слики, од кои секоја се натпреварува да го добие твоето внимание. Исусовата силна опомена била: „Така, продолжете да го барате најнапред царството и Неговата праведност, а сите овие други работи ќе ви се додадат“ (Матеј 6:33).
Сигурен сега и засекогаш
Можеби сите сонуваме за подобри работи за себе и за нашите сакани. Меѓутоа, фактот дека сме несовршени, дека живееме во несовршен свет и дека имаме ограничен животен век нѐ принудува да ги ограничиме работите на кои можеме реалистично да се надеваме дека ќе ги постигнеме. Еден библиски писател пред неколку илјади години објаснил: „Освен тоа видов под сонцето: не ја добиваат трката брзите; ни бојот храбрите; нема леб за мудрите, ни богатство за разумните, ни милост за учените, зашто времето и кобта [непредвидениот настан, NW] ги достигнува сите“ (Проповедник 9:11).
Понекогаш стануваме толку обземени со едноличната рутина на животот што забораваме да погледнеме во поголемата слика за тоа кои сме и што навистина ни е потребно за да се чувствуваме вистински сигурни. Размисли за овие древни зборови на мудрост: „Кој ги сака сребрениците, никогаш ги нема достатно; кој го сака богатството, Проповедник 5:9, 11). Да, каде лежи твојата сигурност?
никогаш не му се доста приходите. И тоа е суета. Сладок е сонот на трудољубивиот, дали јал малку или многу, додека богатството не го остава богатиот да заспие“ (Ако твојата ситуација е слична на нереалистичниот сон на Жошуа, можеш ли да си ги смениш плановите? Оние што навистина те сакаат ќе те поддржат, исто како што сториле семејството на Жошуа и неговите пријатели во христијанското собрание. Можеби поголема сигурност ќе најдеш во скромната околина, заедно со оние што те сакаат, отколку во градот со оние што можеби се обидуваат да те искористат.
Ако веќе имаш изобилие, како што имале Лиз и нејзиниот сопруг, можеш ли да го преиначиш својот начин на живот за да посветиш повеќе време и енергија во помагањето на луѓето, сеедно дали се богати или сиромашни, да научат за Царството, средството за постигнување вистинска сигурност?
Ако се искачуваш на општествената скала или на скалата на успех во фирмата, можеби ќе сакаш чесно да размислиш за твоите мотиви. Секако, некои удобности што ти се на располагање можат да ти го зголемат уживањето во животот. Сепак, дали можеш во фокусот да го задржиш Царството — вистинското средство за постигнување трајна сигурност? Сети се на Исусовите зборови: „Повеќе среќа има во давањето, отколку во примањето“ (Дела 20:35). Ако учествуваш во различните активности на христијанското собрание, ќе доживееш наградувачка сигурност.
Оние што положуваат потполна доверба во Јехова и во неговото Царството цветаат во пријатна сигурност сега и со нетрпение очекуваат потполна сигурност во иднина. Псалмистот рекол: „Господ ми е секогаш пред очите; бидејќи ми е од десната страна, нема да се сопнам. Затоа ми се зарадува срцето и се развесели мојата слава, а моето тело се одмора во надеж [сигурност, NW]“ (Псалм 16:8, 9).
[Рамка/слика на страница 6]
Раскажано во Бенин
Оваа приказна е раскажана илјадници пати со многу варијации. Неодамна, еден постар селанец во Бенин (Западна Африка), на некои помлади луѓе им ја раскажал следнава верзија.
Рибарот се враќа дома со својот чамец и среќава еден странски експерт што служи во оваа земја во развој. Експертот го прашува рибарот зошто се враќа толку рано. Овој одговара дека можел да остане подолго, но дека уловил доволно за потребите на своето семејство.
„И сега, што правиш со сето свое време?“ — прашува експертот.
Рибарот одговара: „Па, малку одам на риболов. Си играм со моите деца. Кога времето е жешко, напладне сите си прилегнуваме. Навечер, вечераме заедно. Подоцна, се собираме со пријателите на музика, итн.“
Експертот го прекинува: „Види, јас имам универзитетска диплома и сум ги студирал овие работи. Сакам да ти помогнам. Треба подолго да останеш на риболов. Ќе заработиш повеќе и набрзо ќе можеш да купиш поголем чамец од овој. Со поголем чамец, ќе заработиш уште повеќе и набрзо ќе можеш да направиш флота од рибарски бродови“.
„И потоа?“ — прашува рибарот.
„Потоа, наместо да продаваш риби преку прекупци, би можел да преговараш директно со фабриката, па дури и да отвориш своја фабрика за преработка на риби. Ќе можеш да го напуштиш селото и да се преселиш во Котоноу, или во Париз, или во Њујорк и оттаму да го водиш целиот бизнис. Би можел дури и да размислиш да го ставиш својот бизнис на берза на хартии од вредност и да заработуваш милиони.“
„Колку би траело сето тоа?“ — прашува рибарот.
„Можеби 15 до 20 години“, одговара експертот.
„И потоа?“ — продолжува рибарот.
„Е, потоа животот станува интересен“, објаснува експертот. „Потоа би можел да се пензионираш. Би можел да се тргнеш од сета врева на градскиот живот во некое далечно село.“
„И што потоа?“ — прашува рибарот.
„Потоа ќе имаш време малку да одиш на риболов, да си играш со твоите деца, да си прилегнете напладне кога ќе биде жешко, да вечераш со семејството и да се соберете со пријателите на музика.“
[Слики на страница 7]
Дали унапредувањето донесува сигурност?
[Слики на страница 8]
Твоите сохристијани се навистина заинтересирани за твојата сигурност