Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Ти си извонредна жена“

„Ти си извонредна жена“

„Ти си извонредна жена“

Овие зборови на пофалба ѝ биле упатени на една млада Моавка. Таа била вдовица по име Рута, снаа на една Израелка, Ноемина. Живеејќи во Израел пред околу 3000 години, кога владееле судиите, Рута си стекнала извонредно име (Рута 3:11NW). Како се здобила со таков углед? Кој може да извлече корист од нејзиниот пример?

Рута не била од оние што го ‚јадат лебот на мрзливоста‘ и работела долго и вредно како пабиркувач во полето, и заради таквата своја марливост заслужила пофалба. Дури и кога ѝ било понудено да ѝ се олесни работата, таа продолжила вредно да работи, па и повеќе отколку што се барало. Таа извонредно одговарала на библискиот опис за една способна, вредна сопруга достојна за фалба (Пословици 31:10—31; Рута 2:7, 15—17).

Духовните квалитети на Рута — нејзиниот понизен, самопожртвуван став и нејзината лојална љубов — биле главниот фактор за јавната почит што ја уживала. Оставајќи ги своите родители и родната земја, со малку изгледи да ја најде безбедноста што бракот може да ја донесе, таа останала со Ноемина. Во исто време, Рута изразила желба да му служи на Јехова, Богот на нејзината свекрва. За да ја нагласи нејзината вредност, библискиот извештај вели дека ѝ ‚вредела [на Ноемина] повеќе од седум синови‘ (Рута 1:16, 17; 2:11, 12; 4:15).

Колку и да било достојно за чест досието на извонредност на Рута меѓу луѓето, од поголемо значење била Божјата позитивна оценка на нејзините особини и тоа што ја наградил со предноста да стане предок на Исус Христос (Матеј 1:5; 1. Петрово 3:4). Колку прекрасен пример е Рута, не само за христијанските жени туку и за сите што изјавуваат дека го обожаваат Јехова!