Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Време да се открие доверлива работа

Време да се открие доверлива работа

Време да се открие доверлива работа

Од тоа дали доверливо се чуваат некои работи може да зависи дали ќе има мир или кавга. Но, постои ли време да се открие некоја доверлива работа? Забележи што вели пророкот Амос за својот Бог: „Господ Бог не прави ништо а да не им ги открие Своите намери [својата доверлива работа, NW] на Своите слуги — пророците“ (Амос 3:7). Од овие зборови можеме да научиме нешто во врска со доверливоста. Јехова може да чува извесни работи доверливо некое време и на крајот да им ги открие на некои поединци. Како можеме да го имитираме Јехова во тој поглед?

Понекогаш, наименуваните пастири во христијанското собрание сметаат дека е корисно да не откриваат некоја работа (Дела 20:28). На пример, имајќи го на ум доброто на собранието, тие може да одлучат деталите за некои подготовки или за некои промени во собраниските одговорности да ги чуваат во доверливост до одредено време.

Меѓутоа, во таков случај важно е да им се објасни на оние што се вклучени дали, кога и на каков начин ќе се открие таа работа. Тоа што ќе знаат кога јавно ќе се открие една работа може да им помогне да ја задржат доверливоста (Пословици 25:9).