Дали ја сфаќаш Божјата љубов?
Дали ја сфаќаш Божјата љубов?
ЕДНАШ човекот Јов ја опишал несовршената човечка состојба вака: „Човек кого жена го родила е кусовечен и полн со неволји. Како цвет никне и веќе венее, бега како сенка, не застанувајќи“ (Јов 14:1, 2). Животот, оној што Јов тогаш го живеел, бил исполнет со болка и тага. Дали некогаш си се чувствувал така?
Меѓутоа, и покрај сите тешкотии и проблеми со кои можеби се соочуваме, постои една цврста надеж, надеж што се темели на Божјето сочувство и љубов. Пред сѐ, нашиот милостив небесен Татко ја обезбедил откупната жртва за да го искупи човештвото од неговата падната, грешна состојба. Според Јован 3:16, 17, Исус Христос рекол: „Бог толку многу го љубеше светот [на човештвото] што го даде својот единороден Син за секој кој практикува вера во него, да не биде уништен, туку да има вечен живот. Зашто Бог не го испрати својот Син [Исус] во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку него“.
Размисли и за Божјиот љубезен став кон нас — несовршените луѓе. Апостол Павле изјавил: „Од еден човек ја создаде секоја човечка нација да живее по целата површина на земјата, и ги постави одредените времиња и поставените граници за живеење на луѓето, за да го бараат Бог, та некако да го напипаат и навистина да го најдат, иако, всушност, тој не е далеку од никого од нас“ (Дела 17:26, 27). Помисли само на тоа! Иако сме несовршени луѓе, сепак, можеме да уживаме личен однос со нашиот Творец полн со љубов, Јехова Бог.
Значи, можеме со доверба да се соочиме со иднината, знаејќи дека Бог се грижи за нас и со љубов направил подготовка за наша трајна корист (1. Петрово 5:7; 2. Петрово 3:13). Тогаш, секако дека ја имаме секоја причина да учиме повеќе за нашиот љубезен Бог преку проучување на неговата Реч, Библијата.