Јога — само вежби или нешто повеќе?
Јога — само вежби или нешто повеќе?
ЛУЃЕТО денес посветуваат многу внимание на тоа да имаат витко и здраво тело. Ова довело до тоа мнозина да се свртат за помош кон салите за вежбање и кон здравствените клубови. Од истата таа причина, илјадници луѓе од западниот свет се свртеле кон источната уметност на јогата.
Исто така, луѓето што страдаат од стрес, депресија и фрустрација се свртеле кон јогата за утеха и решенија. Особено од 1960-те, деценијата на хипици и деца на цвеќето, се зголеми интересот за источните религии, и нивните мистични практики се раширија низ запад. Трансценденталната медитација, која е гранка на јогата, беше популаризирана од филмските ѕвезди и рок музичарите. Со оглед на сѐ поголемиот интерес за јогата, можеме да прашаме: ‚Дали јогата е само рутина на вежби што на оној кој ги применува ќе му дадат здраво, витко тело и малку душевен мир? Може ли јогата да се практикува без каков и да е религиозен призвук? Дали јогата е во ред за христијаните?‘
Потеклото на јогата
Потеклото на зборот „јога“ е поврзано со латинскиот збор југум (на македонски „јарем“), кој може да значи да се спои или да се стави во јарем, да се впрегне или да се контролира. За еден хиндус јогата е техника или дисциплина што води до соединување со некоја голема натприродна сила или дух. Таа се опишува како „спој на сите сили на телото, умот и душата со Бог“.
Колку наназад во историјата може да се најдат трагите на јогата? Ликови на луѓе што седат во различни положби на јога се појавуваат на печати што се најдени во долината на Инд, во денешен Пакистан. Според археолозите, цивилизацијата од долината на Инд датира од периодот помеѓу третиот и вториот милениум пр.н.е., што е многу близу до времето на месопотамската култура. Ракотворбите од двете области Битие 10:8, 9). Хиндусите тврдат дека ликовите што седат во положби на јога се ликови на богот Шива, господар на животните и на јогата, кој честопати се обожава преку лингам, фалусен симбол. Затоа книгата Hindu World (Светот на хиндуизмот) ја нарекува јогата „кодекс на аскетски практики, што по потекло се претежно предаријански, кој содржи траги од многу древни сфаќања и обичаи“.
прикажуваат маж, кој претставува божество, крунисан со животински рогови и опкружен со животни, што потсетува на Нимрод, ‚добриот ловец‘ (Методите на јога најпрво се пренесувале усно. Потоа индискиот јога мислител Патанџали ги ставил во детална, пишана форма како Јога сутра, што и понатаму останува основниот учебник по јога. Според Патанџали, јогата е „методичен напор да се постигне совршенство, со контрола на различните елементи на човечката природа, физичките и психичките“. Од нејзиниот почеток па досега, јогата е составен дел на источните религии, а сега особено на хиндуизмот, јаинизмот и будизмот. Некои што практикуваат јога веруваат дека тоа ќе ги доведе до степен на мокша, или ослободување, преку соединување со дух што проникнува сѐ.
Затоа повторно прашуваме: ‚Може ли јогата да се практикува едноставно како физичка вежба за да се дојде до здраво тело и умствена релаксација, без каква и да било вмешаност на религијата?‘ Со оглед на нејзиното потекло, одговорот мора да е не.
Каде може да те одведе јогата?
Целта на јогата како дисциплина е да го доведе човекот до духовна состојба на „впрегнатост“ или спојување со натчовечки дух. Но, кој е тој дух?
Во книгата Светот на хиндуизмот, авторот Бенџамин Вокер за јогата вели: „Тоа можеби бил ран систем на магичен ритуализам, а јогата во своето значење сѐ уште задржува призвук на окултизам и магија“. Хиндуистичките филозофи признаваат дека практикувањето јога може да даде некому натприродна моќ, иако обично тврдат дека тоа не е крајната цел на јогата. На пример, во книгата Indian Philosophy (Индиска филозофија), поранешниот претседател на Индија, д-р С. Радкришнан, за јогинот вели дека „резултат на контролата над телото преку положби е рамнодушност на екстремна топлина или студ . . . Јогинот може да гледа и да слуша на големи далечини . . . Сосема е можно да се пренесуваат мисли од едно лице до друго без посредство на нормални механизми за комуникација . . . Јогинот може да го направи своето тело невидливо“.
Сликата на јогин што спие на кревет со шајки или што оди по жежок јаглен за некои може да изгледа како трик, а за други да биде смешна. Но, ова се вообичаени појави во Индија, како што е и стоењето на една нога додека се гледа директно во сонцето или контролата на дишењето што прави возможно лицето да биде закопано во песок подолго време. Во јуни 1995, The Times of India извести дека едно трииполгодишно девојче лежело во транс додека еден автомобил што тежел повеќе од 750 килограми му поминал врз стомакот. Кога девојчето се разбудило, поздравено со чудење од толпата, воопшто не било повредено. Извештајот додал: „Тоа беше чиста јога сила“.
Без сомнение, ниеден нормален човек не е способен да направи која и да било од овие работи. Затоа, еден христијанин мора да се праша: „На што укажуваат овие подвизи? Дали се од Јехова Бог, ‚Севишниот на целата земја‘ или се од некој друг извор?“ (Псалм 83:18). Библијата е јасна по ова прашање. Кога Израелците биле на работ на влезот во Ветената земја, која била населена од Ханаанците, Јехова, преку Мојсеј, им рекол на Израелевите синови: „Не приучувај се на одвратните гнасности на оние народи“. Кои ‚одвратни гнасности‘? Мојсеј предупредил на ‚некој кој би се бавел со гатање, чародејство, вражање и волшебништво‘ (Второзаконие 18:9, 10). Овие работи се одвратни за Бог зашто се дела на демоните и на грешното тело (Галатите 5:19—21).
Не е избор за христијаните
Без оглед на спротивните тврдења на инструкторите за здравје, јогата не значи само физички вежби. Книгата Hindu Manners, Customs and Ceremonies (Хиндуистичко однесување, обичаи и церемонии) раскажува искуства на двајца јога почетници што биле под водство на гуру. Цитирани се зборовите на еден од нив: „Правев натчовечки напори да го задржам здивот што е можно подолго и дишев само кога бев на работ да се онесвестам . . . Еден ден, точно напладне, мислев дека видов јасна месечина, која изгледаше како да се ниша од едната на другата страна. Другпат се замислив себеси обвиен во густа темнина сред бел ден. Мојот водач . . . беше многу задоволен кога му ги спомнав овие визии . . . Ме увери дека не е далеку времето кога ќе доживеам многу позачудувачки резултати од моите покајанички дела“. Другиот човек раскажува: „Ме натера да гледам во небото секој ден без трепкање или без да ја променам положбата . . . Понекогаш мислев дека гледам искри во воздухот; во други случаи ми се чинеше како да гледам огнени топки и други метеори. Мојот учител беше многу задоволен со успехот од моите напори“.
Необичните глетки очигледно биле она што гуруата сметале дека се исправните резултати на патот кон вистинската цел на јога вежбите. Да, крајната цел на јогата е мокша, објаснета како соединување со некој безличен голем дух. Таа се опишува како „(намерно) запирање на спонтаната активност на мозокот“. Ова е во јасна спротивност со целта што е поставена пред христијаните на кои им е дадена опомена: „Принесувајте ги своите тела како жртва жива, света, прифатлива за Бог, како света служба со вашата сила на разумот. И престанете да се обликувате според овој систем на работи, туку преобразете се со обновувањето на својот ум за самите да се уверите која е добра и прифатлива и совршена волја Божја“ (Римјаните 12:1, 2).
Какви физички вежби ќе правиме е работа на личен избор. Меѓутоа, христијаните нема да дозволат ништо — било да се тоа телесни вежби, јадење, пиење, облекување, забава или нешто друго — да го наруши нивниот однос со Јехова Бог (1. Коринќаните 10:31). За оние што вежбаат едноставно заради своето здравје, има на располагање многу начини што не вклучуваат изложеност на опасноста од спиритизам или окултизам. Со тоа што ќе се држиме настрана од практиките и верувањата кои се вкоренети во лажната религија, можеме радосно да го очекуваме Божјиот благослов на праведниот нов систем на работи во кој ќе можеме да уживаме во совршено здравје на телото и умот во сета вечност (2. Петрово 3:13; Откровение 21:3, 4).
[Слики на страница 22]
Мнозина уживаат во здрави активности што не вклучуваат изложеност на спиритизам