Како треба да гледаме на искушенијата?
Како треба да гледаме на искушенијата?
ИСПИТИ! Искушенија! Секој мора да се соочи со нив. Може да бидат предизвикани од судир на карактери, од економски проблеми, лошо здравје, заведување, притисок од врсниците да направиш нешто лошо, прогонство, предизвици на нашиот став во врска со неутралноста или идолопоклонството и многу други работи. Какви и да се искушенијата со кои се соочуваме, тие честопати предизвикуваат голема загриженост. Како можеме успешно да се справиме со нив? Дали на некој начин ни се од корист?
Најдобрата поддршка
Цар Давид од старо време живеел живот исполнет со искушенија, а сепак умрел верен. Како можел да истрае? Тој укажал на изворот на неговата сила кога рекол: „Господ е Пастир мој; ништо нема да ми недостасува“. Потоа рекол: „Ако тргнам и низ долината на смртната сенка, нема да се уплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме утешуваат (Псалм 23:1, 4). Да, Јехова е извор на неограничена поддршка. Тој го чувал Давид низ доста мрачни времиња, а кога е потребно спремен е да го стори тоа и за нас.
Како можеме да ја добиеме Јеховината поддршка? Библијата ни кажува на кој начин кога вели: „Вкусете и видете колку е добар Господ [Јехова, NW]“ (Псалм 34:8). Ова е љубезна покана, но што значи? Тоа е охрабрување да му служиме на Јехова и потполно да го приспособиме нашиот живот на неговата волја. Таквиот начин на живот значи да се откажеме од дел од нашата слобода, да правиме жртви. Во некои случаи, тоа може да доведе дури и до искушенија — прогонство и страдање. Сепак, оние што сесрдно ја прифаќаат Јеховината покана никогаш не треба да жалат што го сториле тоа. Јехова ќе биде многу добар кон нив. Ќе ги води и ќе се грижи духовно за нив. Ќе ги поткрепи низ искушенијата со помош на неговата Реч, со неговиот свет дух и со христијанското собрание. А на крај, ќе ги награди со вечен живот (Псалм 23:6; 25:9; Исаија 30:21; Римјаните 15:5).
Оние што донесуваат таква одлука да му служат на Јехова, одлука што го менува животот, и што се придржуваат на таа одлука, откриваат дека Јехова ги исполнува своите ветувања. Такво искуство имале Израелците што го следеле Исус Навин во Исус Навин 21:44, 45). И ние можеме да го доживееме тоа ако потполно се потпираме на Јехова кога сме во искушенија, а и во секое друго време.
Ветената земја. Кога ја преминале реката Јордан, требало да се поднесат искушенија, да се водат битки и да се научат тешки лекции. Но, таа генерација се покажала поверна од нивните татковци, кои излегле од Египет и умреле во пустелијата. Затоа Јехова ги поддржувал верните, и во врска со нивната состојба на крајот од животот на Исус Навин библискиот извештај вели: „И Господ им даде да се одморат во мир на сите меѓи, како што им се беше заколнал на нивните татковци . . . Од сите ветувања што Господ му ги даде на Израелевиот дом ниедно не остана неисполнето. Сѐ се исполни“ (Што може да ја ослабне нашата доверба во Јехова? Исус укажал на една работа кога рекол: „Никој не може да им робува на двајца господари . . . Не можете да му робувате на Бог и на Богатството“ (Матеј 6:24). Ако имаме доверба во Јехова, нема да ја бараме сигурноста таму каде што ја бараат повеќето од светот, во материјалните работи. Исус ги советувал своите следбеници: „Така, продолжете да го барате најнапред царството и Неговата праведност, а сите овие други [неопходни материјални] работи ќе ви се додадат“ (Матеј 6:33). Еден христијанин кој задржува урамнотежено гледиште за материјалните работи и го става Божјето Царство на прво место во својот живот го прави вистинскиот избор (Проповедник 7:12). Се разбира, тоа може да го чини нешто. Можеби ќе направи жртви во материјален поглед. Но, ќе пожнее многу награди. И, Јехова ќе го поддржи (Исаија 48:17, 18).
Што учиме од искушенијата
Се разбира, тоа што избираме да ‚вкусиме и да видиме колку е добар Јехова‘ не нѐ заштитува од неочекуваните настани во животот; ниту, пак, сосема нѐ заштитува од нападите на Сатана и неговите човечки застапници (Проповедник 9:11). Како резултат на тоа, искреноста и решеноста на некој христијанин може да бидат ставени на испит. Зошто Јехова ги остава своите обожаватели изложени на такви искушенија? Апостол Петар дал една причина кога рекол: „Сега за кратко, ако мора така да биде, разжалостени сте со разни искушенија, за испитаниот квалитет на вашата вера, која е многу повредна од злато кое пропаѓа и покрај тоа што се испитува со оган, да се покаже како причина за фалба и слава и чест при откровението на Исус Христос“ (1. Петрово 1:6, 7). Да, испитите ни овозможуваат да го покажеме квалитетот на нашата вера и нашата љубов кон Јехова. И, помагаат да се даде одговор на подбивањата и обвиненијата од Сатана Ѓаволот (Пословици 27:11; Откровение 12:10).
Испитите, исто така, ни помагаат да развиеме и други христијански особини. На пример, размисли за зборовите на псалмистот: „Гледа [Јехова] на смирените [понизните, NW], а гордоста ја познава оддалеку“ (Псалм 138:6). Многумина од нас не се понизни по природа, но искушенијата можат да ни помогнат да ја развиеме таа потребна особина. Сети се на ситуацијата во времето на Мојсеј кога некои во Израел сметале дека е здодевно да се јаде мана од седмица во седмица, од месец во месец. Очигледно, тоа било искушение за нив, иако маната била чудесна подготовка. Која била целта на тој испит? Мојсеј им рекол: [Јехова] те хранеше во пустината со мана . . . за да те смири [понизи, NW] и за да те испита“ (Второзаконие 8:16).
На сличен начин, и нашата понизност може да биде испитана. Како? Па, како реагираме на организациските пречистувања? Исаија 60:17). Дали даваме сесрдна поддршка на делото на проповедање и поучување? (Матеј 24:14; 28:19, 20). Дали ревносно ги прифаќаме објаснувањата за библиската вистина како објаснувања обезбедени од „верниот и разборит роб“? (Матеј 24:45—47; Пословици 4:18). Дали се спротивставуваме на притисокот да ги имаме најновите апарати, најмодерната облека или најновиот модел на автомобил? Понизната личност ќе може да одговори на ваквите прашања со „да“ (1. Петрово 1:14—16; 2. Петрово 3:11).
(Искушенијата помагаат во нас да се развие уште една многу важна особина — истрајност. Ученикот Јаков рекол: „Сметајте го тоа за права радост, браќа мои, кога се соочувате со разни искушенија, бидејќи знаете дека овој испитан квалитет на вашата вера развива истрајност“ (Јаков 1:2, 3). Тоа што успешно истрајуваме еден испит по друг со целосна доверба во Јехова развива непоколебливост, постојаност и интегритет. Тоа нѐ зајакнува за да се спротивставиме на идните напади на Сатана, разгневениот бог на овој свет (1. Петрово 5:8—10; 1. Јованово 5:19; Откровение 12:12).
Задржи исправно гледиште за искушенијата
Додека бил на Земјата, совршениот Син Божји, Исус Христос, се соочил со многу искушенија и пожнеал големи користи затоа што истрајал. Павле напишал дека Исус ‚се научил на послушност од она што го претрпел‘ (Евреите 5:8). Неговата лојалност до смрт му донела слава на Јеховиното име и му овозможила на Исус да ја понуди вредноста на својот совршен човечки живот како откуп за човештвото. Тоа го отворило патот за оние што практикувале вера во Исус да имаат изглед за вечен живот (Јован 3:16). Затоа што останал верен под искушение, Исус е сега наш Првосвештеник и востоличен Цар (Евреите 7:26—28; 12:2).
Како е со нас? Нашата лојалност наспроти искушенијата на сличен начин донесува големи благослови. За оние со небесна надеж, Библијата вели: „Среќен е оној човек кој и понатаму истрајува во искушението бидејќи, откако ќе биде одобрен, ќе ја добие круната на животот која Јехова им ја ветил на оние кои продолжуваат да го љубат“ (Јаков 1:12). Оние со земна надеж имаат уверување дека доколку верно истрајат ќе наследат вечен живот во земен рај (Откровение 21:3—6). А што е уште поважно, нивната верна истрајност му донесува слава на Јеховиното име.
Додека ги следиме Исусовите чекори, можеме да бидеме сигурни дека сите испити со кои се соочуваме во овој систем на работи може успешно да се надминат (1. Коринќаните 10:13; 1. Петрово 2:21). Како? Така што ќе се потпреме на Јехова, кој им дава ‚сила која ја надминува нормалната‘ на оние што се приклонуваат кон него (2. Коринќаните 4:7). Нека нашата увереност биде како таа на Јов, кој дури и додека поднесувал тешки искушенија со доверба потврдил: „Нека ме испита: ќе излезам чист како злато“ (Јов 23:10).
[Слика на страница 31]
Исусовата лојалност под испит му донела слава на Јеховиното име, а може да му донесе и нашата