Дали суеверието го контролира твојот живот?
Дали суеверието го контролира твојот живот?
СУЕВЕРИЕТО го има насекаде во светот. Понекогаш се цени како дел од културното наследство. Или, пак, може да се смета како ситна љубопитност — нешто што му додава зачин на животот. Во западниот свет, суеверието обично не се сфаќа сериозно. На други места — во Африка, на пример — суеверието може сериозно да влијае врз животот на луѓето.
Голем дел од африканската култура се темели на суеверие. Суеверието и мистичните теми како што се магија, обожавање на предци и фетиши честопати се главна тема на филмовите, радиопрограмите и литературата што се произведуваат во Африка. Зошто суеверието толку влијае врз луѓето и од каде потекнува тоа?
Што стои зад суеверието?
Многу суеверија во основа потекнуваат од стравот од духовите на мртвите или од какви и да било духови. Настаните се толкуваат како обиди на овие духови да контактираат со живите со закана, предупредување или благослов.
Суеверието, исто така, е тесно поврзано и со лекувањето и лековите. За повеќето луѓе во земјите во развој, современите лекови се многу скапи а честопати едноставно не може да се дојде до нив. Затоа многумина бараат лекови или се обидуваат да преземат превентивни мерки така што се свртуваат кон прадедовски обичаи, спиритизам и суеверие. Исто така, поугодно се чувствуваат кога имаат работа со врач кој ги знае нивните обичаи и зборува на нивни јазик отколку со некое медицинско лице. На тој начин суеверните верувања се одржуваат во живот.
Според суеверните традиции, болеста и несреќите не само што не се нешто случајно туку се настани предизвикани од силите во духовниот свет. Врачевите можат да тврдат дека некој мртов предок не е среќен поради нешто. Или, пак, духовните медиуми можат да укажат на тоа дека некој фрлил клетва на жртвата со помош на сопернички врач, и дека тоа е причина за болеста или несреќата.
Суеверијата низ светот многу се разликуваат и нивното ширење зависи од локалниот фолклор, легенди и околности. Но, заедничка нишка е верувањето дека нешто или некој од невидливиот духовен свет треба да биде смирен.
Безопасно или опасно?
За повеќето семејства, раѓањето близнаци е исклучителен и возбудлив настан. Меѓутоа, за суеверните тоа може да биде протолкувано како знак. Во некои области во западна Африка, многу луѓе гледаат на тоа како на раѓање на божества и близнаците се обожаваат. Ако едното или и двете близначиња умрат, се прават мали кипови на близнаците и семејството мора да им принесува
храна на овие идоли. На други места, пак, на раѓањето близнаци се гледа како на клетва до тој степен што некои родители ќе убијат барем едно од нив. Зошто? Веруваат дека ако и двете близначиња преживеат, еден ден ќе си ги убијат родителите.Ваквите примери покажуваат дека иако некои суеверија можеби имаат старинска привлечност и изгледаат безопасни, други можат да бидат опасни — дури и смртоносни. Со злобно толкување, дури и нешто сосема безопасно може да се претвори во опасна работа.
Да, всушност, суеверието е верување, облик на религија. Со оглед на опасните аспекти на суеверието, на место е да се прашаме: „Кој, всушност, има корист од суеверните верувања и практики“?
Изворот на суеверие
И покрај доказите за спротивното, некои луѓе денес се склони да го одрекуваат постоењето на Сатана или на злите духови. Меѓутоа, во време на војна, тоа што одбиваме да признаеме дека некој опасен непријател постои може само да доведе до катастрофа. Истото ова може да важи и за судирот со надчовечките духовни суштества зашто апостол Павле напишал: „Водиме борба . . . против злите духовни сили“ (Ефешаните 6:12).
Иако не можеме да ги видиме, злите духовни суштества навистина постојат. Библијата кажува дека една невидлива духовна личност искористила змија, како што еден стомакозборувач користи кукла, за да комуницира со првата жена, Ева, и ја навела да се побуни против Бог (Битие 3:1—5). Библијата ја идентификува оваа духовна личност како „празмијата, кој се вика Ѓавол и Сатана, кој ја заведува целата населена земја“ (Откровение 12:9). Тој, Сатана, успеал да наговори и други ангели да се побунат (Јуда 6). Овие злобни ангели станале демони, непријатели на Бог.
Исус истерувал демони од луѓето, како што правеле и неговите ученици (Марко 1:34; Дела 16:18). Овие духови не се мртви предци зашто мртвите „не се свесни за ништо“ (Проповедник 9:5, NW). Напротив, тие се бунтовни ангели кои биле заведени од Сатана. Обраќањето до нив или подложувањето на нивното влијание не треба да се сфаќа површно зашто, исто како нивниот водач, Сатана Ѓаволот, и тие би сакале да нѐ проголтаат (1. Петрово 5:8). Нивната цел е да нѐ одвратат од единствената надеж за човештвото — Божјето Царство.
Библијата открива еден од методите што ги користат Сатана и неговите демони: „Самиот Сатана постојано се преобразува во ангел на светлината“ (2. Коринќаните 11:14). Сатана би сакал да нѐ улулка да веруваме дека тој може да ни понуди подобар начин на живот. Според тоа, може да изгледа дека со посредство на злобните духови можеме да имаме некои привремени користи. Но, тие не можат да понудат трајно решение (2. Петрово 2:4). Не можат никому да му дадат вечен живот и наскоро ќе бидат уништени (Римјаните 16:20). Нашиот Творец е единствениот извор на вечен живот и вистинска среќа, и најдобрата можна заштита од злобните духовни сили (Јаков 4:7).
Бог го осудува барањето помош преку спиритистички практики (Второзаконие 18:10—12; 2. Цареви 21:6). Тоа е флертување со непријателот, склучување сојуз со Божјите предавници! Да консултираш хороскоп, да се распрашуваш кај врачеви или да се плеткаш во која било суеверна практика значи да им дозволиш на злобните духови да ги контролираат одлуките што ги донесуваш во твојот живот. Тоа е исто како да им се придружуваш во бунтот против Јехова.
Заштита од злото — дали е можна?
Аде, * еден човек кој живее во Нигер, ја проучувал Библијата со еден полновремен проповедник на Јеховините сведоци. Аде објаснил зошто имал амајлија во својата продавница: „Има многу непријатели“. Неговиот библиски учител му покажал дека за вистинска заштита можеме да сметаме само на Јехова. Му го прочитал Псалм 34:7, кој вели: Господовиот ангел се настанува околу оние што се бојат од Него, и ги избавува“. Аде заклучил: „Ако Јехова може навистина да ме заштити, тогаш ќе ја тргнам амајлијата“. Сега, со години подоцна, служи како старешина и полновремен министер. Ниту еден од неговите непријатели не му наштетил.
Проповедник 9:11, NW). Но, Јехова никогаш не нѐ искушува со лоши работи (Јаков 1:13). Смртта и несовршеноста се должат на гревот наследен од Адам (Римјаните 5:12). Поради тоа, сите одвреме навреме се разболуваат и прават грешки што можат да доведат до катастрофални последици. Затоа, би било погрешно да ги припишеме сите болести или сите падови во животот на дејствувањето на злобните духови. Таквото верување само ќе нѐ наведе да се обидеме на некој начин да ги смириме духовите. * Кога сме болни, треба да побараме исправна медицинска помош, а не совет од ‚лажливецот и таткото на лагата‘, Сатана Ѓаволот (Јован 8:44). Статистиката покажува дека луѓето што живеат во земји каде што преовладува прадедовско суеверие не живеат подолго ниту, пак, имаат подобар живот од луѓето во другите земји. Тогаш, очигледно е дека суеверието нема никаква корист за здравјето.
Библијата покажува дека времето и непредвидениот настан нѐ погодуваат сите, без разлика дали сме суеверни или не (Бог е помоќен од кој и да било злобен дух, и е заинтересиран за нашата благосостојба. „Очите на Јехова се насочени кон праведниците, а неговите уши кон нивното преколнување“ (1. Петрово 3:12). Моли му се за заштита и мудрост (Пословици 15:29; 18:10). Вложи напор да ја разбереш неговата Света реч, Библијата. Точното спознание од Библијата е најдобрата заштита што можеме да ја имаме. Тоа ќе ни помогне да сфатиме зошто се случуваат лоши работи и како можеме да ја стекнеме наклоноста на Семоќниот Бог.
Користи од спознанието за Бог
Точното спознание за Јехова и неговите намери — спротивно на незнаењето и суеверието — е клучот за да се добие вистинска заштита. Ова се гледа од случајот на Жан, еден човек од Бенин. Суеверието било длабоко вкоренето во семејството на Жан. Според суеверните племенски обичаи, жената која штотуку родила син требало да остане девет дена во една специјално изградена колиба. Ако родела ќерка, требало да остане во колибата седум дена.
Во 1975, сопругата на Жан родила убаво машко дете на кое му дале име Марк. На темел на спознанието од Библијата, Жан и неговата сопруга не сакале да имаат никаква врска со злобните духови. Но, дали подлегнале на стравот и притисокот да го следат суеверието и да ја стават мајката во колибата? Не — тие го отфрлиле ова племенско суеверие (Римјаните 6:16; 2. Коринќаните 6:14, 15).
Дали семејството на Жан го снашло нешто лошо? Поминаа многу години и Марк сега служи како слуга помошник во локалното собрание на Јеховините сведоци. Сите во семејството се среќни што не дозволиле суеверието да влијае врз нивниот живот и да ја загрози нивната духовна благосостојба (1. Коринќаните 10:21, 22).
Вистинските христијани мораат да ги држат мрачните практики на суеверието подалеку од својот живот и да ја прифатат духовната светлина што ни ја нудат Творецот, Јехова, и неговиот Син, Исус Христос. Можат да уживаат во вистински душевен мир кој доаѓа од спознанието дека го прават она што е исправно во Божји очи (Јован 8:32).
[Фусноти]
^ пас. 20 Имињата се сменети.
^ пас. 21 Види ја статијата „Дали Ѓаволот нѐ разболува?“ во Стражарска кула од 1 септември 1999.
[Рамка/слика на страница 5]
Некои вообичаени суеверија низ светот
• Исправени стапчиња за јадење во чинија со ориз е знак за смрт
• Да видиш був на сончева светлина носи несреќа
• Ако некоја свеќа се изгасне за време на церемонија, значи дека во близина има зли духови
• Ако чадорот ти падне на подот, значи дека ќе има убиство во куќата
• Ако ставиш шешир на креветот, тоа носи несреќа
• Звукот на ѕвончињата ги брка демоните
• Ако наеднаш ги изгаснеш сите свеќи на роденденската торта, ќе ти се исполни желбата
• Метла потпрена на креветот им допушта на злите духови во метлата да фрлат клетва врз креветот
• Ако црна мачка ти го пресече патот, тоа носи несреќа
• Ако ти падне вилушка, значи дека во посета ќе ти дојде маж
• Слика со слонови носи среќа ако е свртена накај вратата
• Потковица над прагот носи среќа
• Ако по куќата расте бршлен, тоа донесува заштита од зло
• Да поминеш под скала значи несреќа
• Ако скршиш огледало, тоа значи седум години несреќа
• Ако истуриш црн пипер, тоа значи дека ќе се скараш со најдобриот пријател
• Да истуриш сол носи несреќа, освен ако со прстите не фрлиш малку преку левото рамо
• Ако оставиш стол за клацкање да се клацка празен, ги повикуваш демоните да седнат на него
• Ако ги оставиш чевлите свртени наопаку, тоа носи несреќа
• Кога некој ќе умре, прозорците треба да бидат отворени за да излезе душата
[Рамка на страница 6]
Ослободени од стисокот на суеверието
Јеховините сведоци проповедале во една област во Јужна Африка. Кога некој им отворил една врата на којашто чукнале, Сведоците се нашле очи в очи со една жена облечена во комплетна Сангома (врачарска) опрема. Сакале да си заминат, но жената настојувала да ѝ ја кажат нивната порака. Еден од Сведоците прочитал во Второзаконие 18:10—12 за да ѝ го покаже Божјето гледиште во врска со спиритистичките практики. Врачарката ја прифатила пораката и се согласила да има библиска студија. Рекла дека ако од студијата на Библијата се увери дека практикувањето Сангома не е според Јеховината волја, ќе престане.
Откако заедно со Библијата го проучила 10-то поглавје од книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата, ги запалила сите работи поврзани со врачање и почнала да присуствува на состаноците во Салата на Царството. Освен тоа, го средила својот брачен статус, иако 17 години била одделена од сопругот. Сега и двајцата се предадени, крстени Сведоци на Јехова.
[Слика на страница 6]
Една „Сангома“ фрла коски за по божествен пат да ја открие причината за проблемите на пациентот
[Слики на страница 7]
Точното спознание за Бог донесува вистинска заштита и среќа